Ако пораѓајот е тежок може да се случи траума на цервиксот и поради тоа да се дојде до една состојба која се нарекува цервикална индуфициенција, ама тоа е ретко и не верувам дека тоа ќе ти се случи ако ти веќе знаеш дека имаш скратен цервикс, докторите ти ја следат состојбата. Не значи дека апсолутно ќе раѓаш со царски ако имаш скратено грло, туку на пример, ако имаш голем плод и докторот одлучи дека може да се случи повреда ако се пораѓаш природно, па таа повреда да доведе до цервикална инсуфициенција, тогаш да одлучи царски. Ама ако е се во ред, не значи дека ќе раѓаш со царски само затоа што имаш скратено грло. Ако помине се во ред со пораѓајот не значи дека цервиксот е иритиран за следна бременост. Таа цервикална инсуфициенција се добива од други точно определени да речам повреди или при некои дијагностички постапки, а пораѓај никогаш не сум слушнала такво нешто дека го иритира цервиксот за наредна бременост. И во наредната бременост може ќе имаш скратено грло, ама се додека ја пратиш состојбата, ако ти дадат утрогестан да земаш, па ако треба и серклаж, нема според мене место за паника. Пиши што си разговарала со докторот, ме интересира
Утре 36та недела, полека се ближи времето. Лежам полугола во дневна на кауч со отворени прозори на 10 степена оти немам воздух и жешко ми е. Боже ми помози! Ме испреплашија со хорор приказна за анестезии и чуда, а знам дека без нив не сакам да се породам. Вас бе страв ли ви е? Ве читав поназад за свекрвите и мајките, дали сум само јас ненормална што ги утепав од молење да дојдат? Уште па и свекрвица сака да и' најдеме смештај, ќе седела тука месец дена, не сакала да ни смета, мојов се радува, јас се лутам и барам да спие кај нас и да ми помага. Некој овде не е нормален.
Верувај не ти треба да ти помага рачунај 24/7 ќе биде со тебе ни ти наспана ни она што се вика нема да можеш да ждригнеш од нејзе може ќе ти се спојат хормони се ќе те нервира па после да се покаеш што си ја викнала да седи кај тебе па може и нема да сака да си отиде со месеци седи си мирна и јас цела бременост мирна бев али сега во 9ти се смени односот и не можам да трпам како предходните месеци. Плус сама ќе му фатиш ритам на бебе кога ќе го бањаш,да јаде,спие итн вака кога ќе има некој поред тебе ќе се опуштиш после ќе сватиш дека ќе ти е мачно ако не ти одговара
Добро бе жити све си ќутеше ти ништо не им префрли не им кажа може барем 7 дена да сме раат малце да не ве гледаме,слушаме?
Za pomos ke se najdat ama i za visok pritisok Da se nashalimr malce. Da ti kazam me fakja i mene strav sto ne se iznaslusav iskustva od drugi i dobri i losi, ama gledam da ne stavam na srce da ne panicam.
Па со вакви муабети ко ќе почнат на трудници, боже господе. Така една колешка. Ај да не ти кажувам, ама... нит сум ја прашала, нит ме занимало.
Јас забранив да ми зборат за пораѓај. Некои веруваај и претеруваат..имам блиски што стварно раскажуваат и претеруваат и дека не знам како тешко поминале ги глеаш за година дена оо трудна пак. И викам како бе не ти е страв нели хорор во болница. И од тогаш баталив секого и а ми почне некој да ми збори мењам тема.
Е не им реков, а и мм не им рече уствари тој е тој што треба да им рече нешто ама не... Се утепаа од прашување кога и каде ќе одиме на одмор и не кажаа што имаат во план. Ја земале и внука ми од золвата нели за да не можам јас ништо да кажам...Смештајот им беше во истото населено место ама до плажа и сабајле ни " чуваа" место на плажата. А ние со сестра ми и они сосе деца... На сите незгодно, а не можат да преречат одма ќе се изврти друкше муабетот дека нејќеме внучето да го гледаме и братучедите да си играат и така... Абе ви реков овие наглавечки ќе се превртат само по нивно да е...јас не се поболев за џабе...има нешто...
