Неее, мора да се повлечат. На лицето ми е и не изгледа убаво, веднаш под око кожен ми кажа по бременост ќе се третира
Јас ја побив таа теорија 2 пати Со првото цела бременост бев со лишаи под устата. Е тогаш маски не се носеа
Не знам мила јас ти кажувам мене што ми кажа кожен. Пигментацијава знам ќе остане, а тртките кај мене се рамни, не се испакнати не знам како да ти ги објаснам, пример не можат ни да се горат. И со течен азот мислам нема фајде да има.
Kaj мене над горната усна ми се има појавено некое црвенило како иритација и така си стои, не ме пече и си викам ај од бременоста е ќе помине.. А мислам дека знам за какво зборуваш, имам јас едно такво на образот, од многу одамна ми стои, малку побело е од кожата ама не се стиска, како израсточе многу минијатурно и затоа не ми смета. Ако те загрижува оди на кожен, ама не би требало да е страшно.
Пред да дознаам дека сум бремена ми се направи грутка во градата лева. Тоа беше прв симптом дека лудуваат хормони и ме натера да направам тест на само 2 дена задоцнето. Докторката рече да ми закаже да се снимам и реков ај за секој случај да не има нешто да го израчиме иако не бев оптимистична направив тест. Бета хцг истиот ден беше 2000. Сега градите нормално сменија форма, вени стрии по некое брунче. Прашав за грутката ми рекоа од хормони. Остана така, малце омекна но уште е тука. Ми е назад на ум постојано. Ама што да се прави единствено кога ќе се породам ако не се разбие со доење да отидам тогаш на мамографија. Белки не е некој тумор
Девојки, има некоја будна? Да се свртам во спиење и мислам дека ми пукна водењакот... Смеам да се истуширам или да трчам?
Туш и право на пораѓај секако нема во рок од саат време да се породиш и со лесно чекаме убави вести За пигментација и јас имам само на делови каде што не се видливи толку за среќа. А во врска со мрдањето на бебушот и мојов еден ден го немаше и тоа баш кога бев дента на цтг ептен мирен беше си уживал дечкото среќа на доктор што бев го видоа и на ехо па се било супер и од тогаш не се замарам, за ударите не сум ги броела, а не ми ни кажал никој да ги бројам се додека осеќам да движи супер е ако не осетам тогаш во болница иначе 36+ сум. Навечер додека спијам и тој спие преку ден е активен али кога мама одмара и он исто срцка е
Откако ќе престанеш да доиш ќе си направиш ехо на дојка, не мамографија. Мамографија се прави таму над 40та година, кога си завршила со процесот раѓање/доење. Не се секирај, може да е само циста.
Пуштаме среќа, К7. Со лесно Сите активни по темиве се проретчувате. Двајца без тројца ќе останеме ние, а уште недели и недели не чекаат. Освен промени со мишките и брадавиците, друго мислам немам за сега. Бемките не ми се поразлични. Ќе видиме дали така ќе остане.