Леле и јас од пред 3-4 дена секој ден ја осекам баш и на рака ја осетив едвај чекам се повеќе да ја осекам
Супеер ви завидувам. Јас незнам колку го отвори ама и сега и за тие во 12та недела ми се плачеше од болка а пред бременост никогаш не ме болело од зимање брисови. Незнам како ќе раѓам а ова ме боли толку
Мене не ми земаа брисеви ниту сега во 34 ниту во претходна бременост. Па уште па со спеклум, ич не седнувам на бокс. Мене и катетар ми опнаа за да провериме уринокултура, доста е. Леле колку сум лигава, абе како ќе раѓам бе!
Со нозете раширени Извини што ти се убацив у муабет Бев на поминување во темава, ама не додржав да не ти вратам Женички, кога ќе стасате на пораѓај, и кога 30 души во 3 саати ќе ви брцнат во шундата, па и на моменти ќе ви изгледаат како да прават одврти заврти..земањето на брис ќе го мислите како мачкина кашлица Брутално искрена на заебантски начин. Со лесно на сите, и убава вечер. Поздрав, Дикинзи
Тебе ти прошло гајлето, се гледа по муабетов знаеш како е на крај, баш тогаш си со последни сили, си викаш аман веќе дај нека заврши и контроли и боцкања и крв земања и испитувања, доста е. А дека така лесно ќе ширам нозе ќе видиме тоа, пре да легнам царица
Не сум против царски, ич. Ама ако можеш природно оди, нема подобро. Ако не сакаш мака да гледаш, дај некој денар во џеб, па стави епидурал. Нема ништо да сетиш. Јас и со двете сум природно, ни епидурал ни ништо. Со епизиотомија бев со првото, 2 недели не можев на газот да си седнам, јадеви пиев стоенката. Не носев гаќи за да заздраве раната по брзо, немој да мислиш дека после пораѓајот мине се, охо што чека после тоа Среќа со второто не испукав ич, па од третиот ден можев да трчам. Сакам да кажам, ни со едниот ни со другиот не е лесно. Добра мисла имај си, и се ќе биде во ред, гушки Уште ова да ви го кажам и бегам.. Бевме минатата недела во Дојран, сите четворица. И мене ко за беља ми дојде ден пред да одиме ( ми каснеше 4 дена ама уште не регулирана од пораѓајот), и си велам, ќе си ставам јас тампон, па кога ќе сакам да си се шлапнам во вода. Леле луѓе, го ставам, не можам да го наместам, мести вака мести нака, не бре брате, се криви, се исместува, наместо вертикално тој хоринзотално се мести Брцај вака брцај нака, патот не можев да си го најдам, пу..да му се невиди, не ставам прв пат, пробав еднаш, два пати , три пати, не не и не ! На крај се разочарав, и мораше да си ставам во глава дека доле ми е како лавиринт. Крај !
И мене во 35та ми ги земаа ми вика од 35 до 37 се земале брисевите и тоа со тоа железното ти и викаш боли она уште малку со пластичните не боли али со железниве стара школа не да боли
И мојава користи железно ама па не ме болело никогаш само така како неугодно чувство како штипење.. Да не си била многу стегната?
Не бев стегната кога си го откренав газот не ме болеше, она ми вика спушти го опушти се тогаш ме болеше, дури и кога станав од таму долниот дел од стомакот ме наболуваше страшно...најверојатно не знае да ги зема брисевите како што треба
Да ви се придружам и јас во групава вчера имав позитивен тест, бремена сум 4 недели и некој ден последна мен 04.08. На преглед ке одам за две недели. Малку сум подзаборавила што и како правев во првата бременост Да земам апчиња за трудници од утре. Кои ги пиете? Треба сега нешто брисеви? Во август правев пап, чист ми беше. Ке прашувам за тоа што ке ми текне со време. Иначе имам керкичка 3год и 2месеци. Второто бебе веројатно краен термин ке биди 04.05
Со лесно нека ти е. Јас да ти кажам од првиот ден почнав да пијам витамини со фолна киселина. Да ти препорачам бе можам, не живеам во Македонија. Брисеви не сум правела до сега, 24 недела уште малце.
Обично Пре Мама Дуо или Фемибион 1 пиеме. Освен ако нема некаква потреба за метилирани фолна и Б12, тоа пиеме ние со мутации спонтани и клексани што сме. Магнезиум за опуштање на мускулатурата можеш, а и немораш толку рано. Кога ќе одиш на прв преглед ќе ти кажат попрецизно. Брисеви се земаат до прв скрининг, ама после 9та, 10та недела. Прв скрининг е 12-13та недела. Тогаш ќе си кажеш дали и ПРИСКА сакаш или не. Сега што треба да направиш е да си закажеш за првото ехо накај 7ма - 8ма недела и да си го слушнете срцето. Ако чувствуваш потреба и порано закажи ама може ќе биде мало за срценце. На прегледот оди со готова крвна слика, мокрача и уринокултура да не треба додатно да пиеш железо и слично. Со лесно