@kukla21 на 5ти спрат одиш за цтг, па после се симнуваш за преглед? Ми рекоа пола саат порано од термин за преглед да одам за цтг.
некоја до сега да не има земано duphaston? изгледа е нешто како добростон. Како што разбрав е за плацентата и за тие што имале миссед во бременост се дава
Па и навистина немаш потреба од канта за пелени. Ако планираш во соба да ти стои, одма да ти кажам дека мочки мирисаат, а за каки што да ти кажувам. Пелена во веце се фрла. Е ако сакаш нова поголема во купатило, тогаш добро. Јас пелени на тераса фрлам. Цтг во 36 е убаво да се почне. Се следат тоновите на бебето, како работи срцето итн. Јас имав крупен плод, па докторот препорача од 36.
@MilaSs12 па во право си ама сепак поблиску ми е терасата отколку тоалетот. Во секој случај треба поголема и поблиску да е. За кога сум сама со детето за мој личен мир. Сакам се да ми е при рака.
Јас на 5ти одам дека таму е докторот. Мислам има и на 1ви. Сестрата ми спомна дека на 1ви нешто ќе реновираат, па на 5ти ќе користат амбуланта докторите од 1ви. Може затоа ти кажале на 5ти да одиш.
Бебе ке почнува да се превртува дури после 3 4 месец. До тогаш имаш време да одиш било каде да ја фрлиш пелената. Ти прави си како ти одговара, кажувам од искуство како е. Мене и сега ми се случува да не можам одма да ја фрлам па ја ставам до кревет. Ама нелогично е во соба да собираш памперси, мирисаат, не за друго.
Незнам каде ќе се пораѓаш ама баш денес прашував, имено за на државно можеле да те пратет на цтг од 38ма недела а пред тоа ти прават кај матичната... Барем мене така ми кажа мојава
Петровска си останува на 1ви со амбуланта, јас вчера на 1ви правев цтг. Реновираат иначе од вчера, нема пристап до вц-то на 1ви веќе...
Сабајле проверував СRP по наредба на матичниот и покачено ми е на 9.55, а нормално е до 5 максимум. Бактеријата во урина ја исчистив конечно и плус брисевите од Стрептокока и вагиналните ми беа негативни... Од што мoже да ми е покачено CRP?
Bogami me castea samo edna konsultacija so transfuziolog, ama nema da ni e loso po eden poragjaj da castat 35 nedela sum, ke si ja trpam bolkata se e vo red, samo bebevo nema mesto sve mi se sobereni organive i pritiska. Bitno zolcka, bubrezi sve mi e vo red se preplasiv. Bev vo zeleznicar doktorkata preubavo mi objasni, ako sakas da si mirna zakazi si tamu.
@MilaSs12 јас го начнав муабетот за корпите, па да се доискажам. Нема шанса бебе да оставам на пресоблекувална а јас во тоалет да одам да го фрлам памперсот, оти не се превртувало првите месецина тоа уво јас не би спиела. Корпата не ми е купена за памперси, бидејќи мирисаат кога се во соба, најмногу ми е за влажни марамици, памук или за стерилните гази кои би ги користела по чистење на папчето на почеток, за било какви етикети или незнам ситници кои би ги фрлила во неа. Големината и е 20тина см, со 2 памперси веднаш би се наполнила. Одкога ќе завршиме со пресоблекување, бебето со мене, па заедно ќе ја фрлиме пеленката во тоалет муабетот беше со утнатиот капак на корпата кој требаше да биде на лулање, а мм ми земал со класично отварање
Кога сте кај канти.. Имаат на Томи Типи едни канти со механизам. Фрлаш пелена и механизамот ја врти некако за да не мириса со не знам што...ама 6000ки мислам кажа таа ВАЖИ
И не треба никогаш не знаеш што може малото газе да изведе.Нас ова неколку пати ни го потенцираа во болницата никако да го оставаме бебето на пресоблекувалната само. За пелените јас имав мали ќесенца и собирав во нив по 2-3 ако се само со урина, а штом дојде со кака одеше одма во надворешната канта.Тукашните канити за пелени не пропуштаат мирис.Баш како овие на Томи Типи.
