Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    7.267
    Пол:
    Женски
    Ме утепа несоница, се будам крај 3 и 2 саати гледам во некоја точка(facepalm)
    Ова се се само утрински мачнини не, по цел ден ми е лошо, се лечам со касни крекер, касни соленки, пиј кисела вода и на крај ќе терам со +20кг :|


    Како ќе одам на работа следната недела незнам ни сама, кома сум, а работам со странки 8ч..
    А тек 8ма недела, што правиме до крај :tmi:
     
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    9.430
    Пол:
    Женски
    Е нормално е ова во почетокот додека телото се навикне на новата состојба, после ќе се среди и ќе си функционираш нормално.

    Јас па на почетокот толку бев омалаксана цело време спиев, по 13,14 часа спиев не можев да се освестам, кога и да се разбудев ми беше лошо и повраќав, исто се прашував чим на почеток сум вака до крај којзнае што ќе се дешава, ама после се си се среди.
     
    На mamaJana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    За катетарот, скоро не го осетив кога го прикачи, но и јас психичка блокада имав , па борба со сестрата , :) таа ми шири нозе јас стегам, се изнервира жената, ќе го викнам одговорниот на смена ако не ми дозволиш, па ти да треба спонтано да раѓаш што ќе правиш. Реално, воопшто не беше болно а и брзо се прави.
     
    На Brpbrp и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    издржи уште некоја недела, после ќе ти ги снема мачнините :)

    И мене ме болеше земањето брис..железото. Автоматски ми се собираа нозете и крик испуштав. Не можев ни да го исконтролирам тоа. А не сум некој нежен човек што не издржува. Прошла недела пак ми земаа контролен брис. Пак истото. И јас го мислев истото..ако за ова сум вака, за пораѓај...:worried::D
    Белото во мокрачата било кандида. Пред тоа немав проблем со неа, ама...верижна реакција,ко шо рече матичната. Антибиотикот (сумамед, побогу) ништи бактерии..и лоши и добри па.... Прв пат во животов имав ваква ситуација. Па канестен мачкам сега, за секој случај. Немам веќе во мокрачата но, сепак. Се јавувам за контролен брис, ми закажуваат три дена по завршена терапија. Идам таму на третиот ден и матичната ми вика, е кога ја испи терапијата, кога минаа 15 дена... :^) демек, ако зимам сумамед, брис требало по 15 дена да ми земеле. Е ај, следен пат јас ќе се информирам кога треба да ми закажете,за да не утнете. (highfive)
     
    На Alishan30 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    мамички верувајте дека не треба да се крева паника ама има разлика од вагинален преглед со прсти до зимање брис , пак правиме споредба на метал / пластика со човечка рака , не е толку страшно и пак зависи од кој ве прегледува , јас две деца родив и поминав со првото може 20 прегледи со прсти и два обиди да ми пукнат водењак со прсти , ама уште кога ќе седнам на стол за брисеви или пап се тргам и ме заболува , мускулатурата на вагиналниот канал се приспособува на форма ама поинакво е чуството кога е пластика или метал ,поинаку е кога е друг мускул ;) тоа Ви е исто како да споредувате дидло со орган НЕМА СПОРЕДБА :x:P
     
    На zhap4e, Ava.84 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Зависи до органот може дилдото подобро ќе се покаже :rofl: се шалам, се што си пишала во право си и јас имав преглед со прсти воопшто не ме заболе да не кажам не ни осетив али затоа за брисевите се сум осетила добро е што не ја ни оскубав докторката:lol:
     
    На zhap4e, Mareea, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Женски
    Женски, овие 2 дена бебуш ми е мноогу мирна. Ја осеќам ама многу нежно и како мрзливо само да се протегнува. Јадена, пиена и благо и солено, нејќе да клоцне, само како да се тегне осеќам. На ехо бев минатата недела, во ред беше се. Од утре сум 30 недела. Треба ли да паничам, пошо веќе овие недели сегде пишува дека мора да мрдне 10 пати во 1 саат :worried: или нормално си е да е некогаш и 'помрзлива' овој период?
     
  8. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Кај мене дечкото шутира интензивно цел ден. Па после два дена е штама. Се истегнува само или кога ќе почне да ика го осеќам. Помалку простор имаат ќе се умори и ќе заспие. Пишува за овие недели дека спијат и до 19 саати. Можда си фатила момата убава позиција и расте. Јас не се водам по тоа еден саат 10 движења. Тие 10 се мерат кога има активен период. Кај мене е наутро. Тој прави и повеќе од 10 за 15 мин. После цел ден да е мирен не се секирам бидејќи си ја исполнил квотата. Не се секирај.
     
    На Brpbrp, Lovebug01 и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Женски
    Oх добро е, и кај мене кога ќе се активира одма прави 10 движења :Dпо 15 мин ќе ја има и после ја снемува. Некогаш ја има повеќе пати во денот по еднаш два пати ќе клоцне. И скоро секој ден ика. А јас мислев секогаш кога ќе легнам на грб или на страна треба да ја осетам по 10 пати.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Таман работа да е така :lol: Јас сум позагрижена кога клоца нонстоп имам чуство дека е нервозен или ме осеќа мене вознемирена. Вака и мама и бебе си кулираат. Тој период се наспивам за да можам пак кога ќе е поактивен да се дружам цела ноќ со него да си играме кој ќе боцне прв.
     
