Јако ќе биде вечер, штама е и тишина и туку наеднаш тоа почнува да мери, а само што си задремала. Од памет ме вадеше
Сега бев на лекар, не е плодова вода туку нормален секрет кој го омекнувал грлото и ме спремал за пораѓај.Бебе нема абер за искачање, утре пак на цтг ќе идам и рече и вагинално ќе ме прегледал.
Некој има проблеми со трнење на раце? Ја почнувам 36 и почна трнење навечер дури со болка ако ми се во една позиција подолго време а се зашто ги ставам под перница؛ Едвај се двизам, не мозам од дома да излезам и ми прави тоа нервоза؛ Навистина ќе бидат тешки последните денови
И јас имам и тоа само во спиење ми се случува и кога ќе се разбудам ја кревам раката нагоре али џабе мислам дека без дланка сум ептен гадно чуство е
Јас исто. Веќе неколку дена. И ко пресензитивни да ми се врвовите од прстите, не можам да стегнам тупаница исто.
Ме удира бебуш во лев колк. Не ми дава да се свртам странично а на грб немам воздух. Како да го охрабрам да смени позиција?
И кај мене исто, од една страна нозете од друга главата, многу ми е језиво да лежам странично. На перници исправена така лежам. Да смени позиција, тешко
Јас имам низок притисок 90/60 ама кога јадам сирење пијам кафе или кока кола и ми се качува многу и ми трнат рацете и главата ме боли многу
На другарка и трнеа рацете и доктор и кажа карпал тунел синдром ама од бременост индуциран, веројатно ќе се повлече после пораѓај и стварно и се повлече. Не знам многу јас околу карпал тунел ама можете да прашате доктор да не е тоа. Тресете ги рацете наеднаш кога ви трнат, таа тоа го правеше
Јас немсм висок притисок секој ден го мерам؛ Сигурно нормално е да се појави имаме оток и на мускулатура па притиска؛ Како и да е не е пријатно
Зборував за ова претходно на темава, имаш carpal tunnel syndrome, се јавува во пременоста ради вишок течности и оток во дланките. Најчесто мине после пораѓај.
Јас трошам шеста недела, пред неколку дена имав крварење па добив прогестерон инекција, денес уште една плус боледување од 15 дена и лежење плус Слушнав срценце Почнавме да се навикнуваме на идеата плус 1 дома А мене пак само ми текнува колку ми беше мачно трето тромесечие и се плашам кога ќе дојде... Еден куп испитувања, писка, брисеви, скрининзи, димери, скриен шеќер, крв и урина секој месец, ќе се мрднам од памет Само да е се во ред.. Па и денес си го вратив филмот од денот кога се породив, косата ми се крева на секое враќање на спомени.. Вчера им кажавме на поблиските, од сите иста реакција, не очекувале дека ќе се одлучам за второ толку брзо после хоророт што го поминав, честитки за храброста А ние пак изгорени за деца, план за второ креветче од пред 3 месеци направивме кај ќе поставиме.. Господ да не чува сите, ќе поминат сите мачнини, вреди за овај дар
И мене ме будеше од спиење ужасна болка и трнење, а преку ден воопшто не можев да ги свиткам палец,показалец и делумно среден прст. Ми стоеа здрвени. А раце и нозе со отоци. Притисок низок. Во сред ноќ сум го будела мм да ме масира, ги ставав под ладна вода, ги тресев, пиев магнезиум и ништо не ми помогна,исфрустрирана се враќав во кревет. Ми идеше да плачам. Која иронија, наместо последните денови да се наспиеш како човек...стани да мочаш,стани киселини, стани трнење на прстите...уствари тренинг за неспиење кога ќе дојде бебето Чуството ми помина 10тина дена по пораѓај.
За киселините, има ли шанси да се смират? Ова е веќе неподносливо, посебно последниве денови. Ништо не помага, ни лежење, ни лекови ни ништо
Не ме фатил зглоб на рака сеуште. Ама ме има вртено цела нога потколеница и зглоб. На почетокот кога не ми беше висок стомакот мачкав кога ќе ме фатеа плешки и ребра. Матичната ми рече може да ја користам умерено птри поупорни и посилни болки. Лади кремата не топли и сум многу задоволна. Консултирате се нормално со вашите лекари. Да не настане дискусија. Само си кажувам мене што ми помогна.