Прополис две три капки директно на грло и го држев две минути пред да голтнам. Исто така многу течности, цеден лимон, чај, мед ако имаш домашно масло од кантарион и можеш и тоа по една лажица помага. Прашував за ампули за лижење матичната рече можам стрепсилс ама фармацевката ме премисли. Вика до пред година дена пишувало забрането за бремени жени. Сега само го тргнале предупредувањето и го продаваат како демек може. Ми понуди природни апчиња со прополис. Прашав за тој дома што имам да користам рече уште поубаво. Има и едни ројал желе ампули на природна база со билки и прополис ама се многу скапи. Пред бременоста испив 6 по две на ден се исчисти грлото скрос на кратко и за два три дена одново бидејќи неможев да продолжам со истите цела недела.
Дали има некоја нова, официјална информација до кога се ослободени трудници од работа заради пандемијава?
И уште нешто неповрзано - нормално е да нема никакви симптоми во 14та недела? Ни ми се јаде, ни ми се лоши, ништо. Освен растечен нос и повремени грчеви од нагли движења (се заборавам), ништо не ми се случува. Многу ми дојдоа 2 недели без преглед.
Нормално е, Ливинг. Дури и некоја недела пред 14та скроз ми се изгубија симптомите...лошење, повраќање, апетит...и киселини немав. Сега киселини имам, чат пат ми е лошо ама повеќе ради жешково. Апетит нормален. Единствено знам дека е тука пошто е повисоко и го осеќам ко топче,грутка кога ќе се залепи за стомакот и ми го растегнува. После се повлекува
Кока кола лименка, поладна, сладолед исто, за да го намалат воспалувањето. Цинковит Ц за шмукање се според мене најдобри за трудници, по 2 на ден може да се шмукаат. Ако за 2-3 дена не ти помине, ќе мораш на лекар, можеби си за антибиотик Нормално е, одприлика тој период и ги снемува симптомите, и почнува најубавиот триместар
Еве и јас сакам да знам, немам сеуште никаква информација, ама чим се хронично болните тогаш сме и ние трудниве, би требало до крај, додека не биде крај на пандемијава мислев.
Пандемијава уште 2год може да трае. Мислам дека зависи од процент на заболени според тоа носат одлуки и ќе биде во 5до12 како и за се останато..
Вчера вечерта имав многу силни болки во долниот дел во стомакот, најверојатно беа како породилните што дури и без воздух ме оставија, се случија 2 пати, првиот пат траеше подолго, а вториот пат по 20 минути од првите само неколку секунди. Ме фати малце паника 32+3 сум, не знам дали е нормално уште сега да имам лажни болки? Иначе претходно бев излезена на пешачење и цело време додека одев осеќав како притисок во стомакот и многу ми беше стврднат ама се издржуваше, и од кога се вратив се случи ова, иначе секоја вечер одам на пешачење и никогаш не ми се случило вакво нешто.
Јас не знам како изгледаат лажни контракции, јас сум 34 недела и мене неколку пати во ден ме фаќаат болки менструални, толку се јаки што ме фаќа во ист момент тахикардија и се препотувам. Ми се случува може и 4 пати во денот. Сама си зголемив доза на магнезиум.
@eli.karameli само да ти кажам дека др. Петровска ке оди на одмор следната недела, така да ќе биде тука за тебе, за мене може да не биде . Ми го препорача за замена др. Сарџовски Бобан. Дали има некој искуство кај него?
Мене почнаа паники да ме фаќаат како се ближи денот! Од се најмногу го мислам спиналот и првото станување, а најтешко ми паѓа оставање на мало дунде дома 4 ноќи. Кога ми кажаа дека може ќе ме задржат во болница прошлата недела, прво нешто на што помислив беше не си го гушнав и не се поздравив со девојчето Бев неколку пати пред коронава на службен пат по цела недела, ама помала беше, па и со коронава повеќе се приврза за нас и мислам потешко ќе и падне. Го мислам и корона тестот и брцањето до синуси и тоа ми ствара немир. Ништо не ми е погодено Бебе се потсмири малку во стомак, па ми е полесно сега. Мрда, се тегне, ама не е ко до пред некој ден. Се намалува местото инаку мислам цели нозе излегуваа од едната страна претходно. Закажав и депилација за утре Ќе биде весело
Со ова корона тестов да те насмеам.. Кај мм на работа ма 3 нед им орават комплет скрининг. И прв пат кога беше на тестирање јас одма: Болеше?? А гадно е?? А многу брцаат? И ми вика: Ти ма, дете од "таквата" ќе раѓаш ама за брисов што трае 10сек си се наплашила И после си викам па стварно толку ќе ме испобрцаат ...па за еден брис... Инаку те сфаќам, правев еднаш брисеви за стрептокока и одвратно е..ама тоа е така ни се погоди
Леле синоќа сонував спинална дека ми ставаат. Болеше! Кошмар Дај боже да си терам природно не сакам ни епидурална ни спинална.
А вистина ли е дека од епидуралната после тоа си имал мака со кичмата цел живот? Незнам што да мислам по се изгледа е индивидуално.
Знам мила ја напнав минатиот пат, а кај ќе идеш, а ако ме фатат болки кого да барам, а ќе се вртиш ли брзо, те молам не ме оставај, абе како мало дете бев. Утре ќе ја видам ќе правам цтг и преглед па да ја прашам кога се враќа. Со докторов конкретно јас немам искуство, од Систина само со Панчевски, само пофални зборови за него.
Апликацијата не боли. Него, не можам да се замислам со парализирани нозе. Тој момент ми е блокада. врска нема. Јас ништо не чувствувам и не верувам дека болката е од тоа. Со дете, цело време се веднеш, доиш наведнат и правиш чудни пози кои не си ги правел претходно. И нормално, телото реагира, а временски се поклопува со апликацијата на епидурал, па полесно е да се препише на тоа.
Мене на 19ти ми е краен термин се надевам ке ја дочекам искрено . Бебето ми е уште високо, ми рече не прај сега егзибиции по скали и слично почекај ме. Тешко ми е веќе сакам да си се олеснам побрзо
Добар е и он на ехо кога гледа малце е детален повеќе време му треба и реален човек и смирен јас имам убаво искуство со него Тешко нејзе кога ќе се врати сите ќе треба да не пораѓа тој период Можеби така се погодило сега види дали ќе ти се повторат ако пак така чуствуваш нека ти направат ЦТГ едно да се види да не имаш контракции и мене ѕој период се навечер знаеше да ме фатат болки и тоа по 30 мин без престан па си се среди само од себе
Таман ќе ја начекаме одморена, расположена . Иначе до Сабота (12ти) рече се враќа. Одлично, смирен човек си треба во такви моменти
Мене од кога ми кажа иде на одмор јас само лежам, си реков нека се врати па после што биде нека биде. Јас ептен дека со царски, ти ако идеш природно не се секирај толку, Систина им профи доктори, ќе те породат без гајле @Brpbrp леле гужва ќе и се направи па кога ќе ја фатат будалите