Да не те разочарувам, ама штом тргнало да паѓа, најверојатно ќе падне до фаза да мораш суплемент да земеш. Мене ми беше околу 15 на почетокот, кај 5ти месец на 4 ми падна. Мед со коприва не смеев ради шеќерот нели. Пиев какао неварено без шеќер матено со машинче за нес, познаничка многу и помогнало. Ама јас до крај бев на долна граница со железото и покрај суплемент тотема. Пробај и со храна, ништо не губиш ама контролирај зошто знае нагло да падне.
Се надевам дека не е ништо страшно штом не ми го спомна воопшто докторката, најверојатно и кај мене ќе го следи па доколку има потреба не дај боже ќе каже што како.. фала ти премнооогу
Ако немаш испитано хемостаза и д димери треба да испиташ. Мене кога ми се влоши хемостазата први видливи знаци лакуните ми беа на постелката и отеков. Протоците и растот на бебето беа ок. Можеби ќе треба да примаш клексан/ фраксипарин.
Ми рече хемостаза, д димери и скриен шеќер тоа треба да се направи следно после две недели ќе дојдеш за упати не спомна дека нешто има врска со лакуните дури не ми ги ни спомна нив, да не видев дека пишала на извештајот немаше воопшто да знам. Иначе не сум воопшто отечена и бебе беше убаво.. Ќе видиме што ќе каже тогаш
Добро е оти ме фаќа паника првата бременост имав ептен отечени гради пецкање во јајник до 6 недела заврши со мисед а сега немам ни толку болка во градите ни па пецкање... Фала ти многу
Здраво женчиња, да ве прашам кој има искуство со пиење дијазепам? Јас сум анксиозна, штом дознав дека сум бремена веднаш прекинав со терапијата што ја пиев, бар првото тромесечје да издржам ми рекоа, и ми рекоа ако осетам ептен немир или некои панични напади да се напијам пола дијазепам. 6та недела сум.
И јас сум со мисед кога ми ги снемуваше симптомите тогаш и се беше готово истото ми се случи и со оваа бременост па еве ме 36та ја терам ни болка во гради ни гадење сакам да кажам ако ти се изгубат симптомите не значи дека и бременоста прекинала
Феминки таман вчера се израдував на прегледот, беше се во ред, денес сум цел ден со болки претежно од десната страна доле и накај кичмата позади ми се прошируваат... Излеговме во природа малку, баш во топлото, пешачев и се напнав и не знам дали е од тоа... Можно ли е да ми се породилни болки? На моменти престануваат па пак ме фаќаат... 30та недела сум...Да одам ли на цтг ?
Обично од типот на менструални болки се породилни болки ако се јавуваат на 10-15 мин ама некогаш може да значат и кратење на цервикс а некогаш и премор или пал дехидратација. Ако се лажни ( нередовни не интензивни во болка) и грлито ти е добро во должина, пиј доволно течности и смени положба одмарај... кога ќе ги осетиш бедоксин магнезиум...
Никако диазепам во бременост, особено прв триместар, генотоксичен е. Пиј магнезиум во комбинација со Б6. Консултирај се лекар за алтернатива, доколку не помага
Јас 3ипол години имам мака со анксиозноста, дневно по 3 хелекси од 0.5, плус елицеа од 20мг. Кога дознав дека сум бремена одеднаш ги фрлив, не дека сум скрос ок, ама имам причина да не се давам, ништо не сум се напила. Гледај да не пиеш, пиј б6, шеќер и вода ако си вознемирена само. Јас бев до степен да не влегувам да се бањам сама, да не одам сама до продавница, нигде, не викам дека нема да ме фати пак, не знам, ама чим јас се тргнав од толку јака терапија, пробај. Првиот месец умирав, ама издржав.
Ми дадоа во болница кога искрварев. 13 недела бев. Консултирај лекар. Не знам дали смееш секојдневно да го конзумираш. Во меѓувреме можеш б6 и магнезиум, релксира и опушта, да пешачиш, медитираш да пробуваш да најдеш нешто да те смири.