Од крвта се добри, отоци имам ама па и жешко е и клексани примам. За притисокот му реков на мм сериозно да ме сфати од денес ( немам дигитален апарат, со пумпа имам ) А ова ме копкаше и испитав самоиницијативно сега, претходно немав испитано. Матичната ми рече солени работи да избегавам и за недела дена пак да повторам...
Не сум имала таква ситуација, но од тоа што имам читано, доколку ти е во ред притисокот како и бубрезите не е ништо. Бидејќи кај тебе е на граница мислам дека е таков случај. Тоа се случива заради хиперфилтрација во бременост ( особено последен триместер). Во секој случај контролирај притисок и може да побараш испитување за серумски креатинин за да се провери функција на бубрези. Може да е показател за преекламсија ама за тоа има и други симптоми...
Знам, дека има и други симптоми, ама не мора да значи. Бубачката во глава ми ја тури матичната и ме стави во мисла, па почнав да читам за тоа и дека според дијагнозиве и состојбата имам некои предиспозиции страв ме фати. Глава исто почна многу да ме боли и да повраќам и тоа ми го активираше алармот... Дај Боже ништо да не е. Ќе испитам и тоа при следна крвна анализа, фала ти
Кажете за ниско железо, ми спомна матичната нешто од коприва да зимам...шо има такво ефикасно за да побарам?
Јас овој пат се породив несредена, со излупен лак на ноктите на нозете... Тоа е. Договорени бевме за на 23… а на 16 имав рандом преглед на гинеколог кој одма ме препрати во болница. Јас со цел памет отидов со идеја дека дома ќе се вратам.
Семе од коприва, семки од тиква, риба, спанаќ, грав, леќа. Да избегнуваш калциум заедно со јадење храна со железо едно по друго и цитрусни овошја јади и пиперки заради вит Ц, мора заедно со железото
Феминки, денес бев на контрола кај матичниот. 30-та недела сум, бебе е 1370 грама. Плацентата е одлична, грло на матка добро...Докторот е задоволен... Бебчо е карлично поставен, ми рече да одлучуваме полека каде и кај кого ќе биде царскиот рез бидејќи и миомот ќе треба да ми се вади... Од понеделник ми рече да пијам чаша кока-кола, три реда чоколадо и да легнам на грб...И во рок од 15 минути треба повеќе од 5 движења да осетам кај бебето. Ако не биднат за 15 мин - 5 движења, ќе ме прати на цтг рече докторот... Дали некоја од вас го прави ова?
Фала ти, Кукла. и витамин ц ќе пијам. Фала ти за листата. Се тоа освен риба јадам не секој ден,додуше.
Девојки видовте ли на вести за малиот Максим? Се родил во 25та недела околу 800 гр. Го пуштија дома денес по 40 дена во ГАК со 2 и кусур килца. Борец мал. Им посакувам се најдобро во иднина на семејството. Многу ме израдуваа. Знаев за случајов затоа што имаме иста матична. Ме тешеа кога тргнав да крварам во 24та недела. Како пример дека е нормално и има среќна завршница и покрај целиот страв. Стварно било така, господ е голем. Никогаш да не се натажат повеќе, ја заслужуваат сета среќа и здравје на светот. Амин!
Па не го праша зошто да стимулираш движења на бебе? Јас вака правев во прва бременост 1 недела пред пород бидејќи бебе беше хипертензично.
Seme od kopriva go ima vo prodavnicite za zdrava hrana. Izmesaj so med i jadi po 1 golema lazica sabajle i navecer i mozes kakao da pies ama so voda napraeno.
Јас брзо, брзо заминав на мал шопинг . Многу им се радувам на новите работи Си дојдов од шетање и веднаш во кревет, приметив нозете ми се потечени од многу шетање.
Семе од коприва со мед, ама не знам дали можеш заради шеќерот. Какао ама без млеко. Спанаќ или блитва. Свежо цвекло. Црвено месо. Вит ц од 1000. Ако пошло надоле, а уште е рана бременоста, допрва ке паѓа, во најголем дел од бременостите е така. Јас два месеци на крај бев на тотхема ампули, плод крупен и црпе. Подобро да земеш суплемент отколку да е ниско железото и хемоглобинот. Малтене најбитни се за бебето. Не, а не гледам зошто. Во тек на денот бебе треба да се јави 10 тина пати, ама вакви тестови не правев. Крени ги нагоре, стави ациди борици облоги ако имаш. Хидрирај се добро. Не е страшно.
Јас вака го направив по препорака - пола тегла мед со 50 гр мелено семе од коприва. Може да ти го сомелат таму, не мора кесичка да земаш, земи тазе. Секој ден пред да јадеш убаво промешувај пошто се качува нагоре копривата, а доле се таложи медот. Јас јадам по една лажица на ден, со тоа што мене ептен ми прави киселини, веројатно од медот. Ќе ја дојадам теглава, па ќе си правам друго што ми препорачаа - во шоља јогурт се става една лажица мелено семе од коприва. Треба да отстои преку ноќ и сабајле да се испие. Баш ќе пробам.
Мене ми рече Др после 28 недела ако не го осетам барем еднаш/два пати во денот, тогаш да сум се најадела благо и да сум броела... Мислам нема потреба од толку замарање ако си го осеќаш секојдневно. Моево е секојдневно стимулирано, многу јадам благо, дури некогаш и не реагира