Па и нека мириса на крај краева после толку пелени сменети и млека бљуцнати валјда ќе отрпнеме. Дека собата ќе ми мириса на чисто и пудра преку цел месец не гарантирам. Прво јас ќе се препотувам и нема да стасам да се бањам редовно од грижа околу бебе. Ќе го чекаме тато да дојде сите да не среди хехех како и да е гости не примаме ќе си седиме дома и ќе си смрдиме А оваа од томи типи може и јас така рачно да ги смотам . Плус во џамбо има 20 литарски кеси парфемирани што сум ги користела за кантата во кујна и стварно се трпи подолго и обично и органско ѓубре не го осеќав ми беше мерак да сменам нова ќеса. Ми завршиле ќе си земам пак.
Јас ја купив, нели за првото се притресуваш мора све да има. Секоја пелена што ќе ја фрлиш ја затвара како во кесичка мала и стварно не мириса ништо. Арно ама мене никој не ми кажа дека со новороденче и по 5 пати само во ноќта ќе мењам пелена, а оваа едвај 3 до 4 ги собира. Купи маж ми голема канта за на балкон и фала богу само и неа ја користев. Во кујна каде имам уште една канта фрлив неколку пати памперс се усмрде станот. Кесичките после ги користев за надвор кога сме излезени ако мењам пелена ставам во мало кесе па во канта, многу практично. Дали на гости, на преглед кога сме оделе ми остана навика во торбата секогаш мали кесички со мене.
Луди женски глави,види ги што разлагаат и за што се нервираат Од прв ден вака соблакав бебе: Значи менувам пелена, ја виткам и оставам на под на една минутка, ставам нова пелена и со бебе во раце одам ја фрлам каканата. Какви канти за памперси, какво оставање бебе за да тркнам до тоалет. Минутка време е тоа..
Aha super sto si ok,koja doktorka kazi mi i privatno se pregleduvase ili so zakazuvanje preku maticnata
Мене прво цтг ми се погаѓа да правам во 34та недела , ама мене така ми се совпадна поради терминот. Последен пат на преглед бев во 30та недела и рече нареден месец на редовната рутинска контрола ке направиме преглед ( последен кај матичен гинеколог) и прво цтг. После тоа бременоста ќе ми ја води докторката што ќе ме пораѓа. Да ви кажам, од капините што ги јадев секој ден по 1 чаша хемоглобинот ми рипнал од 103 на 110 и баш се радувам. Во меѓувреме ги пиев и Хемовит плус ама не ќе да е од нив бидејќи и во претходните месеци ги пиев а немаше многу подобрување. Капините ми средија работа И на бебка му се допаѓаат се претка кога ги јадам. Може и фацички прави 3 чаши швепс се напив сега и уште ми се пие.. да не ја претерам ај. Ни жед гасат ова соковиве ни ништо.
Да си купиш канта за пелените Немој да се лажеш да фрлиш пелена во кантата во кујна или вц, следно отварање ќе паднеш во несвест До 5 месеци кантата и шкафчето за пресоблекување ми стоеа во дневна (кога доаѓаа гости ја вадев од соба) затоа што од практична гледна точка мене така ми одговараше. Пресоблечи,фрли одма во канта,на маса имав дезифициенс,избриши раце (кога не можев одма да мијам) и гушкај се со бебе. Можам и да кажам дека не се осеќаше некој мирис до тогаш. Од 6м веќе не ја користев подлогата зошто се вртеше и го пресоблекував на спална. Откако почна со цврста храна, мочките ги фрлам во неговата каната, а каките врзани во ќеса и директно во контињер (го жалам баци што бара пластика) Тоа труе не се трпи ,си викаш како може од мое дете да се гадам и јас не верував...ама ете се најдоа маскиве,пред некој ден со маска му менував пелена