Не знам дали пуштаат внатре сопруг на пород оти на царски никако не смеело ни претходно ни сега. Првиот ден дозволуваат да дојде во било кое време бебе да види и толку. После од следен ден посета од 10 до 12 и тоа само сопруг. Сакаше мајка да ми качи ланолин не и дозволија па го остави доле и ми го качија...
Мојот исто не сакаше да дојде на пораѓајот.Му беше страшно и грозно. Кога му рекоа да ја пресече папочната одма кажа А бабицата и докторката вакви Што не сакаш? Тој сигурен не После беше да го мерат бебето ,да го сликаат , па тројцата не сликааЦелиот испотен беше од бебето што требаше да го држиНајинтересно беше кога заврши целата церемнија морав да чекам на бокс со инфузија на рака и бебе што цица.Мм падна на столовите преморен и заспа Јас демек полна со сила можам да држам бебеМажи Јас уште сега се чудам на кој ќе ја оставам малата да ја чува или ќе се пораѓам сама Јас денес сонував дека сум се породила и на сите сум се фалела како никаква болка не сум осетилаБебето било женско и не сум знаела како да се вика Ина или НенаИмињата кај ми текналеПа сум отишла со мм да ја видиме кај сестрите Ај да видиме дали ќе биде мома во октомври
Мамииитааас јас сум бремена 4+5. Пред два дена бетата ми беше 112,7 а денес ми е 345,7. Знам дека треба да се дуплира за 48ч, ама кај мене е и повеќе од дуплирана. Во ред е, така? Матичната ми закажа преглед на 21ви септември дури, ми вика да не те малтретирам да идиш на два дена, на сигурно тогаш да видиме и плод и срцева акција и сѐ. Тогаш би требало да сум 7+3. Ќе ме изеде мислата дотогаш. Уште едно прашање. Можам комотно да се депилирам интимно, така? Ми е во мисла ради притисокот, пошто вообичаено сама се депилирам.
Wow па ти си имала пораѓај of my dreams со сопруг до тебе хаха Нема врска што се згрозил од папочната, мислам дека 99% се грозат. Важно бил тука. Мојов исто како на @Tsukinory пресреќен што нема да присуствува, додуша нему му е олеснение и на прегледи што не пуштаат мажи, многу стресно ќе му било Ќе му наплатам за второто, има секаде да биде присутен @IRBBB честитки и со лесно до крај! Баш ми е мило што дојде во групава, пошо мислам дека те читав во поддршка дека се обидувате уште во февруар месец, кога се обидувавме и ние
Браво! Со лесно наредни месеци! И подобро покасно на преглед, ќе може се да се види вака мачење може да ти биде. Мачно е ама ќе издржиш. Инаку јас престанав да се депилирам, и онака се стегам ептен мал праг на толеранција имам. Дури 9 месец планирам пред пораѓај, тешко мене ќе биде и тогаш знам.
Со среќа и алал да ти е ако дочекаш до 7 недели без да го видиш. Ама во право е докторката, тогаш се гледа убаво и сигурно ќе слушнете срценце. И јас сама се депилирам, само на помалечко сега ги сечам лентите и повнимателно. Додека можам вака сама ќе терам, мислам дека уште еднаш ќе успеам. За после ќе се мислам што ќе правам, ич не сакам во салон. _______ Јас пак со прашање. Даваат ли некаква терапија ако еритроцити, хемоглобин и хематокрит се ниски а серумско железо во ред? Денес го зедов резултатот, додека да да види доктор да видам што искуства имате. Како може ова да се поправи? Џабе ми е и исхрана и се', очигледно е дека железото не се врзува. Не се многу под граница мерките ама сепак...
Јас мислам штом серумското железо е добро, не би требало да има проблем. Инаку најдобар врзувач на железо е витамин Ц 1000мг. Ако постојано број на еритроцити ти се на или под долна граница, може да ти препорачаат да земаш Б9 (фолна) и Б12. Сепак, консултација со лекар, немам лично искуство. Во поддршка сум од пред нешто повеќе од година. Се надевам дека сите од таму ќе ги свлечкаме сите. Ти благодарам Фала мила, се надевам ќе издржам. Во однос на депилацијата, немам мал праг на толеранција, ама дека сама се депилирам, прилично напор вложувам а искрено сега ама ич не ми се оди по салони. Фала мила, да видиме ајде дали ќе издржам. Инаку јас се депилирам со топол восок, си имам топилка. Вчера ги средив препоните и горе, ама усните и назад воопшто не чепнав. Ем од жешкото, ем од напорот ми беше страв.
