Затоа се вика фармацевска мафија дека во аптека се продава нешто 100% природно не верувам и никој не може да ме убеди во тоа фармацевтот е како пазарџија да ти понуди од се некои се доста убедливи некои не нормално ако сакаш нешто на природна база ќе земеш од некој што одгледува такви работи затоа се е бизнис
Ista bev i jas bkompleks i magnezium zemi ke te opusti. Ne e stetno ke ti kaze i doktor. Na rabota stavaj nesto meko ili nosi nekoe pernice za pod gazot i nozete na nekoja kutija potkreni gi, ke ti bide podobro.
Незнам во која тема да пишам.. па тука ми е поактивна.. треба утре да вадам крв за д димери во трансфузиологија, ама сакам и плус со едно боцкање да проверам и крвна слика зошто повеќе од 2 месеци не сум проверувала.. прашав во трансфузиологија викаат дека само д димери прават друго не.. па да одам во авицена?? и дали со авицена резултати ќе ми дадат во гак терапија за понатаму ако треба пак клексани да примам???
Нема да ти дадат со Авицена резултатот. И јас се боцкам почесто и тоа во истата вена, друга не ми наоѓаат. Сум се боцкала денес на едно утре на друго место. Тоа е.
Колку што гледам во ова од Авицена има само плус железо и шеќер. Другото и на трансфузиологија испитуваат. Е сега покрај крвна слика секако урина треба да испиташ, така да ти советувам посебно да се боцкаш. Не сум сигурна дали гак прифаќаат приватни резултати.
мене исто ме интресира на гак нормални д димери се до 500, а на авицена резултати може и до 1700 да се во третиот триместер.. а мене се последни резултати 2955.. а на секој 10 дена проверувам и од тоа немам ниту сила веќе за крвна слика, а во последно време ми се лоши , дали е слабо железо или што е незнам, пред 2 месеци железото ми беше 26..ама тогаш вадев крв на 2 ипол месеци , сега од седмиот месец со д димерите секој 10 дена
Значи димерите и 5000 можат да ти бидат битно ти е активното време на хемостазата и другите две да се во нормала. На трансфузија ги пишува како од 0-500 ради не бремени нема да ти вадат посебни листи за бремени и за не бремени. И да одиш во Авицена, Трансфузија и Син Лаб нигде нема да добиеш исти резултати
Е тоа секогаш ми е ниско и споро и покрај примени 30 клексани, незнам што да правам плус да ми се во нормала
Јас 8 месеци ги примам и пак времето ми е скратено, најверојатно телото ти е склоно на зголемена коагулација и ќе си ја примаш терапијата. И во иднина да си знаеш дека клексаните после 20 најмалце примени се прави испитување за да се види дали делува терапијата. Многу жени се боцкаат не си ни прва ни последна али мора малце психички да се опуштиш примаш терапија и да се скратени времињата не се секирај не може беља да се направи
Со димери никогаш али ради мутации што имам од прв ден ги примам и кога ќе каже докторката да ги прекинам ќе ги прекинам до тогаш нон стоп
Да не ги примаш тие 0.4, имаш некој да те боцка? јас се треба да најдам некој да ме боцка, и со тоа мака.. а која недела си, уште колку имаш до кеај?
Да тие ги примам и мажот ми ме боцка во раце уште месец дена и ќе се спасам фала богу освен ако не кажат и после тоа да се боцкам
Ај со лесно да е само.. и дај боже да не треба повеќе да се боцкаш, а на колку дена проверуваш крвна слика за мутации, мене ништо не ми рекоа во врска со тие мутации, можеби и тоа имам а незнам
Со резултатот од трансфузиологија одиш на ГАК и тие, барем мене на 14 дена ми ја препишуваат терапијата, зошто на 10? По тие 2 недели одам пак на Трансф. и ГАК. И не се гледаат само д димери, што сте се закачиле сите само за нив, хемостазата за џабе ли ја прават? Времињата до крај ќе ти бидат скратени, битно да примаш терапија да не се влошува состојбата. Мене мм ми ги става инекциите, кога ќе одиш кај матичната нека му покаже сестрата. За железото побарај да ти препишат нешто и плус појачај исхрана со железо, зависи што можеш и поднесуваш да јадеш...
требало да земеш упат од матичната и за крвна слика. Јас секој месец проверувам и крвна слика и д-димери. За во ист ден ми ги даваат. Крвна слика на биохемија во клинички ми прават, можеш и на друго место со упатот (ќе кажеш на матичната за каде сакаш..синлаб и сл., Пример), д-димерите стандард, трансфузиологија. И три пати едно по друго ме имаат боцкано на исто место, во ист ден, инаку, ради што ми се тенки вените..па кога успеат да напипаат една понабабрена, сите на таа и се запнуваат.
Мене се така 10 дена да примам па да проверам и пак исто еве третиот пат, прееска ми беше последна и утре здравје вадење крв и резултатите кај матична па пак гак мислење, понекогаш викам подобро 15 дена да ми дадат или 30 па да проверам, не вака на 10 дена..а последен пат ми вика еве ти уште 10 онака за секој случај нема да ти наштетат и ќе видиме..а за состојбата отидов намерно на друго мислење и ми вика докторката дека јас не сум за клексани дека се е во ред со плодот, плодова вода, протоци, без отечени нозе и спонтани пред, само може аспирини, а матичната ми рече клексани и така ја послушав.а инаку пијам магнезиум 250 мг и pregnacare со omega 3..ќе земам плус за железо нешто, последен пат железото беше 26.. ќе видиме.. фала ти