Прв испад ми беше таму негде прво тромесечие, го шишав мм со машинка за коса кога беа тие карантините, и му направив дупки. Коа почна да се нервира, исфрлив и машинка и се, испцујав и му реков на ти, шишај се сам. И со плачење у спална да не можам 1 саат да се смирам Следно по улица имав испад, негде 16-17 недела, си одевме накај дома и муабетевме за јадење, и он почна да ми вика како многу сум јадела во последно, ќе сум се направела како тенк до крај. Абе сум го отерала у 3 пм ти на мене ќе ми кажуваш баш исто јадам ко и претходно, само што сега и вечерам понекогаш а претходно не плус благо многу што јадам. Луѓе по улица слушаат, јас урлам, срамота Ретко имам испади, ама си имам така уште од почетокот
Ме изнасмеавте, а баш нешто не ми беше денот, 2 дена ме фаќаат паники, де плачам де се смеам. Маж ми вчера ми вика ама што ти е, што сум направил? Јас уште посилно почнав да плачам и да липам, зашто не знаев што да му одговорам, само се дерев: нема да ме сфатиш и да ти објаснааам. И цел ден од сабајле еве гледам во таван и го чекам да си дојде, ми рече ќе ми купи суфлаки...го жалам
@BeLLaDona23 Се знае трудна жена само со храна се смирува Јас типувам на кинеско кога има голема кавга. Ама се пази ептен мојот не згрешил ништо.
Да бе му реков оној ден дека како влав станал. Ништо не ми наплати стоматологот. Му олесна на лице му се читаше.
А, бе, тие караници ние и во нетрудна состојба ги имаме. И во нетрудна состојба се отеруваме во три лепе и прекинуваме за век и векова)) само си викам нема да стигнам до тоа да се расправаме за сладоледот Во прво тромесечие кога зема да ми држи предавање, што треба да јадам, како не сум се хранела нормално, како треба да разберам дека не јадам само за себе, туку и за бебе...како еднаш не ме видел нормален оброк да јадам со месо, со зеленчук...банани не сум јадела..само јогурт сум пиела, сув леб сум глодала, кисело млеко...тоа јадење ли е...друг пат па, сум повраќала пошто сум се прејадувала џигерот ќе му го извадев и спржев. Со зеленчук.
И мојот е ист, се ми вика да не трошам многу, пари требало за пораѓај Му покажувам кутии со вино и благо и цвеќе, скоцкани. И му кажувам таква да порачаме, и да им испратиме на кумовите, како знак на внимание за бебето за име, изненадување. Ги гледа, и ми рече дека он ќе ми изработел кутија, да не сум давала толку многу пари за кутии, само вино и благо да купам Икономист брееј
Добро ме потсети со ова за кумовите...се дарува? Ја врска немав. Нели обично при крштевка тоа се прави..да барам и јас нешто
Не, не. не се дарува. Нашите се во Скопје, не сме блиску, нема да има услови за одење, и сега со коронава плус. Ова е моја идеја, како еден знак за внимание, не е обавезно. Премногу ги почитуваме, секој ден се слушаме, ми ѕвонат да ме прашаат како сум оти лежам долго, млад брачен пар се, помали од нас по 5-6 години. Онака сакав да им остане ова како еден убав гест
Греота е да се пожалам. Заслужуваат стварно. Блиски сме доста, и за се нешто комуницираме. Моите кумашини пример, немаат никаква комуникација и почит кон нас како кумови. Се јас ги барам да им пишам, да ги слушнам.
Ме пресмеавте со сите коментари. Мапет не ни е рамен со однесувањето. Јас сега во 5ти влегов па веќе почнав да плачам да кукам... Боже боже комедии сме ❤️
Мм со кумот се од деца заедно израснати. И јас не верувам да ќе тераме некои адети како 40дена по гости, цркви за крштевки или тие молитви исто не би ... ради целава ситуација, а ниту пак би дошле они кај нас освен ако не се потсреди. Така што дефинитивно ти е добра идејата..само ни остана име да смислиме па здравје може да се одбележи.
Ќе дојде негде полиција на врата само да видиме кај која од нас попрво На другар со девојка му комшијата стар им викнал полиција овое се вриштеле се расправале. Па седнал полицаецот да ги смирува...па зошто се карате стално си мислам и мене некад ќе ми дојде од што се навикуваме
Останатите резултати какви се? Јас со првата бременост имав присуство на протеини во урината, тоа беше еден од показателите за преекламсија. Ама кај мене освен протеините беа покачени и др. работи на крвната слика, плус притисокот висок и имав многу отоци на нозете. Кај мене се случи многу порано, уште во 32та недела и имаше застој во растот на бебето. Ти си веќе при крај, се надевам нема да има ништо од тоа што го спомнав. Контролирај притисок за секој случај.