Сите совети ти се на место. Исто размислуваме. И јас сум во план на едно масиче во ходник да ставам гел за раце пред да влезат најблиските да нема потреба да им напоменувам дека за мало бебе се работи. Плус ако успеам да си приуштам безконтактен термометар ќе го ставам мм на врата како разбацивач да им мери температура. Кантата краток период зимово ќе ја користам. А би се празнела често и два пати на ден. Кој поминува ќе го праќам да фрла пелени на одење хахаха. Не ми е паметно да отварам тераса да правам температурни разлики бебето ќе ми е во иста соба.
Здраво на сите, јас сум 34гн+1 на вчерашна контрола кај матичен ми беше измерена вишок на плодова вода т.е на мерење во еден џеб имаше плодова нешто над 9цм а нормално било од2 до 8цм. Бебе оди понапред со димензии на глава за 3 недели, како демек во ред е се друго нема никакви аномалии.Дали некоја од вас се соочила со ова? Да напоменам дека до сега се беше во граници на нормала, направен ОГГТ во 27гн со вредности во нормала, плод до сега свртен карлично на вчерашно ехо веќе свртено со главче, протоци во ред, бебе 2500гр, примам клексани заради хемостаза, јас со вишок телесна тежина, брисеви негативни јас со болни стврднувања на стомак кои ми го отежнуваат секојдневието, па во глобала лежам. На секоја крвна слика високи леукоцити до 20, уринокултура чиста. Ова ми е второ бебе прво пред 7 години родено природно со 4.300 тежина. Да напоменам дека не ме загрижува тежина на бебе, во ген ни е да раѓаме крупни, туку количеството на водата. Пак ке правам скриен, но читам и за можни маани и деформитети кај плодот како причина за зголемената вода. Дали некоја имала искуство и како се одвивале работите? Се извинувам за долгиот пост
Тие од дома ако излегле со темп па да треба ја да им мерам на врата..треба да е ептен ненормален во памет. Не се замарај со луѓе. Ја си кажав со маска во ходник 10-15 мин и ајт. Какво држење да му дише во уста на бебе. И тоа тука подразбирам само родители наши друг никој. Не ми е ради ништо друго ни од коронава не можеш да се заштитиш. Туку ако ми се настине и качи темп ја ќе трчам у сред ноќ по болници а болнициве фала богу нема да те примат без тест...на крајот тие што ти се нацртале нема да бидат во паники колку тебе, нит мајка ќе паничам, а свеки секако ќе ми каже: "Не знам што да прајте како успеавте да го настинете сигурно млекото ти е слабо" Се убацив малце да си се испукам пошто ме замараат сите бебе уште неродено..тек кога ќе се роди ќе биде пцуење
Го имам муабетов слушнато милион пати и секогаш се нервирам ко прв пат да го слушам, не можам да си помогнам
Па еве ми вика Леле во комшии имаат бебе нема 2 мес плаче стално. Сигурно е гладно. Викам може грчеви се. Не...она чула нон стоп плаче гладно било си викам офф муко се они знаат
Бебе не се остава ни минутка на пресоблекувална без надзор дури да тркнеш да го фрлиш памперсот, какви 3-4 месеци. Какви грчеви, скокови, заби, плачат само кога се гладни и точка Мајките не чинат, ништо не знаат овие модерни мајки , само они знаеле... Немам коментар со балканскиве коментари. Пошо ние сме ментални ќе си ги мачиме децата нели цццц (Саркастична сум, да не ме нападнат со дијагнози : D )
Мојата ми рече пеленка да сме го замотувале околу колковите за да било стабилнонеколку пати во денот, врз облеката И викам не не не, седите си мирни. Самото бебе ќе ни покаже како му одговара. И одговор на тоа добив: хаха бебе ќе кажело само, тоа ништо не разбира, ние како ќе сме го научеле тоа така ќе се навикнело И медицини и се паѓа во вода, со вакви размислувања. Мислам дека ќе се скараме уште во првите 5 мин кога ќе ја видат малата Ахх, нека ќутаат, не ми требаат енциклопедии бабски
И од урици А мојата пелените не ги фрлај навечер во кантата надвор на тарасата нешто духови се збиралеЗа 2 недели колку глупости кажа што уште се смеам А свекир ми не се бакнувале нози на бебе нема да преоди
Чекај чекај. Јас све сум сакала да купам. Зашто стерилизатор ќе сме вриеле на камин тенџере. Што ќе ми е релаксатор во раце ќе го клацкам. Не ми треба пумпа градите ко фонтани ќе ми биле. Што ќе му се пешкири имам пешкири од чеизот. Итн итн. Фино лепо барем имаме изговор со коронава. Ќе им речам на мајка и свекрва извини ти работиш страв ми е со коронава и ајт клуч на врата. Само да ми згазнат на нерви.
Навечер дома се спуштаат ролетните за темно да не ме виде ни мене ни бебето, оти млекото ќе ми секнело. Неможааам
Здраво, јас се породив со првото пред 19месеци со вишок плодова вода Детето ми е здраво,право без никакви аномалии се е супер. Јас имав и плус проблеми бев на патолошка и се породив 34 недела но не што бев со вишок плодова. На пораѓај ми го пукнаа водењакот и два ,три пати празнеа вода од мене.Не се плаши,добра мисла само и лежи одмарај бар до 36 г.н.
Урлааам ќе се помочам од тебе јас Ќебенцето од син и од пред 40години ќе го нашла за со тоа да ја покриела внука и, кога ќе сум ја оставала кај неа. И до 3 месеци ќе сум доела доста било, потоа секнувало млекото кај СИТЕ па и кај мене, и царски ќе сум била, цел месец ќе сум лежела во кревет оти конци сум имала, па она ќе ми го носи бебето и ќе го зима, оти јас не ќе сум можела. Можело и да се вратам на работа, она ќе си го чувала бебчето, нас пари ни требале
И никако “чао” и “пријатно” да викате, ни во живо ни на телефон, оти пријатно на млекото ќе му речете и ќе ви секне магично
Ако е само ќебето добро е. Мене облеки и играчки ми нададе пд пред 35 год. А муабетов за работа исто они ќе го чувале јас да се вратам порано секако цела бременост сум дома. Гревота снајка дома
Сериозни ли сте со пријатно и со ролетниве дека вака ви зборат? Стварно се нездрави луѓево... Ај ако не дома у темници, никој да не дојде, ништо да не збориме.... А смееме ли да се бањаме, прашајте и тоа да не биде после не сме знаеле ♀️
Aко ти дошле гости ти кога ќе ги испраќаш да не им велиш ајде пријатно оти со нив и млекото ќе ти заминело ако речиш така. Ова и јас го имам слушнато. Кесите со работите купени за бебе да не се оставале на под не чинело, под креветчето од бебето да имало мала метла за да не било само навечер. Како е само не можам да разберам кога јас ќе бидам до него и навечер и преку ден. Адети бапски што останале од памтивек.