Кај нас има фармацевти со средно и со факултет. Логично, немаат исто знаење. Не можете да кажете дека доктор знае повеќе од фармацевт за лекови, кога фармацевт 4 години учел за лекови. Истите професори ги учат и фармацевтите кои работат во Алкалоид. Има толку лоши доктори, кои даваат антибиотици без крвна слика и брис. Не е мерило колку си добар само по титулата.
Ле ле Ама и слатки се признај. Пр мене ми се оди на едно место и на Микаел тогаш му текнува да плаче ептен. Станува Константин со гаќичките напикани у газе, целулит ѕирка од секаде и почнува да го нишка у количката и му вика "не пачи, те помине. " П.с. нема зашто фармацефт да се меша кога доктор ќе препише нештО. Лично јас си имам избрано топ доктори од секоја бранша и им верувам и кога ќе ми каже некој у аптека што е боље за мене без историја да ми знае значи ми се притемњава. Фармацевт не е доктор и не може да каже што дијагноза има пациентот, зашто му е тоа препишано и сл. Секој нека си ја гледа својата работа се додека некој не побара совет у аптека од него.
Од тоа мешање на фармацијата и бизнис со лекови, од пазар е тргнат лек кој успешно ја санира ниската постелка без никакви последици на плодот. Нашите мајки го примале и раѓале нормално. Ама не поубаво е да плаќам 4000 ден месечно за хормони и витамини и да се измачувам со апчиња мал милион кога сепак имало перфектно решение ама некој го тргнал за да си се напуни пари на друг фронт. Е сега имало ефект на ослабување на срцето кај дел од мајките. Тоа можело да се реши со одлука на мајката. Кај здрава и силна личност можеби ќе било пресметан ризик. На крај краева и на пораѓај потпишуваш пресметан ризик. Да имав избор помеѓу моето срце и безбедна без стресна бременост и здраво бебе на крај. Да бидам искрена ќе прифатев. Можел истиот лек да се доработи и направи безбеден. Ама мафија е тоа. Еден ден ти викаат може другиот неможе за некој да си ги напуни џебовите. Секогаш ќе верувам прво на искусен лекар отколку на дилер на апчиња кој вади процент од тоа што ќе ми продаде а не ми ни треба.
Здраво.... примам клексани секој ден по една и од вчера кога ги примам ми трни раката и осеќам како да ми се лоши и губам воздух.. дали е нормално, или на некој исто му се случува?
Повеќе би рекла дека ти е паника од тоа што си почнала да се боцкаш за раката на почеток може да ти трне малце ама после веќе се навикнува
Јас веќе ги примам има месец дена, ама нешто овие последните 2 ми се лоши после боцкање а претходните воопшто никаков проблем немав, само нормално болка и пецкање.. мислев да одам кај некој гинеколог добар, ако некој знае да ми предложи за второ мислење..
