Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Зашто јас сум фармацевт, па ме интерсира кој доктор "дозволува"]:) Таа дозвола може скапо да го чини некој, не знам како се осудуваат...Под надзор на лекар и кога бенефитот го оправдува ризикот да, ама на лична одговорност. Си пишува и во упатството на лекот, така да...
     
    На Lovebug01 и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Ако реално гледаме голем дел од лековите не се препорачуваат во бременоста но сепак ги даваат, што да кажат жените кои се бремени а работат во производство со лекови и нормално ја вдишуваат правта од различни препарати а не им е сменета работната позиција:):) и сепак поред ова имаат нормална бременост:)
     
    На Sofi.ja, GolemaMala, Mareea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.260
    Допаѓања:
    148.918
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Да ве поздравам само, ве читав, ми недостига темава.
    Испадиве не се секирајте ќе се дуплираат по раѓање. :D
    Јас чудно сум многу кул, не сум нервозна како после првата бременост, ама еве скоро 40 дена ќе прави Микаел (утре) имав испади многу малце, ама вредат буквално за сите пари. (facepalm)
    Чувајте си нервите и трпението, поготово вие што сте со второ, трето, оти мој Константин почна цуцла да цуца прв пат сега на скоро 4 години, бара да јаде у 3 сабајле, спиеше у бебешкото креветче, цицка бараше ... (facepalm) :rofl:


    Ве поздравувам, чувајте се и уживајте :inlove:
     
    На Kitten, Broki5, Ema.Sk и 36 други им се допаѓа ова.
  4. Mira1980

    Mira1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, сакав да ве прашам бремена сум со близнаци 17нед и почнаа ребрата да ме болат особено кога лежам кога седам и одам не, дали е нормално тоа и што може да пијам од витамини да ми обалжи малку зашто неможам да спијам,има ли некоја со исто искуство, фала позз
     
  5. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Дијазепам ми рече гинекологот да се напијам ако се осетам дека ми е лошо, дека само тоа смеам, половинка од 5мг, и не често. А инаку магнезиум си пијам секој ден.
    Јас само прашав дали и некоја друга пие?
    Не се имам напиено и ќе гледам да не се напијам, но искрено да ви кажам не сум толку анксиозна колку што сум нервозна. :|
    Се ме нервира, избувнувам, и не можам ни да заспијам од нервоза.
    Јас бев многу активна пред да останам бремена, вежбав по 2 часа - 5 пати неделно, кардио и вежби со тежина, а сега гинекологот ми рече барем првите 3 месеци да не вежбам.
    Има бремени што после првите 3 месеци се вратиле во теретана? Или можеби и не сте ни прекинале со вежбање?
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    И јас се замислував дека ќе вежбам и се али од кога прокрварев реков седи си мирна цел живот е пред тебе, затоа само пешачење е најдобро одколку теретаната знам на психа мава али ќе издржиш неколку месеци се во прашање. За диазепамот мене ми имаат кажано ако осетам вознемиреност нервоза итн прво да пробам со б6 ако не успее тоа 2мг диаезапам смеам да се напијам али да не претерувам :)
     
    На Nefertiti., zhap4e и Mantub им се допаѓа ова.
  7. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Девојки од вчера вечерта ме фатија така посилни болки ниско долу и во кичмата. Не беа баш менструални како притисок повеќе, како сечење. Ме пуштаа на моменти и веднаш пак де појавуваа. Кога отидов по мала во вц, болките се смирија. Потоа си легнав и се разбуддив по некој сат, пак со истите болки. Пак бев во вц по мала, пак се смирија и заспав. После тоа пак уште еднаш истото по некој сат.
    Инаку 2 дена ги немав испразнато цревата, па конечно успеав сабајле. Но сеуште имам како тапа болка во кичмата и напред. Не знам дали да одам на болница да ме видат, се исплашив искрено.
    А се мислам и дека е можно да имам пак песок како во првата бременост. Слични болки имав само појаки тогаш и не поминуваа откако ќе одев во вц. Што мислите? Да паничам?
    Инаку сум 8+5
     
    Последна измена: 29 август 2020
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Не би да ме сфатиш погрешно, ама повеќе на мислењето од доктор би се ослонила одколку на фармацевт. И јас имам слушнато дека дозволуваат, ако докторот процени дека за таа конкретна личност смета дека е потребно тогаш сигурно докторот подобро знае пошо и ја следи бременоста.
     
  9. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали матичната ви го има побарано картончето со крвна група да и седи во картон и зошто е потребно тоа?
     
  10. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    14.896
    Пол:
    Женски
    Fala ti mnogu <3


    Fala ti devojko se da pomini vo najdobar red <3
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    119.640
    Пол:
    Женски
    Не, тоа е твој личен документ.
    Може копија да направи, оригинал нема потреба да стои кај матичната
     
    На IChika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Пред една недела испив еден Диазепам од 5мг, премногу голем стрес и нервоза имав, што нажалост ниту Диазепамот ме смири,ниту цигарата што ја запалив после 6 месеци ме смири.
    Психата ме смири на крај.
    Советувај се со докторот, знам многу случаи кај што дозволувале да се зема од 2мг, претежно за хипертензија го даваат.
    Абе и за Рупурутот пишува не смее во бременост али секоја втора трудница го пие за киселини,така да..:tmi:
     