Зависи колку е Хемоглобинот и Хематокритот؛ Зелезото не им значи толку повеќе؟ови два параметри бидејќи на пораѓање губиш полна крв а сега имаш резерви؛ во зависност од резултатите и неделата бидејќи нормално е да слабее крвта ќе одлучат за терапија؛
Девојки можда глупо прашање но дали сте имале чуство дека задржувате повеќе вода од што мокрите? Последниве неколку дена си пијам нормално околу и над 2 литра дневно. Но на мокрење и покрај нормален нагон одвај 100мл мислам вадам. Немам притисок, немам инфекција или симптоми на инфекција. Како апсорбер за влага сум. Незнам дали е во ред?
И кај мене се намалени тие цело време а железото 20ка ми е и стално докторката викала дека резултатите се добри и немам примано терапија до сега за ваков проблем мислам дека немаш потреба ни ти Некои денови и по 3 литри ќе ти се случува да пиеш а многу малку на мочање, ама затоа после тоа неколку дена по ред ќе биде обратно ќе мислиш дека имаш настинато јајници особено навечер е маката
@IRBBB Тие витамини секако ги земам поради генска мутација, метил фолат, метил б12 и Ц. Така и го качив железото, плус со храна. Пред бременоста конечно цела крвна слика ми беше ок. Ова со хемоглобинот и еритроцитите не знам навистина. Ќе видам што ќе кажат баш. Ми е страв да не му прави проблем на бебето. Фала за одговорот. Не ми се ептен под граници, хемоглобинот е 11 а ХЦТ 32. Во 14та недела сум, ваљда има време да поправам нешто пред пораѓај. Леле фала. Ваков одговор ми требаше.
Хемоглобин 11 во бременост не мислам дека е лош, воопшто. Без такви мисли, нема никакви проблеми по бебето. Консултирај се со матичен за да ти помини мислата, ќе видиш дека сѐ е во ред и немаш простор за паника.
Последен пат бев на преглед на 12.08, нареден ќе закажувам кон 20.09 и тоа ради скрининг.Да немаше скрининг,директ на пораѓај ќе одев Дали сум нормална? Па за првото на секои 3 недели одев на контрола, сега нит крвна слика сум направила, ни ништо.. бројам ли бројам, кога бев 13та а кога стигнав 18та недела? Пипл, ај ем соу нат редииии Битно си праам филмови за денот, т.е уште сеа се мислам кој ден да го бирам за пораѓај, пошо нели докторката мене ќе ме праша Деновиве во нервоза ми минуваат, се нервирам што не извисија и не ни ја почнаа куќата која ја обеќаа до крај на Јануари, се нервирам што не можам да и овозможам детска соба на ќерка ми, се нервирам што на куп ќе сме сите во една соба. Значи се нервирам страшно многу и не можам ништо да променам
Јас бев денес на гинеколог 4н5д... Докторот е задоволен ептен наредна контрола на 18.... На 24 бхцг 1201,0 ми беше одговара на оваа бременост или не?
Ќе имаш сила да го гледаш на вибер? Мене ми беше претешко да ја слушам по телефон а камо ли да ја гледам на вибер... На маж ми прво му реков следно јавување да биде без камера, а следното му реков веќе да не ми ја дава на телефон. Гласот ми се тресеше едвај зборев да не ѝ плачам. И сите цимерки второротки после муабет по телефон ги глеав расплакани Јас потпишав петтиот ден да си одам, психички неможев да издржам. На моја одговорност изнесов бебе со жолтица.
Аииии вака ве читам и имам впечаток од сите што сме пред пораѓај дека само јас државно ќе се заакам... Денес деновввв....долг ми се виде. Бев на трансфузиологија, во 10 саат, па на ГАК. На трансф. каснеа резултатите па и јас каснев на ГАК си реков готово нема да ме примат. Десниот колк ме боли и кривам 2 дена, си кривев на клинички денес. Ако сте виделе голема трудница што куца денес низ државна таа сум Испотена цело време, вода течеше И најинтересна работа, на ГАК ме примија и се испопотресоа нешто денес, плодовата вода ми била зголемена од шеќерот, бебето со главата кај ребрата со нозете во бешика ( ехото буквално уште малце директно на дундата ми го ставија ) и на ЦТГ ме пратија. Првото ЦТГ. Добро било. Да сум дошла за 5 дена, во понеделник и под итно со ендокринологот да сум се видела и по можност резултатите да ги носам во понеделник. Хах, нема шанси толку брзо да се готови. А јас така затечена ги гледам и си викам абе овие планираат да ме пораѓаат... Јас си планирам во Чаир да си се пораѓам. Им одам на ГАК ради клексани и си мислев денес ќе ми ги продолжат како и секогаш, набрзински и толку. Хах, да не ми облечат спаваќа во понеделник Ќе им избегам
Не се секирај, еве и јас се решив за Чаир. Се канев за Ремедика ама сепак Чаир бидна така да има и на државно, да има за тие после нас кој да сподели како е на државно