Овие размислувања, за жал сеуште постојат. Прво се смеев, па игнорирав а следно ќе одбрусувам со одговори па нека се лутат
Па и ја од прееска им се чудам... Ехеее уште колку дилеми вакви ќе имаат и после ќе сфатат дека пола работи не им требаат
Мајка ми ми даде скафандери од мене и брат ми стари 30 год. Јас тоа што одбрав одбрав другото ојде. По две недели си ги побара назад ако не сум ги сакала. Реков дека отишле во црвен крст. Жената се разочара духовно. Велам оооо мајко колку значење наддаваш имаш толкави деца магариња живи здрави не им се тресеш едно парче материјал те потресе. Падна закана ќе видиш ти на своја кожа. Абе што чини ќе донирам што не оде. Алиштата не ми се побитни од детето. Нема да го извадам ќебенцето и постирам на фб и ете го син ми на прв авион од туѓина се враќа да му дадам цице. Боже боже...Добро жени дали и ние вакви ќе бидеме за нашите внуци?
Не спојлер, книга роман ќе се напише со овие мудрости, ми се плаче не ми се фуче, е до толку е трагикомедично Добро познатата реченица- еден ден ќе видиш колку не е убаво кога твојта снаа вака ќе те зафркава
Ме изнасмеавте кај мене се случи сон да сонуваат како бебето се родило и плачело и дотрчале до соба да видат зашто плаче навечер боже господе им викам и врата да не отворивте? Замислете што би се случило кога би се родило они и цицка ќе му дадат и грчеви ќе му смират и се што треба ќе направат само знам кога ќе се роди дека ќе има борби
ахахахаххахахахахаахахаха да сте ми здрави и живи ме изнасмеавте до сега мојата нема кажано некој бисер, се надевам така и ќе остане
Дааа и тоа од баба ми ми беше кажано, ма и се пукнав од смеа, и реков “ок бабо ајде пријатно,не се секирај за моето млеко”, ја испраќав од кај мене дома. Ништп не ги слушав, ниту па ќе слушам и за второво. Глупост до глупост Се напротив им правев, да се освестат дека не се ова ‘50те или ‘70те години..
А бе како што ве слушам вака некако мило ми е дека немам свекрва а за жал и со мајка ми не сум баш во ок односи па овие муабети ке ги избегнам од нив Ама жени што имам еден свекор па 10 свекрви не му се рамни е тука ке биде интересно само ке дава коментари а неможе и да сака да помага па ке биде весело
Не се нормални стариве, значи не се Во мој крај на доилки им носат деца со инфекција на очи, да им "цибнат" од млекото во окце, директно од цицка. Едвај чекам некое да ми донесат, интересно ќе биде кога ќе ги набркам. Да не се шишаш додека си бремена, за да било паметно детето.
Сега не не викаат на ручек "да не ризикуваме со корона" Ама бебето кога ќе се роди нема потреба да пазиме толку си имало имунитет
Докторите од болница кажаа никако доаѓање одење месец дена осетливо е бебето што ги вртиш нека бркаат работа они нека си се частат вие седете си дома со бебе и уживајте си
Каков месец дена ПОВЕЌЕ!!! Планирам да се затворам и никој да не примам подолго време (термин ми е Јануари а тогаш освен коронава и вирусите сезонски се во полн ек), дури ни мајка ми и татко ми и родителите од мм (мајка ми работи во градинка и сега како ќе ги отворат градинките јас ќе се поздравам од идење на кафе кај Нив кое до сега ми беше единственото излегување а кај свекрва ми имаше колешка која криеше дека ќерка и е позитивна па и она после неа нормално испадна позитивна па не би да ризикувам) модерно време е сега може да се гледаме на скајп, вибер...