    На Nefertiti. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Знам дека ги даваат, и на мене матичната ми препорачуваше некои лекови кои што секако не би ги пиела, затоа што знам што се може да предизвикаат. Баш се чудев со која леснотија ги препорачува. Секое производство е различно, си има закон за генотоксични лекови каде трудница треба да биде ослободена, односно преместена од такво работно место, само кај нас тоа ниту го бараат работниците, ниту пак им е гајле на газдите @GolemaMala за одговорот дека повеќе се верува на лекар, отколку на фармацевт ( во врска со лекови) немам коментар. Кога би знаела што се може да предизвикаат некои лекови кај бебето не би ги погледнала, не па да ги пиеш. Те молам ако на тебе така ти рекла докторката не ја советувај и членката дали да ги пие, бидејќи (да не ме сфатиш погрешно) ти па ич не си компетентна да препорачуваш лекови.
    Знам дека ние сме таблетоманска држава, особено за седативи, се пијат како бонбони...
    Едно е дека "го земав, ништо не ми беше", друго се студии на голема популација, ама секој си знае за себе.
    @Chantal Рупурутот е друга ситуација, може да се пие кратко време, бидејќи е проблем алуминиумот кој во нормални серумски концентрации не предизвикува проблем, но ако е покачен штети на плодот.
     
    Последна измена: 29 август 2020
    На Lovebug01, firequeenn и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Кај тебе очигледно анксиозноста ти е поврзана од нагло прекинување на редовна активност. Од толку многу вежбање, наеднаш да престанеш му предизвикува стрес на организмот, исто како и да се откажеш од дрога:D Доколку немаш ризична бременост, може да вежбаш специјални вежби за трудници со лиценциран тренер, ама не во таков обем и интензитет како што си вежбала претходно (кардио, тегови и сл). Вежбај некои полесни вежбички колку да се ослободиш од стресот ( на пример јога за трудници)
     
    На butterfly *_* и Nefertiti. им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Јас реков дека повеќе би верувала на доктор одколку на фармацевт, не @GolemaMala . Јас никаде не и препорачав на членката да се напие дијазепам, читај ко што пишувам, туку реков дека доктор сигурно подобро знае од фармацевт пошо и ја следи бременоста, ја познава пациентката и знае во кој момент треба да даде лек, а во кој момент може да се помине без лек. А за компетентност не зборувам на форум пошо на форум секој може да си пише дека е експерт во било која област. Според мене е неодговорно да ја плашиш членката дека не смее да пие дијазепам кога ниту ја познаваш, ниту знаеш до кој степен страда од анксиозност, а докторот што ја следи и дозволил, сигурно ако докторот и дозволил, не може фармацевт да знае повеќе од доктор во никој случај :)
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Верувај си ти на кого сакаш,секако не се однесуваше напишаното за тебе. Со среќа со такви размислувања:hai:
     
  17. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Дадов мое мислење, не препорачав да се пие. Гинекологот ми има дозволено да се напијам одвреме-навреме, затоа што имам страшни напади на гушење. Имам испиено 4-5 во цела бременост,од 2мг. Кај некого може лошо да делува, кај некого нема да има никакви последици. Инаку, еве, да не ти биде грешка тагот, и јас повеќе верувам на доктор, отколку на фармацевт.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    За лекови кои се на листата за потенцијално штетни за плодот, ако треба да се дадат докторот ќе процени кост/бенефит од потребата и дозирањето на лекот. Не збориме за редовна употреба туку за повремена, по потреба. Јас на пример сум алергична на парацетамол, и обично кога имам некаква болка или покачена тт пијам аналгин, кој нели не е препорачливо да се пие во бременост. Др ми дозволува да се напијам аналгин исклучиво ако имам потреба (пример јака главоболка што никако не ми поминува, покачена тт и слично). И јас сум медицинско лице и од познавањата што ги имам околу овие работи, не може толку штетно да влијае таблета аналгин врз плодот, колку трпењето на болка при која се ослободуваат хормони на стрес во телото и сите оние медијатори за болка. Исто и за дијазепам во случајов и за било кој лек што е класифициран како тератоген, генотоксичен, потенцијално штетен и слично.

    Ќе одам одам оф топик само за да се надоврзам на разговорите од погоре. Не би да коментирам дали повеќе би верувала на доктор или фармацевт, зошто за жал фармацевтите кај нас се гледани (а и самите си оддаваат таков впечаток) како обични продавачи на лекови. Ретко, многу ретко да влезам во аптека и да добијам здравствен совет, едноставно повеќето само го гледаат рецептот, те прашуваат од која фирма сакаш да ти го издадат лекот и тоа е тоа. Нема комуникација, нема интеракција пациент-фармацевт. А треба да има. Плус, фармацевтот може, а и треба да има повеќе познавања за лекот од докторот, но докторот е оној кој ја води здравствената историја на пациентот.
     
    На LivingGlam, BeLLaDona23, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Лрле исти сме по дома ама идентични и ние ,баткото дури идеше кај маж ми и од него бараше да цица како божемски демек:rofl:
     
    На Kitten, zhap4e и LadyC им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, не би рекла дека докторот има помалку познавања од фармацевтот за лекот, сепак докторите поминуваат фармакологија, туку клучната разлика е во тоа што викаш дека докторот ја води здравствената историја, има искуство со пациентки, точно знае дали на пациентката и треба дијазепам во моментот или може да помине и без него, а фармацевтот повеќе може да ти каже што учел по книга, зборот ми е, немаат искуство со конкретни пациенти, па со тоа што докторот ја води бременоста на таа конкретна пациентка може да донесе одлука со индивидуален пристап кон секоја пациентка посебно, а фармацевтот ќе ти каже не треба да се пие, генерализација прават фармацевтите, ама едно правило не важи за сите.
     
    На Lovebug01, Alishan30 и GolemaMala им се допаѓа ова.