Некој почнал со ЦТГ на ГАК? Примаат, не примаат? Оваа недела почнувам 36 а нешто матичната ми спомна ако не ме примат кај неа да правам؛
Mozes da ja zasledis na insta zenava e majka ne 3 deca sega se porodi so tretoto kako sto kaza na nekoi komenti ne se forsirala so tretovo a znam deka ne bese ist slucaj so vtorata bremenost a i prvata mislam https://instagram.com/chontelduncan?igshid=1gcr6mohipr3r
Подобро прави кај матичната зашто може прво цтг сега и второто за две недели ако се е како што треба,а може и да те вратат ако не си ризичен случај
Леле ама се запали темава за доктор-фармацевт Ги прочитав вашите мислења и не сум изненадена затоа што го познавам размислувањето на повеќето. За жал во нашата земја мојата професија не е ценета. Инаку факултетот е 5 години и учиме многу повеќе предмети за лековите од фармакологија. Со средно се нарекуваат фармацевтски техничари , не фармацевти. Второ, според закон фармацевтот ОДГОВАРА ПРЕД ЗАКОН доколу издаде лек кој може да биде штетен за пациентот. На пример пациентот е алергичен на пеницилин, а фармацевтот издаде пеницилински антибиотик -фармацевтот одговара на суд (моја другарка во Америка беше на суд за ваков случај, ја изгуби лиценцата). Така да за коментарот нема што да се меша- доколку ми е загрозена лиценцата извинете мора да се мешам. Доколку лекот не е соодветен (заради интеракција, токсичност, доза итн) фармацевтот НЕ СМЕЕ да го издаде лекот. Е сега кај нас за жал повеќето фармацевти самите се поставуваат така за да луѓето имаат вакви мислења. И трето, во однос на членката пишав неколку пати дека лекот е штетен особено во прв триместар, да не го зема на своја рака. Подоцна се изјасни дека лекар и го препорачал за повремено. Исто пишав дека може да се зема под надзор на лекар кога бенефитот го оправдува ризикот (мразам да се повторувам ама еве морам) Мене искрено ми боде очи кога луѓето си препорачуваат лекови меѓу себе во стил-може, јас ги пијам, или од едно апче ништо нема да ти биде...затоа и изреагирав, само што работата секој си сфаќа како му одговара и си верува она што му се свиѓа на уво. Во однос на тоа кој повеќе знае, не може да се генерализира, секој си е стручен во својата област. Муабетот ми беше: внимателно со лековите во бременост, за повеќето нема доволно податоци за безбедност, а за тие што има треба да се земат во обзир.
И кај нас одговара фармацевт? Без разлика што доктор издал рецепта? Нели докторов треба да одговара ако пациентот му е алергичен на лек а го лекува со тоа?... не сум знаела. Инаку, мене лично во аптека кога купував еден лек ми понудија друг подобар(според нив). Кога ја прашав докторката што она мисли дали да го земам овој што ми е препорачан од аптека си го добив со CAPS LOCK: дека нема што да се менува лекот издаден од лекар. И си викам да во право е... не е прв пат да се најдам во таква ситуација. Биткава е повеќе меѓу лекари и фармацевти, а пациенти се секогаш во средина.
Се сложувам не смее фсрмацевтски техничар да дава од ракав ако не се препишани од др освен ако дотичниот лек го нема па мора да се даде замена во смисол истиот лек само не на алкалоид туку босна лек како пример ...а повеќето лекови не се третирани на трудници затоа се избегаваат ама има искључоци дијазепамот го даваат и на трудници со висок притисок,сепак треба да се земат повеќе мислења во обзир за да се истурка бременоста на најдобар можен начин .
Не смее фармацевт да менува генерика (состав) на лек пропишан од лекар. Може да понуди различни производители: Крка, алкалоид итн...но со истиот состав. За додатоци во исхрана може да предложи опции, но за генерички лек -НЕ! Да и кај нас фармацевтот одговара според закон доколку издаде лек кој може да му штети на пациентот. Значи не да менува туку да се консултира со докторот за корекција во рецептот. Точно е дека пациентите се во средина, има голема улога и фармацевтскиот бизнис, на пример има доктори и фармацевти на платен список од фирми кои буткаат некои препарати. Се вртат огромни суми во прашање.
Тоа ми беше коментарот во суштина. Сега најдовме заедничко тло. Имав матичен кој на секој преглед делеше апчиња од тоа тефтерите како од ракав. Правам брисеви и пап се чисто он ми дава некои всгиналети од 1000 и кусур денари против ХИВ и со широк спектар. Зошто?!
Исто! На нестигнати резултаи он од Око си кажа дека имам нешто... ми даде од негов пчелар да порачам матични млечови сума сумарум 3000ки ќе ме коштаа лекарства. Секако не купив. Стигнаа резултатите чист пап чисти брисеви...
Денес сум 20+0, и од завчера ме болат јајниците. Бебето го осеќам хоризонтално наместено и ме клоца, плус е ниско и е покрупно. Магнезиум не пијам задутре сум на преглед па ке прашам да почнам ваљда ке ми помогне. Незнам до кога ке бидат меркиве ама јас неможам да се замислам цел ден на работа седејки пред компјутер