Мене денес 2 пати менструални болки траат 1 мин ама здив губам од што боли. Па и кичмата блага болка ама тоа дека лежам нон стоп. Па и срамната кодк почна да боли, мислев оваа бременост ќе куртулам од неа. Си зголемив сама доза 750мг пијам магнезиум. Во цетврток прво цтг. Уффф жени, сега молам да седи дечково подолго, а од друга страна веќе се изморив.
Денес почнувам 36та недела Последниве 3 месеци некако брзо ми поминаа.. Деновиве со мм и кутрето сме на одмор неколку дена - последен одмор сами.. цело време си збориме како ќе бидеме следна година, кај ќе одиме, како ќе изгледа тоа.. здравје само, едвај чекам да се запознаам со мали Инаку периодов преактивен, ме клоца, растура! Ако е како што зборат - немирни во меше = немирни и надвор, јака ми душа... Неделава сме на контрола, па можда и цтг. Со киселините со месеци веќе се влечкам, ама последниов период сѐ ми прави киселини... мислам дека и водата што ја пијам и воздухот што го дишам ми прават киселини.. @Alishan30 мора да се помириме дека ќе си ги трпиме додека не дојде бебе и да тргне притисок од желудникот.. а сега мене ми помага најмногу сода.. секојдневно пијам и инстантно подобро се осеќам
Јас сум слушнала многу пати дека секоја наредна бременост е полесна. Освен тоа, секоја бременост си е различна, ако првата била тешка, не значи дека и втората ќе биде. Секоја си е специфична и со различна приказна. Ти посакувам многу среќа и со лесно да си поминеш се'.
Страшни се киселините последниот месец и што и да правиш нема фајде... издржи уште малку, магично ќе ги снема кога ќе се породиш Не те утешив знам, ама гревота е да те лажам
Не дека ги немав досега, но не беа толку честисега се нонстоп. И од вода и од се. Ни храната не ми е вкусна Ме онерасположуваат, дете се активира навечер и мрда посилно, а положба никаква не ми помага. Секој можен иљач го пробав и не бива. Фала што ме утешивте дека ќе ги снема за брзо, одвај чекам да ги снема. Барем да ги повратам, а неможам. Голтам горчило нонстоп .битно ќе ги снема, си реков за навек го зафркнав организмот
Полесна дека немаш време да седнеш и да размислуваш а ова нормално ли е? А вака ли требеба да почувствувам? Него тераш напред. Мене лично оваа бременост ми е далеку потешка повраќав до 5ти месец,киселини,главоболки. Сега болки во срамна сд појавија. Но немам време да лежам Сега треба апликација да отворам да видам која недела сум. А во сон знаев предходната бременост Кревам дете,количка. Се десило и витамини да заборавам да сс напијам. Да не јадам е тоа богами е дека навистина немаме време. Но оваа бременост по сиптоми ме таструри
Исто!! Освен што не повраќав. Како минува времето се понеспособна сум за ништо и ужасно ме фрустрира да зависам од други!
Исто жени! Бебе навечер активно до максимум, ми се спие ми се плаче, не можам позиција да најдам, носот затнат цела бременост, почнав да хрчам дури 20 пати во тоалет, трнат раце. Вчера демек да свртам еден круг да прошетаме, едвај одев и се вратив и се изнаплакав од мака важно беба да е добра, ама не се издржува баш веќе
Јас уште колку имам до крај....и се' што опишувате имам. До другата страна од булеварот за да отидам, излегувам полна енергија. Вртам круг околу зграда, стигнувам до булевар и веќе сум клапната, уморна. Ми иде да се потпрам на семафорот, да одморам. За враќање, седнувам на клупа малку, после си одам дома. Киселини...ме изгореа. Ништо веќе не помага. И повраќам киселини и уште цел камион киселини ми клокотат во гради и грло. Холтерот нешто се поремети синоќа. Почна да ми ја стега раката до солзи. Сабајлево го вадам, испукани капилари по цело место кај што стоеше. Цела рака ко зебра. До толку нешто сум му направила да се поремети? Ми ги даваат резултатите, гледам ок притисок,ок..одеднаш 180/111. Па ок,ок, па 178 со нешто. Вечерта и 200ки регистрирал. Ај у реду. Еве ме умрена. Џабе малтретирање. Ми се плаче веќе. Мерам со домашниов...нормален притисокот..под 130. Али ко и со шеќерот, мада е во ред... пак, за секој случај, за не дај боже, уште апови и глупости очекувам да ми дадат.
Ти благодарам на утешни зборови И јас исто вака почнав, многу ми е помачно ама немам време да се жалам
За трнењето на раце и нозе, витамини пиете? Може да е од недостаток на Б12, што посебно се изразува во бременост. Во најлошите мои анемични денови постојано го имав тоа трнење, плус и грчеви на мускули сред ноќ. До Б12 беше.
Се си велам ако ја преживеам оваа бременост ќе живеам 100че Немам сила , не можам да јадам оти штом јадам ми се гади, болки насекаде и повраќам Од утре на работа ,не знам ни како дете на градинка ќе носам ни како 22 км ќе патувам со јавен За разлика од оваа бременост со првата трчав по јавниот со стомак до заби, се селев во 13-14 недела .Се сама спакував и последниот ден во 02ч реков не можам ме болат колковите.Болки немав.Пешачев, мкнев и мака немав.Имав проблеми со киселини до кога се породив ама пак сметам дека имав лесна бременост.Обожавав да го галам и снимам мешко како мрдка.Се знаев за која недела како се развива бебето , кога да се пријавам во болница , на предпородилни часови и сл.Сега мешко не го галам по два денаЗаборавам Ако малата не дојде да го погали ќе се породам жалејќи се колку ми е мачно За недели да ме прашаш треба да видам во аликацијата Треба пак да се селиме ама ми е страв да мислам како ќе успееме. @zhap4e Мери си го почесто денски 3 пати минимум да го пратиш како се движи.Може од нервози од самото апаратче си кренала притисок.
Феминки, дали е нормално во бременост 37,4 37,5 температура? Супер се чувствувам, имаме дигитален па што ми текна онака да си измерам. Инаку 12 недела сум.
Може не ти покажува точно дигиталниот или да не си во топла просторија? Пробај со живин ако имаш... Јас имав ама ептен на почеток 37..37со 1 траеше 7-10 дена повеќе од ова немав. За некои може ќе е нормално, а за други може ќе е знак на настинка. Следи ситуација па ќе видиш до вечер... И да мене кога ми доаѓаше 37со1 одма одев се туширав па мерев после пак и си паѓаше. Истуширај се со млака вода пробај покасно
Кое спрејче прополис е безбедно за трудници , пред тоа зимав секакви за грло , сега незнам кој и за афти на јазикот ми помагаше многу , сега пак ми се активираа , да зимам нешто мора , многу ми е грдо на јазик
Женицки здраво ве молам за совет оти мн ми е страв 20 недела сум и правев уринокултура и ми покажа дека постои ентерокока и од ова шо читам била опасна и тешко се искоренувала му кажав на докторо па да ми кажи шо атибиотик .Ве молам некој ако случајно ја имала ова бактерија да ми кажите како поминавте и дали штети на плодот. Фала!
Уфф тешко богами, како расте бебето желудникот е сѐ повеќе стиснат Си пробала ли непечени бадеми? Доволно се 5-10 бадемчиња. И почести но мали оброци. Мене ми помагаше. Ми помагало и лажица таан да лапнам. Народскиве лекови повеќе ми помагале од фармацевтските.