@K7M10J се испревозбудив и јас уште очи неотворени Со лесно, најлесно да ти е, ако веќе не се гушкате со беба.
@K7M10J со лесно! Три работи ми се хаос оваа бременост. Градите кои и така ми се многу големи, сега се огромни и многу болни. Второ, бемките и младежите ми растат со секоја бременост, тие што ми се на лице се веќе огромни а едниот младеж не се вади. Трето, носот. Затната сум од ден 1, не можам да лежам, да спијам, ништо. Децата не ме прашуваат колку сум изморена кога се гладни или им треба помош, така да кај и да е ќе се срушам и ќе спијам 24 часа. Слатки маки!
Дефинитивно "забегав" јас Станувам го нема мм, во дневна избегал, зошто сум рчела како "тенк". Исплашена легнувам до него и му зборам на уво што се сакам за доручек. Спие, нормално не ми одговара И станав и почнав да си местам да јадам. Кога ме праша зошто нагло станав, почнав да плачам на цел глас, зошто ми рече дека сум "тенк" и зошто одма не стана. Човек се потресе стана да оди во пекара, па го гледам сонлив, кај ќе вози таков, па пак плачам да не вози нерасонет. Сега пијме кафе, никаде не мрдна и мирна сум како јагненце. Го жалам човекот И срам ми е од ваквите испади Готова сум јас
Мачкај се со кокосово улје јас еднаш имав пред бременост помали такви бели со улјето ми ги снемаа, пробај и ти @Alishan30
@Alishan30 вчера бев таква. Си ронев солзи цел ден. Мм иде на работа. Ме "чуваат" неговите. Ама се поретко ги гледам. Има цели денови сум сама. Се пожалив. И го слушам од прозор им наредува. Спој ми се направи. Моите не ме виделе 2 месеци неговите како да сум темпирана бомба влагаат и одма излагаат. Два збора немам со никого свртено. Реков колку ме гледаат сега толку ќе го гледаат внукот после. Па и јас сум човек не како на куче само храна/вода и остај го цел ден да зјапа во плафон.
ХааХааа мене мојот ме буди за да се свртам да не му Хрчам на уво, ненаспан е и исто ради затнат нос од прв ден а сега па потенцирано и со главоболки секој ден
Чекав 40мин да се ослободи кревет, после уште толку за преглед зошто го пропуштив терминот. Абе хаос се нешто Систина.
Ваљда се е ова нормално. На толку плачење за безвезе, ми е жал дека ни крив ни должен тој си го крка. А не ми е јасно зошто толку плачев на глас. Комшиите кој знае дали ме слушнале А таквото "чување" како твоето, фала речи им, не треба. Не се издржуваа сама во 4 ѕида. Цела бременост ми е таква и ете ме, пукам на крај. Не ги правете истите мои грешки. Барем на камера дружете се со пријателки и фамилија
Де бре, јас мислев само јас сум ваква плачка Ау вчера коа сум почнала да рикам пред мм, па да биде полошо и ќерка ми беше со нас, цело време “мамо,мамо,шо павиш” ми викаше за да престанам бе,душиче. Не можев да се издишам од плачење, многу работи мм,не го видовме два дена, т.е цел викенд. Башка шо од пон-петок си е пак на работа,уште и дополнително цел викенд. Фамилијарен бизнис, ј**ао их бизнис, коа требаше да одиме по точак за малата, му вика татко му ај утре, сеа неам пари во мене. Ауууу на тоа работење ко коњ, да му речеш неам пари а сам со пот си ги изработил!!!Ги мразам. Драма квин му рече “не сум ти јас платена проститутка дома, да ми фрлиш некој денар и да се смешкам задоволно дури ти рмбаш 24/7, не ми требаат твоите пари ми требаш ти, ако не за помош барем за да ме прашаш како сум”. And i mean this. Му реков ако сака ќе одиме денес до кај адвокат и ќе си потпишеме развод, јас стварно не можам да издржам самотија толку време Уфф да се породам само ...
@Tsukinory @Alishan30 Исто неколку пати сум пишала ме утепа самотија. Особено што не сум научена да седам без работа и безделничам. За камера вибер ќе се чуеш еднаш два пати..пошто сите другарки ми шетаат и те забораваат дека постоиш. А родителиве на мм живеат во куќа и препрекав цело лето да дојдеме викенд да спиеме. Неее било опасно. А они од дома не се мрднати не работат Фала богу кој сака обврски да си ствара..
Не си сама..скренавме сите. Поготово што луѓево бегаат од мене како ја да сум заразна. Фала им што пазат ама кај можеш бе сам...
Вчера ми дојде една новопечена трудница на терапија, тој нејзиниот не знае како да се справи со хормоналните испади и ѝ се лути, па оваа плаче, па и на мојов му дојдоа многу труднички муабети и се тргна оти и он јаден се справува со една таква луда... Не им е лесно ни на нив, јадни. @K7M10J со тебе сме, те мислиме. Со лесно!
Нас корона трудниците па уште и со кревет систем никој не не разбира. Го свртив цел интернет/нетфликс/хбо. Едно време и на дуолинго германски учев. Да можев да се движам ќе си средувам по дома ќе се спремав. Се слушам со две три пријателки ама се помалку ми се збори. Што да им кажам на која страна е замотан чаршавот од кревет? За бебе кога зборам сама себе сум си досадна. Планови списоци едукација све свртев и форумот го исчитав. Во теорија имам дневен распоред за детево неродено до 2 години. Уште кога ќе ти речат уживај одмарај. Ми иде да ги врзам за кревет бар една недела да се вака беспомошни и изолирани и ќе ги прашам дали уживаат.Ајде уште малце остана ќе издржиме.
Јас во живот немам плачено толку многу колку сега од кога сум бремена, и тоа све за глупости една сериозна ситуација немало. Вчера седев цел ден сама и си направив филм дека од кога ќе се породам мм толку ќе се опие и нема да дојде по мене да ме земе, ќе ме остави сама со детето да го чекам во болница или сама да си одам, и цел ден плачев за тоа. Мм вика до сега да ти ги собирав солзите езеро ќе си направевме, а сиротиот многу му е тешко кога ме гледа дека плачам, пробува да ме утеши ама не знае како зошто само за глупости плачам, и сама себе некогаш не можам да се поднесам за некој испади што ги имам, не знам он како ме трпи. Ама ајде уште малце остана, ќе издржи.
Кој не одлежал, не разбира. Првата бременост ми беше таква, дремев тука по темите 24/7. Мм на работа, сите си бркаат свој бизнис, само кумата да ми ја поживее Господ знаеше да ме орасположи. Па фати гаден грип тогаш, загадување невидено есента и зимата, јас голема како брод... Не знам како се нафатив да родам второ после тоа, не па и трето!
На другарка и кажувам за моите плачки и ми вели што побрзо да сум се олеснела, не за друго, за маж ми сиротиот. Незнае веќе што да направи. Еден момент сакам 24ч да е дома, друг момент не сакам, сакам да работи. Кога работи пак се јавувам да прашам до кога ќе работи. Ако спие, да стане да си се дружиме. Ако не спие да гледаме филм и да ќутиме ЈАС НЕ БЕВ ВАКВА и не сакам да сум ваква, напорна. Среќа не сум била сама, па овде да се исфилтрирам. Ма да и пред него не кријам, си признавам дека сум малку лудичка
Да си кажам само дека денес бев на преглед и се е супер 10+1 денес. Толку малечко а веќе мрдаше со ноџиња и рачиња . За две недели и некој ден ме закажаа за приска и после тоа мислам малку полесно ќе се дише дај боже да е се во ред