    На Snowflake97, Brpbrp, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Diva0710

    Diva0710 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2016
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Женски кога веќе се отвори тема за броење на удари на бебушките да си прашам. Од која недела треба да се започне со броење и на кој начин 100 различни работи прочитав на интернет и малце стресно делува некако до пороѓај. Пишува дека треба 10 удари во 2 часа 2 пати на ден во ист интервал. На друго место пишува во 1 час. Некако мн е конфузно. Јас сум 21 недела од 18 недела ја осеќам мојата веќе посилно мава, некои денови е преактивна, некои е помирна како си сака така. Од 28 недела ли се почнува со математиката или порано?
     
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    И кај мене е помалце активна неколку дена, некако се навикнав да клоца нон стоп, па ме секира кога ја нема. Само навечер ја осеќам ама со доста помал интензитет од порано (35та недела сум) . На последниот преглед матичната ми кажа дека почнала да се намалува плодовата вода и дека е помала во килажа за околу 100 гр (2400гр измери). Сега само се стресирам едвај чекам прво ЦТГ ќе одам во среда. 2 дена не сум спиена ко што треба од филмови правење(waiting)
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  13. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    И јас со исти маки. Утре сум на цтг и ехо
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.565
    Јас денес едвај го осеќам. Пиев кафе, кока кола чоколатце, ама многу нежно нешто во осеќам да мрдне. 35 недела сум и јас, ама не бројам движења.
     
    На BeLLaDona23 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  15. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    И кај мене е помалку со удари. Како да нема место внатре, ограничени се и помалку на број движењата.
    35+ сум и јас

    Да ве прашам некакви промени кожни дали ви се појавиле?
    Конкретно за лицето прашувам.
    Многу чудна промена ми се појави, веќе 4 недели ја имам.
    Под око е, и личи на тртка/верука/циста тврда/бемка со боја на кожа/туморче.:|
    Не се стиска, цврсто е на допир.
    Ми спомнаа дека може хормонско да е заради бременоста, но некако мир немам, се поголемо и поголемо е.
    Моментално е колку зрно леќа на изглед и големина.
     
    Последна измена: 6 септември 2020
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.450
    Допаѓања:
    18.701
    Да,бемките ми се раширија по цело тело,особено кај стомакот
    На двата краја на усните ми се суши и пука кожата а истовремено ми излегува мозолче во носот, ова веќе трае 7 месеци,претходно од време на време ми пукаа краевите на усните во бременост...
     
    На zhap4e, Brpbrp и Alishan30 им се допаѓа ова.
  17. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев бремена ептен ми се поремети кожата. Флеки еден куп ми се појавија, ми потемне на многу места. И откако се породив останаа.

    Синко ич не беше активно бебе, јас не броев удари. Колку пати се случуваше цел ден да не мрдне па мм ќе ми вика да идеме на ургентно, и ова ко да знае ќе промрда и пак штама. На еден комисиски преглед и викам на Др. ама многу слабо мрда, и она ми вели, а ти што сакаш, остај што зборат други, си прават филмови. Знам дека и беше да ме утеши во моментот и ѝ успеа. И сега си е мрзливко. А не знам и дали игра улога постсвеноста, си беше карлично до крај, главата во ребра кај мене му беше.
     
    На zhap4e, Lovebug01 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  18. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    Закажи си на кожно. Јас од што не можам да постигнам каде попрво, на секои две недели на трансф. и ГАК, башка Ремедика, лабораторија, Центар за дијабет, дете немам кај да оставам и не отидов на кожно. Сега веќе сум пред пораѓај... Ај што распукав на стомакот, рамениците освен со модрици од клексан ми се исфрлени со ситни бубулички, лицето со пеги, тоа се е помалку битно. Ама нозете ми се лом, дали од бричењето или што, не знам. На препоните ми искочија како чирчиња некои, не можам ни да ги видам, ми е страв да одам на депилација ради нив, а не сум ни со бикче да ги поминам. Не знам со што да мачкам. Треба да се породам, не знам што ќе праам...
     
    На azelea, zhap4e и Alishan30 им се допаѓа ова.
  19. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Да не е масно ткиво твоето?
    Пробај со топли облоги уште кога е мало, може ќе се разнесе.

    Инаку и кај мене има промени на кожата, по некоја темна флека на лицето и 2,3 бемки на градите и тоа испакнати па страв ми е да не ги отпорам при чешање.
    Мислам дека ќе си останат за спомен :sweat:
     
    На Ava.84, zhap4e и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.565
    На носот ми излегоа флеки, на градите како струпчиња/тртки околу 5-6. Кожен ми рече со здравје да си ги носам не се повлекувале
     
    На zhap4e и Alishan30 им се допаѓа ова.