За епидурална ниту болеше кога ми ставија ниту имам проблеми со половина. Не си единствена и јас моите ги викнав од 30.06 до 30.07 , а термин ми беше 15.07 се породив 23.07.Со бебе беа само една недела.Од кои јас се си правев.После дојдоа свеќи и свекор 2 недели оти свекор работеше не се делат они и така.Мајка и свеќи ми готвеа и тоа е многу помош искрено.Да апнеш да го придржат ако не спие.За доилка јадењето е најбитно.Ако не си нервозен тип нема да ти сметат.За зборење нека си зборат . За второ не планирам никој да викам ама ако сменеме стан може и ќе ги викнеме свекрвовци да ја чуваат малата додека се пороѓам.Ама па они во зима од пештерата не излегуваатАј здравје да видиме како ќе е ситуацијата со ковидот.
Леле ме изнасмеа со ова "ни чуваа место" Стално си викам ја срамежлива не им се натурам на народ. А глеј луѓе без пардон си проаѓа и си тера кеиф
Па и јас така да не знам да се наметнувам и не можам со вакви да излезам на крај, ни сум така скроена ни сум така воспитана, ако треба од некој услуга да побарам или не барам или ќе се претопам ако побарам, затоа си патам од себични луѓе без осет...
И јас бев со скратен цервикс во првата бременост од 24 недела од 31 отворена бев два прста со две инекции за зреење и изгурав со одмор и лежење до 38 сега пак во втората ми е пократок ама си земам утрогестан два пати на ден и гледам колку можам да не се оптеретувам физички к едвај чекам на контрола за едно две недели да одам која недела си колку цм ти е?
Јас на почеток од бременоста си ветив дека нема да читам многу. Секој со својата приказна, свое тело и свој организам, што не значи дека ќе важи и за мене. Дури и сопствените бремености и пораѓаи се разликуваат едни од други. Луѓе, ви се верува ли дека искуството ми го споделија на сопствениот бејби шаур... Јас со с томак до заби, пред пораѓај... Што вика кукла "на трудница такви муабети" . Ноќта не спиев! Среќа доаѓам на темиве и се смирувам со вас.
Вчера на прегледот беше се во најдобар ред, докторката повеќе од половина час ме задржа и се детално гледаше и следеше, нема место за паника, најверојатно болките се јавиле бидејќи премногу сум се оптеретила, а тој ден бев баш активна. Само ми даде превентивно утрогестан. А што се тиче за муабетот од погоре за свекрви и гости, мене искрено ме фаќа страв уште сега како ќе ме биде тогаш, сите роднини и пријатели уште сега си планираат како да ни идат на повојница, јас сирота луѓе ич не сакам околу мене и општо, а не па после од кога ќе се породам, а мм е приказна за себе он па баш ужива во гости и среќен е што ќе ни идат, ама јас уз муабет секој ден му повторувам едно па исто да го запамти како стихотворба за во школо, дека не сакам гужви и гости да ми вика и да ми закажува средби или во спротивно јас ќе си се заклучам во соба со детето а он сам да си седи со гостите и да ги пречекува.
Примате уште една трудница? Трет пат сум на темава инаку. Имам две веќе пркнати дечиња, ова третово не' изненади. Терам 13-та недела, сега за сега Фала и Слава на Бога се' е одлично.
Мило ми е што се е добро, да остане така до крај и со лесно да поминеш на пораѓај, превентивно и јас кога имав болки пиев добростон, сега па грчеви имам во стомакот од што неможам да се олеснам во тоалет. А ова со свекрвите, во тој поглед јас немам проблем, и да дојде а сигурно ќе сака да го види внучето ќе поседи ден два не е наметлива, за тоа не се замарам ама ова што пиша за гости роднини повојници каде бре во сред корона со новороденче нема шанси доаѓање тоа и мм несака, само нашите и толку.