А јас ке седам и ке те чекам тука да пишеш. Да знам што ме чека. Ке плачам заедно со тебе. Спинал знаеш нема ни да почувствуваш кога боцка. Ке биде тегнењето на стомак најнепријатно нешто. Станувањето далеку полесно од прво порпдување ни кажа Лејди. Е како ке издржиме 4 ноќи без бебињата на вибер. Тоа ми е нешто што неможам да го проголтам. А з тестот некои викаат дека вејќе не брцале така површински само него да не испаднам асимптоматски позитивна па да е уште позабавно. Лелеле летнаа неделите. И јас 32ра пуна бебе напредно врти сучи останаа 6 недели по календар или 4 по ехо ке видиме следната недела како ке се одвиваат работите
За боцкањето спинал ич не му се секирам. Него, никако не можам да се замислам да не можам нозе да мрднам А за брцањето, ќе ти кажам како ќе биде. Прво ме фати паника да не треба да одам во она ковид центарон со секакви да се мешам, ама не било така. Времето си лета!
Ајде мир во куќа, на сите ни се ближи термин, само позитивни мисли и се ќе биде добро. @kukla21 да не закажа царски? Не се плаши знаеш се кратко трае.
Ајде еден рапорт и од мене. Денес бев на преглед, 36+1 сум (не ми се верува дека истуркав до овде) Прегледот и така и вака, при крај почнуваат некои работи да стрчат ама сепак се во граница на нормала, ми земаа крв и 2 бриса, да кажам вагиналниот не го осетив ама овој од анус ах проклети и хемороидите, заради нив не можат местото да го најдат Ми правеа ЕКГ, се на се бев легната по грб 1 час, сега болка имам во половината неопишлива Девојката нема да биде многу голема по се изгледа, ја измерија 2,4кг. Закажавме и царски (ако издржам фо тогаш) пред тоа имам уште еден преглед. Треба јас и мм да правиме тест за ковид, знам колку е гадно, го имам правено еднаш. Сега веќе и мене како @kukla21 ме фаќа паника како и што ќе биде, па како синко дома а јас во болница, па си викам што ако сум малер и тестот за ковид излезе позитивен, @Happyinlove не си единствена со вакви сценарија Жени...
Јас кога ви викав со коронава излага на пороѓај ќе ни ги пројдат сите дупки во 3 месец трудноча ми земаа брис од нос имав стрептокока. Прв пат проверував, абе црева истурив, многу грдо. @Monella кај ќе се пораѓаш? Не знаев дека и за маж бараат да се тестира.
Во Италија. Мора и тој да има негативен тест за да го пуштат кај бебето додека јас сум во сала, додека го спремат новороденчето таткото е присутен и ги следи сите процедури, така беше и со син ми.
Аии што убаво и јас сакам мажот ми да е до мене и да присуствува некако по мирна ми е душата кога го имам до мене знам не знам дали во Систина ќе пуштаат присуство на партнерот
Порано можеше на природен, царски не, сега мислам не пуштаат. Мојов 100 пати ме праша, а јас каде да те чекам, ќе ме пуштат ли внатре, како ќе знам дека завршило, бебето ќе го видам ли, а јас ништо немам појма. Кога прашував за цени прашав за сопругот каде да чека ми рекоа доле има 2 кафичи нека си пие кафе
Божеееее...и горе има чекална мора ли како избркан да биде боже боже многу се терсене значи страшно, да се надеваме дека ќе сменат нешто во тој контекст
Мм му олесна. Вика една добра работа во годинава со корона е што не може да бидам со тебе кога ќе се пораѓаш. Нејќел да ме гледа како се "мачам" и викам. Му велам за тебе љубов ќе побарам прозори да отварат и ќе ме слушаш од паркинг.
Малку се изгубени. Кога и да прашам нешто све се консултираат па еднаш вака ќе ми кажат друг пат различно, протоколи само мењаат. Горе не дозволувале никој да се качи. А маж ми ми иде на нерви, кога се пораѓав со првото се онесвестуваше, многу се плаши за мене, сега пак истото морал пред сала да седи, каков кафич немало шанси, ако требал и тој за ковид ќе се тестирал.
Не пуштаат во систина сопруг. Мислам @LadyC кажа дека по пораѓај чекал кај бебе делот со датуми што е, ама не сум најсигурна. Гинекологот нема да дозволи пошто го знам, ама затоа ќе прашам педијатар да му однесе бебе да види. Кутриот мн се насекира дека нема одма да му го однесат како со првото. Од сала, право кај тато Јас и педијатар договорив за пораѓајот, па се надевам она некако ќе му учини Ако не, ќе чека посета. Па и со детенцево ќе биде, дека не планираме на никој да кажеме кога ќе биде, кој знае и неа како ќе ја прошверца @eli.karameli се јуначиш, ама ко ќе ти чукне часот, мислам одма бубачките се јавуваат
Да има опција да се тесира и да влезе зошто да не, се се мења кај нив до последен ден нема да се знае така да ќе мора да си почекаме за денот Д и да видиме какви ќе бидат мерките таму
Ке те пратиме прва (како деца пред канцеларија од директорот ајде ти чукни прва влези) па ние по тебе