Јас до 22н имав 4.0, во 23н веќе ми беше 1.0 . Исто така две инекции за зреење, утрогестан, магнезиум, адалан за контракции и цело време лежење.Сега сум 35+3 и ми е 1.5 Следна контрола ми е понеделник, па ќе видиме ... :/ А кај тебе??
Гастрогард, антиметил. Непечени бадеми, чаша ладно млеко, зелено јаболко, зрна ориз 2-3 живи. Тоа знам, но за жал сеуште ги имам киселините и многу се страшни
Абе убаво ви вика @kukla21 дека дозволувате така сакате се со фино да нема кавги расправии никој не ги ни сака искрено сепак и мажите се во тесно не се ни да кажат НЕ ниту пак ДА али за во одредени ситуации мора заби да се покажат. Јас имам преголем мерак детето прв пат да го бања мажот ми некако ми задава блискост, јас не сум тип што се кара и расправа и да ограничува АЛИ за бебето уште одма кажав дека јас сум му мајка и јас треба да си ги правам сите работи и кога ќе се одселиме нема да примам не најавени гости и често гости не и дека кај дома нема да го носам зашто чуваат куче,кучето цел ден надвор се ваља по треви и земја и после со нив спие и реков гласно дека нема носење дете кај нив па кога се наљутија и дури не сум била ни нормална таков коментар си заработив нормално мажот ми си ќутеше јас си зборев и само кажав јас си стојам на зборот толку време го чекам,изрешетана од инекции,лежење,лекари ако не ви чини родете си па гледајте и толку два дена љути после фини али на дистанца ги држам така и вие треба Извинете за долгиот пост али треба малце заби да покажете без разлика дали они ќе се љутат или не
Како што знам јас да си кажам на моите ако нешто не е како што треба, така треба да си каже тој на неговите. Не може јас сегде да сум лошата и да зборам, а тој да е финиот и културниот. Проблем е тоа и тоа голем на моменти... Јас обично ќутам и знам еден збор да кажам и одма навредени се сите. И после се брише се што сум преќутела и се добро што сум кажала. Таква ми е ѕвездата...
Јас ги разбирам некои членки дека не е до покажување заби, мажот ако не те поддржува што ќе направиш. Ќе се расправаш и со него, хормони после пораѓај, ќе паѓаш во депресии, наместо да ти дава сила, тој и таа што ти останала ќе ти ја земе пошо не може 40 годишен мочко на мајка му да и писне. Да е друга ситуација сфаќам, ама после пораѓај многу си сензитивна, плачка, уште се ти е ново и попушташ под притисокот. Една членка имаше пишано дека буквално ја бркала свекрвата низ соба да и го врати бебето, свекрвава трчала со бебето во раце и не и го давала. Не знам што друго освен отварање очи пред брак со какви мочковци и вештерки си имаш работа. Бебето никогаш нема да биде пак толку мало, толку слатко како што е бебе, никогаш нема да преминете преку тоа дека некој ви го бањал бебето кога вие сте сакале, дека не ви дозволил во мајчинството да уживате.
Супер си ти сега. Јас сум 24+6 а од 17 недела до 22 недела успеа да ми издржи 3.3 цм и сум со два оати на ден утрогестан магнезиум други витамини... колку што можам лежам си подработувам по малку и се раздвижувам па се надевам дека кога ќе одам 27 недела дека ќе биде добро... гледам да не се оптеретувам. А ти супер ајде сега уште малку и ќе се дружите игушкате
Да се надоврзам на муабетот за свеќи за син ми го бањаше кога и дозволував ми купи некои ствари демек прво внуче, е сега откако роди золва ми мене на игнор ме стави и уживам за оваа бременост ни адети ми кажа а ни ништо нити ја интересира ете 9 месец сум уште ништо ми нема купено нити ме прашала што ми треба. Ми крена притисок после втор скрининг кога дозна дека е машко и на маж ми аааа ја викав женско оно ете пак машко не ми прави ќеф. А јас 9 години го чекав и колку лекови инекции и се живо и диво поминам и и викам извини ако не ти е ќеф вратата ја гледаш и чао имаш си ќерка таму дели совети кај мене неможеш и мажот ми ме поддржа и стави до знаење да си седи мирна и еве супер ми е. Во иста куќа живееме на различни спратови ама ретко се сретнуваме. А гости посети и остали циркузанти јок освен мајка ми која е сама и нон стоп ми помага друг не ми треба. А маж ми ке оди во странство така да вакви маки немам.Дајте им до знаење на време и уживајте.
@kukla21 големки се, 5 и скоро 7 години. Пресреќни се, посебно ќерче. Она цело време сакаше уште едно бебе ние се нечкавме, на крај изгледа нејзините молитви беа посилни па еве мама си го шета мешлакот. Жени, од сега како ќе се поставите така ќе биде до крај. Двете ги родив со царски, мајка ми и свекрва ми се промотаа по еден ден-два ако сакаа да помогнат нешто за по дома, да зготват, да пуштат машина и слично. Штом застанав на нозе ги поздравив и си продолживме сами со мм како знаеме и умееме. Помош да ако треба, ама на нос да ми искача НЕ е дозволено.
Прашање надвор од темава со свекрвици,не дека немам пто да пишувам ама ќе ве поштедам од превртувањ очи и чудење. Има некоја со ендометриоза што се породила?Сакам нешто да прашам
И мене ме интересира истово. Читав глупости по нет пред некој ден, дека ако породувањето е со царски рез, постои ризик резот да биде зафатен од ендометриоза подоцна. И друго ме интересира, колку време по породувањето се вратиле симптомите на ендото.
Хаха истото ме интересира.Денес ја прашував докторката исто ми рече дека природно е најдобро,царски баш и не е погодно за ендометриоза
Здраво на сите имам едно прашање до вас.. Од страна на дежурен доктор (бидејќи мојот матичен е на одмор) ми се препишани следниве лекови. Имам гнојна ангина проблем со крајници.. дали некоја од вас се сретнала со вакво нешто? И дали се овие лекови безбедни иначе 5 недели и 5 дена имам
Штом сумамед им препишуваат на некои членки што е јак антибиотик не треба да се секираш се е подобро одколку да се оставиш така па после и на плуќа да ти се симне
Да знам ви благодарам многу .. запознаена сум со ова уште од 6 месеци бебе кога бев цел живот сум со антибиотици
Дали ви се случува вагинално да осеќате како да ве гребе некој со нокти од внатре? Мислам убаво објаснувам, баш такво ми е чувството.