Јас уште сум овде и ве читам, баш ми недостига темава после 9месеци, секој ден со вас, колку брзо помина времето. Уште не сум отворила во темата бебе
Пробај да ја џвакаш, да ја џвакаш храната, едно залче по пола час, ептен да ја сомелиш пред да ја голтнеш, стварно помага, ама те предупредувам, има ризик да ти се одјаде, да се изнервираш и да ја фрлиш чинијата
Што ќе отвараш, не е како тука, многу повеќе изигнорирани прашања има, ај може во бебе не толку, не сум пишала таму за здравствен совет, ама во дете... ептен на игнор, не знам дали не се активни или што е, ама па се пишува нон стоп.... Уште сега знам дека ќе ми недостигате
И јас ја имав,панцеф пиев. Ке ти каже др на кој антибиотик реагира и колку е застапена. Исто следните ррзултати ја немаше. За разлика од стрептококата што неможам цела бременост да ја искоренам.
Барав по старите мислења но неможам да најдам кој антибиотици сум ги пиела. Не се секирај, ќе помине со антибиотик. Јас најмногу се измачив со уреаплазма, не ми помина ни по 3 дози антибиотик.
Мене за бременост ми е полесно со голема сигурност да кажам совет, одколку за дете. Некако за бременост се знае што да се очекува во која недела, а и краток период е 9 месеци. Детството е подолго, се може да се случи во секој момент, а и прашањата се често со недоволно инфо, пример, крена температура, од што може да е, едноставно доста е потешко, затоа мислам дека послабо се одговара
Можеби пораѓајот ќе помине како песна. Разговарав со мајка на 4. Ѝ Викам: како успеа да ги износиш 4 комада и да ги истрториш, секоја чест, јас од едно се утепав од жалење! Рече дека со секое наредно сѐ помалку сеќавала на пораѓај во смисла на болки и тегоби.
За бременост да, дека не ми е прва. Ама малово е 2 години и со некои работи прв пат се среќавам. Настинка во лето...и јас не знам летно време како да се излечам, не па детево што не пие чаеви, жешко е не знаеш како да постапиш. Неколку дена не сме спиени од кашлица и не знам што да му дадам. Уште едно сирупче сега прв пат ќе го пробаме па да видиме...
Ајде офтопик. Бевте на лекар? Земете брис, да не е некоја бактерија. Џабе сирупи за кашлица ублажуваат само кратко. Што други симтоми има? Може да е и алергиска реакција. Затоа најдобро на лекар, да се види грло, брисеви и едно црп да проверите.
Јас денеска 39+5,немаме абер за породување.Мене секој ден се помачно ми е.Освен што деновиве сум отечена и омалаксана и цело време сакам да лежам ,што не беше случај претходно други некои знаци дека брзо ќе се породам немамОд киселини не куртулив,ми се плаче на моментиВо четврток ми е терминот ,сабајле ќе одам на цтг во Чаир ќе видиме што ќе биде.Досега преглед со рака не сум имала,дали да очекувам овој пат?
Не знам зошто сите се плашат толку од со преглед со рака не е толку страшен барем не за мене, за мене траума е тоа железното за брисеви кога ќе го брцнат ужас невиден. И веќе уморна си на крај си 9ти мислам дека е најтежок од сите месеци. Како се справуваш со дишењето дали бебе те стиска нагоре или веќе е спуштено доле?
Издржи уште малку сиГледај да шеташ повеќе и што поактивна да бидеш за да испровоцираш природено болки оти е полесно отколку со провокација Респект за малата разлика како близнаци да имашЈас исто оф топик. За кашлица нема некое дете што повеќе има страдано од кашлица од моето.После 3 години талкање по доктори пред некоја недела бевме на уво ,нос ,грло за сосема друг проблем и го спомнав проблемот, за докторката да каже дека има полипи и затоа кашлаСе израдував оти го најдовме проблемот ама па се плашам од операцијаА и докторката одма не предлага операција околу 6 години.Треба 2 години да чекамеКашлицата на мојата е одвратна кашла 2-3 дена без престан не може да збориНие ја лечиме само со капки за нос, инхалации со физиолошки и веќе една година добива еден сируп на растителна база за синуси оти само овој и помага.Ти препорачувам капки и многу вода или незасладени чаеви.Така ќе се измие секретот и ќе се намали од капките.Најодвратно е кога дете има кашлица
Ваљда од рекла казала муабети се имам исплашено,се надевам дека и јас ќе го имам истото искуство како тебе.Со дишењето ок сум,имам моменти коа се задишувам пример по скали кога се качувам.Јас вака кога се гледам мислам дека ми е спуштен стомакот,ама па бабиве у комшии ми викаат уште било горедодека докторката ништо посебно околу тоа ми нема спомнато освен:Бебето е ок,се храни,наместено со главчето надолу,плодова вода има .Цтг во ред...Оди дома чекај болки
Рапорт од мене. Цервикс од 1,85-2,0см е 2,4см сега, фанелингот го снема. Послушна сум била. Бебе е уште високо со главче, но наместено за денот Д. Тежи околу 2,9кг. Смеам да движам веќе, и кога ќе и се излегува да одам ако имам болки. Ако не ќе чекаме термин или за 3 недели да одам. Останаа брисевите за оваа недела, а утре конечно депилација Со душа ја чекам По 5недели лежење, денес се раздвижив и ете сега се ме боли долу, ко воспалени мускули да имам и во препони болки За киселините не ми е интересно веќе, не само медицински, сите народни лекови ги пробав и џабе е, нека ги. Ќе се мрштам, голтам киселачки и игнорирам
Гледам да сум постојано активна колку дозволуваат жештиниве во текот на денот.Секој ден усисавам,џогирам,ги вадам цвеќињата успат си ги ладам и нозете Навечер шетам низ маало половина час,ама планирам подолго да пешачам може ќе има ефект
Супер ајде сега уживај во последни недели со меше.А киселините може да ти се намалат ако ти се спушти бебе малку
Пред 5 недели се плашеше да не се породиш предвреме, а за некој ден ќе влезеш во 9ти Баш ми е мило, уште малку издржи За киселините, јас ретко ги имам, да не се урочам (и стварно се чудам пошо цела бременост на благо живеам) ми поминуваат со гастрогард (сигурно веќе си пробала и тоа), така да штом се и сешто си пробала и народна медицина и исхрана да смениш, не знам што совет би ти дала освен да лежиш во полуисправена положба... и да се стрпиш до пораѓај, сигурно после ќе ги снема.