Леле катастрофа, стварно лоше е еднаш на ден вадење крв од вена а не па 3 пати .. дај боже само на добро да е, кога гледаме што не трпиме заради здрава и нормална бременост
Секој месец прво ми зимаат крв од вена за комплет лабораторија кај матичната. Утре дента одам кај гинекологот и ми зимаат за димери и хемостаза. Само на лева рака ме боцкаат и се во истата вена, десно никаде ги нема вените мои. Со чворови ми е веќе вената од се едно исто боцкање во неа, ама не се жалам, штом мора ќе ме боцкаат.
Спојлер На трансфузиологија. Сестрата на една вена извади шест епрувети. И секоја нова епрувета на ставање ја забодуваше иглата подлабоко. За на крај да прсне здрава права вена и да ме испрска мене нејзе и пола просторија. Хорор. Тој што чекаше медицинско лице преку ред за некои документи седнат отспротива само бледо ме погледна и отвори прозор најблиску до мене за да не паднам ко суво стебло. Месец дена имав модрица.
Од вена не шика крв, ти погодиле артерија, и мене на инфективно ми боцнаа артерија, па вакумтајнерот летна од рака под притисок, и крв имаше насекаде, па доста трауматично изгледаше како и твоево. Вената полека тече, не е брзо крварењето од неа како од артеријата.
@Alishan30 баш тоа како го викаш и излета од рака колку што можев да видам бидејќи бев свртена на страна не припаѓам од крв ама знам да се срушам ако видам игла во месо. Да не беше тоа ќе земев обука за медицинска сестра жими се и онака има дефицит во државава а веќе работам со луѓе и се пронаоѓам во моменти на човечност и хуманост и помош.
Најјако е што мојата сестра беше пред пензија, и се згреши, боже мој, на секој може да се случи. Ете, баш се погоди кај мене. Тоа летна од рака, крв на неа, крв на мене, на кревет. И таа стана "леле, леле" и се врти околу мене. Само и реков дај тупфер и стегни, за да не се купчосам. Корказа сум кога мене ме боцкаат Ми даде, стегнав да сопре крварењето и толку беше. Заврши крвопролевањето. Модрица си носев цели 2 недели потоа
Нека е за арно само. Се се заборава. Сега се смееме, а во тој момент изгледаше страшно Ама, тоа е. Се случува, не е намерно
На ГАК последен пат ме гледаа специјализанти и така исто погледнаа д димери, па добри ти се не си за клексани. Ама јас пошто више сум научена со неписмени одма им реков ради хемостаза и мутации дека примам и почнав и дијагнозите да им ги набројувам пошо се дебили, носам цела документација со мене не знаат ни да побараат нешто сама пред нос им вадам документи им зборам за да им стаам кочница на напливот на возбуда дека лелеее они се моментално докторот сега супериорни се се знаат Ауууу хорор... Мене само една вена на левата рака ми е функционална ако ми ја зезнат не знам што ќе праам другите не се познаваат.
Лелеј значи јас среќа сум имала до сега кога ме боцкале сите со лесна рака биле од ова највеќе ми било страв да не ми се случи како си останала при здрав памет и свесна бравос
Леле што кажувате хорор Тука за крв земање си има посебни сестри што тоа го учеле не може секоја сестра крв да зема.Овие се поплатени од другите.Ама кога ќе ти земат крв па кога ќе те стиснат со тоа газата мислам од лактото ќе ми излезе газата Кај децата е сосема друго се зема ретко крв и тоа од вена што ја зема докторот, исто и за вакцини само докторот смее да става сестрите го држат детето. Јас денес во 15+0 влегов и бебичи за добредојде ми приреди рандеву со шолјатаНе знам до кога ќе трае ова гадење и повраќање пиев лекови 3-4дена добро беше ама ги прекинав оти смеат само краткотрајно да се користат.Што ќе правам од среда почнувам на работа по 9недели домаСамо Господ да ми е напомош Најдов пред некоја недела еден сајт за кои лекови се дозволени во бременоста, па ако му треба на некој нешто може да го каже латинското име и одма ќе му кажам дали да пие.За тие што знаат германски еве ја страната па само можете да проверите: https://www.embryotox.de/arzneimittel/ Исто и за доење кажуваат
Секогаш се специјалианти во амбуланта. Исто и јас морам да им кажувам дека морам да примам клексани заради мутации и хемостаза. Лечат шаблонски и мораат да го прашат докторот чиј печат користат дали и колку клексани да препишат.
Мене па прв пат ми се погодија откако одам оваа бременост, претходно докторки беа, а до неа специјализант, она диктира, он куца извештај. Го читаат претходниот извештај и copy paste праат и ајт. И бебето ми го измерија поголемо, прв пат оваа бременост.
Си имала среќа претходно. Јас трипати одам и секогаш се специјализанти и имам впечаток како првпат да гледаат вакво нешто.
39та недела сум и 2 дена ми тече секрет како вода и идам на 2мин во тоалет по мала нужда. Ама секретот буквално како од чешма да тече. Прозирен е,нема мирис.Немам ни болки ни контракции ништо. Го прашав докторот рече нормален секрет е, да не се паничам и утре поручек да си дојдам на закажаниот термин зс цтг. Некоја да не имала слично искуство? Колку и да не е за паника работава,не издржливо е. 2 дена мислам дека ги преседов во тоалет. Улошки и гаќи мењам на 5мин ми се чини.Ми се гледа како вечност до утре поручек док идам на лекар,а сабајле имам закажано депилација која не знам како ќе се изведе со оглед на секретов и потребата за мокрење на 2мин
Има тест да проверат дали е плодова вода, не знам на државно дали имаат, немам лично искуство, ама имаше членки на форумов на кои им е правен таков тест
Mene do 38 nedela mi rece da se bockam. Inaku rezultatite poslednite 2 meseci mi se dobri no ne saka na kraj da mi gi prekine.
Воопшто не запира или запира па пак тече? Ако е плодова вода, односно ако ти пукнал водењакот, би се јавила јас на лекар пошо 2 дена поминале.