Мислам дека збориш за тоа како јас што викав да те заболи убаво што не трае ни секунда ама ако движиш ќе те сецне и све живо пцуеш
Не знам дали е истото, ама јас понекогаш осеќам како нешто да имам внатре ставено и како вибрации ми ствара.
Здраво сакам да ве прашам нешто бремена сум 7+5 со инвитро со утрогестанот ми излегуваат нешто како конци кафени растегливи дали треба да се плашам или е нормално?
До која недела можеше бебе да се врти? Јас и безтоа имам закажан термин за царски ама сакав да знам дали е можно тоа што ми се случи синоќа да беше превртување. Значи неколку минути стомакот ми го тегнеше на сите страни, ги направи сите можни форми од правоаголна до јајцеста, болно беше и дури ми се повраќаше. За среќа потраја неколку минути, болката се смири ама кога станав некако имав друга форма на стомакот, некако пониско и со вдлабнатина на едната страна, како рид Инаку 36+4 сум Така си прашав само, од љубопитност Јас морам царски заради мојата здр.состојба.
Јас се породив со ендометриозна циста природно. Во бременоста ми се исуши и веќе не се појави за среќа. Сега повторно бремена без никакви проблеми.
Пиел ли некој хефарол во бременост и какво искуство имате ? Пробав еден куп сирупи ампули не се подобри, хефарол пиев и во претходната бременост и од нив супер ми беше хемоглобинот.
И кај мене е исто. Многу силно се превртува. Вади грб мислам. И јајце и шпиц секаква форма ми е. Дури и ме боли стомакот. А кога тоа го прави камен тврд ми станува. Непријатно ми е многу. А 33та сум јас. Кој знае што прави,но не ми е пријатно ич... А со глава надоле беше пред 3 и пол недели ама од тогаш до сега кој знае колку пати се звртил.
Пиев 1 месец, ми ја подобрија крвта, но имав голем проблем со болки во желудник и со запек, па ми ги прекинаа. Сега скоро 3 месеци пијам фероглобин и во ред е хемоглобинот 11,7-11,9 се движи
Штом ти е испробано пиј ги. Мене ми ги дадоа ги пиев месец дена немаше подобрување и не ми одговараа за стомак па пијам тотхема. На секој различно нешто ќе му одговара
тоа не е поврзано со утрогестанот. Зборувај со матичната, нека те ѕирне за секој случај. Им се има случено на трудници но д-р нека види за да се смириш и осигураш дека бебчето е ок
Немам матична не сум во мк овде нема матични гинеколози во среда сум на ехо каде што правев инвитро па ке видам што ке кажат се јавив да прашам сестрата рече дека не е ништо страшно ама пак се плашам.
Не сум со инвитро, ама од самиот почеток примав утрогестан и имав такви кафеави конци. Причината беше хематомот, кој се повлече после некое време, ама првите 2-3 месеци лежев. Исцедокот исчезна некаде после 9 недела.
Пред 10 дена ми земаа брисеви, чисти уредни беа сите. Денес гледам на секојдневната влошка како жолт исцедок, без мирис. Ви се случило ли вакво нешто? Си викам да не се дочистувам од крварењето, ама две недели немав ништо кафено, освен безбоен исцедок. Односи немам, и да е некоја бактерија, од што би ја закачила за овие 10 дена. Уфф раат да не си
Јас сум нон стоп со таков исцедок зеленкаст и густ и без мирис. Брисеви правев пред бременост освен кандида немаше друго. Откако останав бремена се пожалив на докторот дека уште го имам исцедокот, ми даде полигинакс мислам вагиналети. И после нив исто си остана, се мислам дали е можно од кандидата да е. Се е друго чисто.
Јас од кога престанав да јадам благо и да пијам газирани сокови, таквиот исцедок ми го снема. Поточно намалив внес на шеќери.
Па не јадам баш благо од ко сум бремена не ми оди некако. Ептен имам намалено ама исцедокот си е тука. И газирано ептен ретко малку кока кола ко ќе ми е лошо.
Девојки за тие што веќе сте ги осетиле...може ли најпросто народски да ми објасните какви се лажните контракции и каде и колку ве држат? Како разликувате и како ги одделувате една од друга? Цел ден од утрово навака стомакот ми се затега како кајш на средина над папокот и бебето дури нервозно ми делува истиот момент клоца и се превртува. Сегде е тврд на моменти освен над срамната коска ниско доле. Не ме боли кичма ама непријатно чуство како да ме грабнало нешто и не ме пушта. Неможам да се наместам ни лежечки ни стоечки.
@Tsukinory Мене ми се случија неколку пати, како многу болни менструални болки, последниот пат ме заболе морав да клекнам на земја, ми се стврдна стомакот, ме држеше негде минута и ме пушти. После уште еднаш на 10тина минути растојание и толку ала Богу, мислев готово ќе се породам. Тој ден се исфорсирав со чистење и бев дехидрирана, после цел ден лежев и пиев многу вода, не ми се повтори. Инаку најдобро е во клекната положба на раце и нозе (на сите четири) и ако може некој нежно да те масира по половината