Аии зошто се чудиш.. Па бебе дали беше една недела, кога свеки се префрли во спалната на девер ми да спие за во случај јас да не слушнам кога плаче, она да ја нишне една вечер ми ја отвори вратата, глеам саат 3 по полноќ.. “Зошто плаче”? ај легни си и викам, јас сум тука не ми треба никој во ниедно време да ме проверува. Да не ни текнело “неубави” работи да праиме со мм, оти немала 40дена малата, па може и тоа сакаше да провери успат
Се убив од смеење вчера, завчера гледав филм со Шарлиз Терон во улога на мајка со три деца, едното од кои бебе, и баш во ваква корпа ги ставаше пелените,стискаше и корпата ги моташе реков ќе барам таква. За 6 илјади ама, сама ќе ги мотам. Јас штипка планирам да ставам на нос за мењање пелени. не знам и тоа дали ќе ме заштити и не ќе истурам црева али, вреди да се проба а ако му го бацувам газето, шо ќе бидне...а) нема да кака или б) нема да може да седи утре на газот
Кај вас свекрвици со 300 умови, кај мене мајка ми. Свекрвица засега си стои настрана, ништо не коментира и не се меша, ќе видиме сигурно ќе е обратно кога ќе се роди малава, ама бар што знам по јатрва ми кога се породи, нема да е толку напорна, ќе си го каже нејзиното и ако ја послушам-арно, ако не-пак арно Колку што она не се меша, толку мајка ми се меша. Сите тие бапските муабети, и реков само ако почните да ми попувате некои застарени адети, не ве примам дома Исто зела алишта од јас ко сум била бебе што ги зачувала, абе и викам не сакам, она јас ќе ги чувам да се најдат. Што да се најдат пожолтени шпихозни жити се Многу ми е страв од ова мешање на баби-жаби зошто по природа сум и онака импулсивна, а тогаш тек и хормони полудени- да не ја напраам големата
А па и овие кај мене не е само свеки и золва плус комбо се дуо фантастико и таа твојата со сиот памет влегла па уште си и кажала ај оди легни си...абе пушка покрај кревет на диаболи и да не и текне да влезе више
Јас веќе им кажав однапред на двете - што и да планирате од бапски муабети НЕМОЈ да ми правите, зашто за инат ќе направам спротивно и тоа го гарантирам. Ќе се искараме сигурно, па подобро да си поќутат. Засега ги средив. Ама послеее ќе биде - стави му бисквитка во кашата, да згусне. Стави малце сол, колку за вкус. Како 6 месеци само на млеко? На другите внуци им дававме јадење од 3. Дај му коска од копанче од кокошка да цуцка, за да биде паметно. Дај му парче сланина да цуцка, за да биде здраво. Давај му лепче, не се најадува само од зеленчук и овошје. Или ќе се исклучам ко што знам, или се' ќе набркам. Ова веќе сум слушнала како советуваат други, знам што ме чека. И знам дека нема да им го оставам бебето само зашто ќе го товат со леб, манџи, чоколадо, сол и глупости пред да воведам ко што треба. Тоа сигурно би подметнувале и ич немам доверба. Посебно со татко ми и смоките, и сверква ми со што и да јаде, зашто греота било да гледа. Ќе си биде лепенка до мене и татко му.
Леле леле леле што сѐ се изначитав... Јас и на свекрва ми и на мајка ми им викам дека се добредојдени кога јас ќе изразам желба и потреба.. и дека ако сакаат да чуваат внуче мора да биде по мои правила. Викаат дека нема да се мешаат, ќе бидат послушни, па ќе видиме. Реално до сега од никој не можам да се пожалам, за ништо не ни се мешаат - живееме сами и за свадба, за опремување дома, за купување за бебе стално е ‘одберете што си сакате и кажете кога да ви дадеме пари’. Се надевам така и ќе остане Е сеа му спомнав на мм дека не сакам да го бацуваат и лигават бебе ни по лице ни по раце, ми вика дека не може тоа да го забраниме, прво внуче е, како да им кажеме ‘не го бацувајте’ а замисли па да кажам маски да носат или па дека не може да дојдат првите месеци да го видат Ќе биде борба.. среќа пензионери се сите, па не се критични до толку...