Имав циста и со првата бременост и сега со втората. Докторката ми ја виде само на првиот преглед и толку, не и обрна многу внимание. Ми кажа, овоа уште со првата бременост дека некои цисти се појавувале заедно со бременоста, биле како “помагачи” во бременоста.
Хм јас во 35та бев кај што ќе се пораѓам, и докторот ми кажа кога ќе добијам болки или ако не добијам во 38ма да одам на преглед. Тоа значи дури тогаш би ми било мене прво цтг, така?
70% ако е само 7 дена. Се се брои, календарски, нема работен, неработен. Така ќе му дојде. Нели имаат пракса за редовно цтг по 36та полна?! Јас одам на 5-7 дена.
Од вчера кога пишав за тие болки што ме фатија, не се повторија, но од тогаш цело време ми тече секрет проѕирен, без мирис, како водичка ама лигаво е, и кога и да одам во тоалет гаќите ми се како да сум се одмочала, има место за паника или нормално е?
И јас бев како измочана цело време по 4 пара гаќи на ден мењав и кога ме проверија за плодова вода не беше ниту пак бактерија туку самиот исцедок од што се прочистува доле. Е сега тоа лигавото што викаш ти малце чудно ми е али ако имаш можност да те проверат раат да си најубаво. А за болки ќе те фаќаат и пуштаат колку што знам 32 недела си така да очекувај лажни болки,стврднувања, секрети и такви работи
Да, освен ако не одиш паралелно и на друго место. Ако те копка нешто оди им порано смисли им нешто дека ти е сомнително и ќе те стават... Мене ете за 5 дена ми рекоа ради зголемената плодова вода. И ти си имаш дијагнози, зошто не би било почесто...
Закажав преглед денес по пладне, ама мисла ми е од што може да биде па затоа прашав тука прво, се надевам се е во ред.
Не е ништо страшно и јас се мислев тогаш да не тече плодова вода зашто бев утоп и ми се смачи од пресоблакање али после тоа си се среди само од себе за недела дена одпилика
А, сама шо ќе одам ако немам болки. Туку, читам над 35та секоја недела прават членките ЦТГ, затоа и прашав. Денес ќе одам за брис кај матичната за стрептокока и кламидија, бидејќи кламидија стигнале реагенсите а од вторите брисеви ми беше испуштен, па ќе видам што ќе каже матичната. Не одам на 2 мислења, само 1 доктор ме гледа на ехо досега, немам плус плодова вода, и заради дијагнозите не ми кажа за да почнам со ЦТГ
@Alishan30 морам да ти кажам дека ме потсети за испадот со кантата вчера. Не ми се верува како сите мажи за некои работи исто размислуваат. Фактори сетинг им е да те извадат од такт. Правев списоци уште што остана и нормално пишав канта за пелени. Ми вика што ќе ти е? Ене има канта во вц. А кантата во вц/кантиче за брашно чување големина. Го погледнав само странично и му викам дали се слушаш што збориш? Ќе шетам јас со бебето со гол гз за една пелена. Си свати одма дека нема расправање денес е на пластичарска, да разгледа само и да слика за на вибер.
Па на пример мене ми рекоа да посматрам фетални движења и ако ми делувало млитаво бебето да се јавам на преглед. Или Бракстон хикс на пример може да кажеш дека осеќаш болки не знаеш дали се лажни...Ако има матичната цтг речи и да ти направи, мене со претходната бременост кај неа ми беше прво цтг...сега нешто наудрена се направи. Кој ќе мења хартии, корона, ризик...
Мене за првпат ми открија циста во бременоста. Докторката рече дека најверојатно е полна со крв, ради тоа што не сум добила менструација поради бременоста. Ми објасни дека не е страшно и дека ќе си пукне со пораѓајот, немало потреба да се третира и надгледува. Јас се мислев дали да купам монитор, во три соби сме, ама па пералната ни е доле на први спрат, сакам да го имам за кога ќе се бањам, моијам садови, готвам... И му го објаснив тоа, рече океј, вчера само што паркиравме за да купиме, вика што ќе ти е... Истиот муабет за бањарка, сме имале еден куп наши, зошто морало за бебето посебно. Мажи...
^од следната недела ќе сум почнела со цтг, значи 36+ би било моето прво цтг, само што се вратив од кај матичната.