А бе луѓево се бог да чува. Ај да си правите муабет и двете со искуство како сте поминеле, па некои приказни што сте чуле, ама вака пред пораѓај филмови, многу глупо. Аииии. Големи ти беа другите нели? Како реагираат на идејата за бебе. Со лесно до крај.
Мојата свекрва запнува бебе да ми бања одмор да земала кога ќе се породам, да ми дреме тука... А башка не сме ич во добри односи, во темата за свекрви пишав што се ми изнаправи кога бев 7ми месец, ама маж ми сега и дозволува прво внуче и било. Јас не сакам никој бебе да ми фаќа, ќе дојдат моите на 10 мин со сестра ми и децата и тоа планирав., не да ми доаѓа секој ден дете да бања.... Уфф значи без осет и за ситуацијата со корона и за се
Многу се напнувам кога ќе прочитам : Маж ми и дозволува. Извинете ама 21век е не е жена само да раѓа. Нема што маж ми... Маж ми и јас заедно ќе се договориме кој да дојде кој да го бања и колку да седи. Ај малку на маж ти заби покажи му...умре тоа време кога жена седеше дома и ќутеше. Сака да доаѓа да го бања пошо адет било свекрва 40 дена да го бања? Абе готово...ја се мачам тука 9м прегледи стресови пораѓаи доктори болници пандемии она ќе го бањала...Важи
Ве читам на темава за свекрви и среќна сум што немам таква мака, зошто стварно е мака. Ние сме во супер односи ама на дистанца, ако ја викнам ќе дојде ако не ич не се меша. Кога се породив со првото дојде само денот кога си дојдовме од болница, и веднаш кажав неќам никој по дома. Нервите, хормоните ме фатија све ми сметаше ама се сам правев со маж ми. Дојдоа еднаш моите на гости со маски седеа 30мин и си заминаа. Сега уште подобро со коронава им реков да даде господ се да биде добро, кога ќе вакцинирам дете на 3 месеци ќе ве викнам, до тогаш ќе гледате слики на вибер. Дома неќам никој.
Аман бе жени, ко мали деца да сте! Ќе идела, ќе бањала дете, мажот вака кажал. Чиво е детето и кој треба за него да се грижи?! Во 21 век се занимавате со небитни „проблеми“. Кажувам не ми треба помош и тоа е тоа. На маж ми исто. Демек сме се еманципирале повеќе од бабите наши, а пак истите проблеми само се читаат/пишуваат.
Никогаш нема да го разберам муабетот со бабите и бањањето. Бабата морала да го бања, мајката не знаела со мало бебе. Па ако нејзиното го бањала баба, таа од каде знае? Е многу се нервирам со вакви, одма да заземат главна позиција. Тие се' знаат, демек ќе те учат неспособната. И од каде па свекрвата, таа е со правата над детето зашто е мајка на мажот? Не можам значи. Ако ми треба помош или ми е страв, ќе побарам. Ако сакаат да помогнат под наши услови, добредојдени се. Ама некој да ми рече дека ТРЕБА бабата да го бања или ТАКА Е АДЕТОТ или ТИ НЕ ЗНАЕШ, жими се' ќе се претворам во чудовиште.
Јас затоа си купив мрежа за коритце па мислам дека ќе ми биде од голема помош, се плашам дали ќе знам ама си гледам видеа на yt и не изгледа ништо комплицирано, бар така си се тешам.
Да тој е муабетот нејзин, адет било, а тоа што не збори со мене нема врска, многу знае сега што треба за бебето, а два месеца очи не сме си виделе
Баш ко што вика @LivingGlam ако на бабите децата им ги бањале други, од кај па тие со искуство за бањање?!
Абе што искуство 30и кусур години поминале од тогаш ќе памти она што и како го бањала. Не знаат ни они само се праат пред снашките
Се договоривме со маж ми, си земавме мрежа и сами да го бањаме, ама глумицата почна да ги рони крокодилски, свекорот му збори како така дозволете и, и овој мојот попушти
Ти кажувам дпбро намерно. Сега е бањање утре други работи ќе бидат ќе си имаш прпбчем посебно ако живеете во иста куќа..
У иста сме на различни спратови, се ми е јасно уште одамна, ама си наоѓа таа начини сите да ги тероризира
Ова изгледа е од времињата кога земале 15-16 годишни невести во семејствата, уплашени што не кажувале збор и реално не знаеле како да се справат. Па АДЕТ направиле, ТАКА ЧИНИ. Овие сегашните не стигнале да си ги бањаат бебињата од баби, па сега сакаат да надоместат. Е нечеш богами.
Мојата со синко се наметна така, мајка ми се повлече, свеки ќе го бањала, прво бањање, јас со царски многу рано ме пуштија немаше шанси јас да го бањам и по паметот на свекрва ми лепенка рече да сме ставеле на папчето водоотпорна, водата да не му влегла во папчето. Го залепи, го избања, леле кога дојде да му ја одлепи, абе тоа тенкото кожиче му го откорна, срцето ме болеше, се воздржував да не напраам сцена, солзите на очи ми стоеа. Ден денес душата ме боли, кога врисна бебе да плаче уште посилно... Тоа и беше единственото бањање. И ден денес со татко му си се бањаат, она му потураше на почетокот кога се врткаше кај нас, после јас и така... Сега осеќам, ја нема нигде, ни се јавила, ни помогнала ни купила нешто. Ќе се роди бебе и ќе се појави, е тогаш само дај Боже да не бидам врзана за креветот, да ме служи силата. Мислам сосе маж ми дека ќе ги избркам...
девојки ај Ве молам за помош , не ми се јавува гинекологот , од пред три дена имам страшни киселини ама буквално по цел ден ми траат , не ме боли желудникот туку како да ме жеже од гркланот па цела линија надоле ..... некое чаре да пијам нешто смеам ли , неможам да јадам , неможам ни вода да пијам од што ми е лошо , од утре 25 + 0 ?
И мене недела претходно ми се појавија, вчера бев ми кажа за тој период нормално е , ми даде Гастрогард , као пишувало 3 се пијат, ама вика ако имаш мака може и до 5 дневно ..