Здраво. Се распрашав за цените во Ре Медика и како што пишала некоја членка - 85,000 ден. е цената за природен пораѓај, а 115,000 ден. за царски. Мора да си носите картонче од трансфузиологија за крвна група или да ви направат во Ре Медика и истото не влегува во цената за пораѓај, туку се доплаќа 1,250 ден., а воедно е задолжително. Тестот за корона, доколку се работи за природно породување се прави кога ќе ви каже гинекологот, а за царски максимум 4 дена пред закажаниот термин и чини 3,950 ден. Дополнителни прегледи кои што не влегуваат во пакетот се прегледите за бебето и цената им е околу 3,000 денари. Информацииве ми се директно од пултот на болницата. Поздрав.
Да, фала ти Мила. Ќе пробам со семе од коприва. Сигурно и плус друго ќе ми препорачаат. Железото увек ми било ниско и тешко да го средам со исхрана мислам. Тнх Медена.
Што значи испод 92 000 не е природен пораѓај истово и во систина е страшни се со цениве и 85 000 е многу не па 92 000
Рано сабајлево имав повторувачки грчеви во левата нога кај листот ама осеќав како линија низ цела нога до горе како се затега и траеа сигурно 10 минути, пробав секако да се свртам, поместам, станав, уште ми се грчеше, многу болно ми беше. Волку долго не сум почувствувала до сега. Магнезиум на Џејмисон пијам по 2 апчиња од 250мг навечер заедно со бедоксин. Не знам дали смеам да појачам повеќе, знае некој ?
Мене ми кажаа дека за трудници е максимум што им се давало до 1 грам што значи ти ако внесуваш 500 мг најверојатно можеш уште едно барем. Јас ги пијам магнезиум цитрат на Now од 200 мг по две плус земам гастрогард а една таблета гастро има 86 мг магнезиум( земам до три гастро) До сега сум добра со грчеви а иначе сум склона кон грчеви погорово кај листот на ногата. Зависи кој магнезиум го земаме и колку се апсорбира во нас а колку го исфрламе. Ако сакаш консултирај си се и со матичната.
И пак не ми е јасно и логично со тестов за корона и природново породување Гинекологот може да закаже ама од кај да знае кога ќе ме фатат болки? Може пред да ми закаже да ме фатат или па да поминат 10 дена од тестот. Ми нема никако логика
Ќе те следи на цтг и ехо по потреба и сам ќе знае, нормално од прилика. Ако во меѓувреме те фатат болки пред сам пораѓај ќе ти земат брис и до резултатите ќе бидеш во изолација. Јас цел април идев на цтг баш кога имаше карантин и бевме сите преплашени, па 2 пати ми правеа тест, еднаш во 37ма и еднаш со болки кога отидов.
Епа ако те фатат болки ти земаат одма да те испитаат додека да се породиш те третираат како корона да имаш од кога ќе искочи те третираат соодветно сигурно ако си отворена 7-8 прста нема да те вратат
Искрено нз дали има лек за ова јас пијам магнезиум 3 пати по 250 и цело време сум со грчеви؛ Единствено што ми помага е да ја истегнам ногата со стапало према напред
И јас бев така со железото и ми уклучија Тотхема. Уклучи манџички со телешко месо,спањак,цвекло и морков рендај како салата. Влече буцето сега дополнително.
Po malce ke pravis vo edno teglice malo staj 1 lazicka seme od kopriva i stavaj poleka med i mesaj i ke vidis odprilika kolku da stais med. A kolku i da stais pak ima efekt.
Дури и да неможеш да издржиш и се породиш пред да ти стигне тестот ке бидеш изолирана. Тие ке носеле дополнителна заштита и ако стигнел позитивен тестот одма те префрлале на гак после породувањето. Ова за природно тие што ке отиделе да раѓаат. Нели има и случаеви каде одат само да се породат во таа болница. А за закажан царски ке ми кажат кога ке ме тестираат. Вака ми објаснија
Прашањето е дали и колку ќе ти наплатат во тој случај. Зошто пораѓајот е со 2 или 3 ноќи нели седење кај нив... баш ќе прашам и тоа И ако 4 дена пред закажан царски добиеш позитивен ќе ти речат снаоѓај се на друго место...
Ке ти го наплатат колку што си е по цена. Не верувам дека ке одземат дека нема да јадеш и спиеш кај нив. А да за царски ке ти речат снајди се. Баш вака и јас прашав и одговорот беше тој. Не порајѓаме со позитивен тест.
Не верувам дека ќе одземат ама деф не би оставила туку така. Што фајде породена и одма во амбулантно и на гак. За што им плаќам 95000 за неколку саати..нит соба нит бебе средено. Ај да не мислиме на тоа...од една страна и добро им е ова бар сите трудници ќе се пазат дополнително пред тоа. Ако речат примаме пола нема да се замараат
Здраво мешковци како сте ми денес? Дали некоја имала искуство со лакуна на постелката? Гледам на извештајот ми пишала докторката а мене ништо не ми спомна
Лично не...но баш братучедка ми ги спомна она имала. Наводно дека пушела до 3м па се појавиле. Ништо немаше проблем ни она ни бебето се породи 40та недела нормално природно... исто само и ги спомнале и ги следеле и толку.