И јас ја мислам lady... сигурно веќе се гушка со бебушот едвај чекам да се пофали и да каже како поминала
Tuka sum devojki,imav gosti denovive,seuste nema nisto novo,ne znam ili bebus e tvrdoglav ili ke go bide patriot,go ceka praznikov . Utre sme na kontrola pak,ke vidime sto ke bide,jas nekoi jaki simptomi nemam,osven bolki vo polovinata,no edvaj cekam da se porodam i veruvajte,od vozbuda ne mislam na nisto drugo samo da go zemam bebus vo race. Uzivajte i podgotvuvajte se psihicki,samo taka stravot ke go snema. Ubav den,meskovci! (se izvinuvam za lat. od mob.pisuvam)
Епа еве и јас да во се приклучам на темава редно беше Сабајлево правев тест и ми покажа две цртки. дадов крв ама ми реко резултати после 15 часот. Сакам да ве прашам што да правам, зошто утре планиравме да одиме на одмор три недели, а ја сабајлево дознав дека сум си трудна Зошто ептен рано ми е последен циклус имав на 5 Јули, добивам на 27 дена и вчера ми беше последен ден да недобијам Дали мора да останам за да одам на гинеколог и кога треба да одам ништо незнам?
Здраво мамички, Ве поздравувам топло, јас сум нова на Форумот и сум многу возбудена што ви се придружив Во 25та недела сум од бременоста и носам момче кое едвај чекам да си го видам Прва бременост ми е, досега се е нормално и Дај Боже така и да продолжи. Последниов месец само забалежав дека ми отекуваат стапалата, не цели нозе, само стапалата. Прво поврзав со тоа што јадам солено, па затоа драстично ја намалив солта. Исто мислам дека фактор беа и жешките денови и тоа што работата ми е седечка цел ден 8 часа, со нозете надолу И пред една недела кога си бевна редовна контрола, докторкатаме советуваше да јадам многу повеќе риба, и општо месо, ама посебно риба, зашто рибата ја вадела водата од телото Од тогаш појачав риба во исхраната, па ќе ви кажам кој е резултатот. Имајте убав ден
Најпрвин честитки мацко... Реално гинеколошки колку што сум информисана утре правиш 4 недели од бременоста (иако реално ти имаш останато бремена околу 15-1... Можеш да отидеш на гинеколог одма, но мислам дека е раничко малку, таму за две недели ти е најубаво, пошто гинекологот ке ти каже (да има нешто) но да се видиме за две до четири недели да видиме срцева акција и да направиме уште еден преглед... Евентуално можеш да отидеш чисто за себе за да видиш на кој дел од матката е залепен плодот... Или пак јави се на гинекологот и кажи му ја каква е ситуацијата он најубаво ке ти каже што да направиш... Да сум на твое место одморот не би го одложувала... Како и да е со лесно нека ти е цела бременост, и имај убав одмор....
Честитки и со лесно! Мислам дека немаш проблем со одење на одмор, но никако немој да се бањаш во базени или некаде каде не е чиста водата, не ти треба сега некоја инфекција да закачиш!
Најпрво честитки и добредојде во темава, ти посакувам лесна и убава бременост Сто се однесува до одморот, мене ми се случи истово сто и на тебе ама ние се отказавме, има време за одмори, а недај бозе несто да се случи после има да се каес цел зивот! Со авион не смеес да летас до крај на 8 недела сигурно а за со кола во случај да ресите да одите ,обавезно многу вода пиење и на секои два саати пауза и разодување! сами донесете одлука, и нека ти е со лесно усте еднас
Ах Лори, ти си нашата ѕвезда водилка Бев на гинеколог прееска и ми рече во понеделник да одам да ме види на ехо. Инаку ние во Дојран ќе одиме така да мислам дека нема да биде проблем, нормално нема да се бањам. јас имав спонтан лани , па сега ми даде некои апчиња Добростан и тоа 2 пати на ден по едно. Има ли некој искуство со овие апчиња?
Добростан или Утрогестан е исто, првите се пијат, вторите вагинално се ставаат. Се даваат за поддршка на плодот и секоја трудница ги зема. Пиј си б6 и фолна и овие апчиња и уживај за сите труднци на форумот
И јас пиев Дабростон откако дознав дека сум бремена, до 20-та недела. Во 12-та прокварев, имав хематом, и од дабростонот побрзо ми помина. Секогаш кога имав мали болки долу, од нив ми беше подобро. Така да апчињата се само за добро, слободно земај си ги. Јас немав никакви контра индикации од нив. Поздрав и со среќа цела бременост
Браво, браво Лори, секоја чест, тоа е вистинска мајка, а не само да си го гледаш сопствениот газ демек неможело еден одмор да се пропушти. Навистина неможам да разберам како трудници се решаваат да одат на одмор како да им е тоа последниот одмор во животот или е нешто толку битно. Прво изложувањето на сонце воопшто не е здраво за никого а камо ли за трудница особено во почетен стадиум, кога е тука и гадењето, повраќањето, кога и самиот организам се прилагодува на ново настанатата ситуација, а вие го изложувате на дополнителни стресови. 2. Промена на клима која дополнително влијае на целокупниот организам, а посебно во специфични услови. Страшно е кога читам идна мајка на која и е по битен одморот отколку контролите кај лекар за своето идно чедо. Зарев воопшто треба да се прашува што да изберете?
Мислам малце претера со осудата Не верувам дека било кој смета дека одморот е побитен од здравјето на бебето, и секако се треба со разум да биде, но многу често тој одмор може баш многу добро да делува. Лори ја разбирам затоа што навистина со авион не може да оди било каде, и да прави нагли климатски промени, но одење во Дојран, или Охрид, или Маврово, или на море блиску, не може да му штети на плодот. Тоа не значи дека таа што ќе оди таму ќе се сонча по цел ден и ќе вози педалинки или ќе пропушти лекарски прегледи, напротив ќе се релаксира и ќе го изложи својот организам на чист воздух, кој за жал овде во Скопје го немаме. А секако, најповикан да даде или не одобрување е докторот што ја води бременоста.
честитки за новите мешиња девојки да ве прашам во врска со кукните обврски, дали чистите со правосмукалка? тоалетот вие ли го чистите? откако дознав дека сум бремена се мажми го терам да заврши ама гледам му се здосади веке ама па од друга страна на толку со маки добиена бременост и страв ми е да чистам и да се замарам
Take it easy Срна, не кревај паники меѓу идните мајки за џабе, и сопри си ја таа желба за константно осудување, не е баш пријатна Првата бременост ми заврши со спонтан, а бев и одмарав дома, зошто бев уплашена и под стрес дали правам како треба. Вториот пат дознав дека сум трудна ден пред да летаме за Египет. Возевме со кола до Белград, со авион до Таба, со автобус 2 саати до хотелот, и истото пак на враќање, и за твоја информација, имав прекрасна бременост. Сега пак бев на море, 14 дена, во 3 месец од бременоста, и до сега ниту еден период не ми бил толку пријатен и смирен како тој, затоа - остави ги мајките да си се консултираат со нивните доктори и најважно, да си ја послушаат интуицијата без паники и осудувања од страна.
Јас сама работам се.Ама се онака лагано,релаксирано без мн напрегање и брзање.Вчера правев генералка низ дома но со паузи .Си пуштив музика и полека полека си средив.Стомакот ми е голем 9 месец сум па се трудам мн да не се виткам.Затоа користам џогер за купатило и ламинатот значи не се наведнувам на колена Керка ми исто сама ја бањам во када.Се зависи од тоа како се осекјаш ти