Луѓе како што повеќето знаете јас сум од струга и имам уште три месеци до породување. Маж ми сеуште мака мачи да ми ги среди документите за Швајцарија пред пораѓај, може и да не се средат до тогаш. Се мислев за породување пошто сум од струга, а тука има само државни болници. Каде би било најдобро да се породам Битола во Плодност или па во Скопје во некоја од приватните. И колку се цените ако знаете?
Систина и Ремедика цените се околу 90000-120000 ( природно-царски) вклучително престојот таму, анестезијата, доплаќање за бебе, дополнителни трошоци (тест за ковид, дополнителни анализи). Плодност имаат ценовник на нивната страна, но цената вкупна треба да си ја израчунаш сама зошто дадени се одделно, пр.природно породување 35 000 плус 6000 ден од ноќ плус 12000 епидурал... итн, па отприлика доаѓа исто како во Скопје приватниве.
Колку време пред пораѓај те праќаат во болница? Прво ми е, па ништо не знам. Кога ќе те фатат боловите одма? Затоа што од Струга до Битола треба да патовам скоро 2 сати.
@BabyD0ll за во Плодност ќе ти кажам, 28000 природен пораѓај, 35900 во вода, и 48000 царски. Секој ден е 6000-6500 ден, зависи од состојбата која бара царски или природен пораѓај, епидурал е 12000 ден. Крвна група 1000ден и 1500ден анестезиолошки преглед за царски и пораѓај во вода. Сега рачунај си одприлика колку би излегло. За ковид само немам прашано колку е, мислам дека слушнав дека и тие имаат за 40мин резултати од брз тест, но не разбрав за цена. Одприлика вака се цените, имаат ценовник може да побараш по интернет или кај нив на нивниот број. За другите клиники незнам цени, ќе ти пишат членките кои се таму со прегледи и пораѓаи.
Сериозно плодност имаат пораѓај во вода? Мислев само во америка постои тоа ...којзнае дали некоја се пораѓала кај нас така
Да, блиска моја се пораѓаше и презадоволна е. Ги следам со слики на нивната страна, има веќе неколку пораѓаи. Има на нивната страна, објавуваат.
Баш ќе разгледам.. ептен интересно не верував дека и кај нас би имало и дека жените би сакале таков пораѓај. Баш ми е мило што сум била грешка
А во вода даваат епидурал? Јас да не ми беше во Ремедика докторкава што ме води ќе одев Плодност само заради кадата
Имав и јас понуда во Германија, ама бев со провокација и мораше цело време да сум на цтг. Инаку водата е млака и многу опушта при болки и побрзу се отвараат жените.Исто тука препорачуваат дома доколку те фатат болките да полежеш во када 30 минути за да се релаксираш и опуштиш.Ќе си помогнеш за полесен пораѓај На тема карактер во бремњност јас сум само да се карам и не останувам недокарана.Кога не сум трудна одбегнувам кавга , ама сега од кај ми текнуваат некој работи додека се карам сама си се чудам Денес си добив јас удар над папокот и кога го допрев стомакот се повлече бебушНе ми се верува дека толку силно може да биде.Ќерче беше толку нежна и ја осеќав на левата страна Во четврток имам термин со бабицата или кај нас патронажна сестра.Прв пат ваков термин.Ќе не мерела , ќе сме биле повеќе што знам што ќе ни правиАма може па ќе научам нешто ново
Многу сум с'клетџика, за мене само да е пуштена клима на ладно, да не дишам пареа и топол воздух. Када како џакузи мислам дека ќе ме угуши топлината од неа. Знам потопло е и онака нели во салите за пораѓај, но тука мислам дека е уште потопло заради водата. Ако се предомислам ќе ви кажам баш. Тешко дека ќе бидам опуштена јас, пошто сакам се да е по книга, гарант ќе им здосадам од прашања таму, многу се напнувам. Сакам да се опуштам, но тешко тоа кај мене Мислам дека е со епидурал и во вода, по желба нели, си се доплаќа.
Морам да признаам дека оваа бременост ја поминав релативно смирено без напади кон мажот ми. Некако дали дека син ми ме анимира цел ден па не му замерувам на никој. Немам време. Но од такт ме вадат теткици,комшики,рандом жени што не ја ни осетиле "тежината" на тоа да имаш две бебиња на мала разлика и ми солат памет дека ке било тешко мене,да сум издржела,леле што ме чекало а баш тие пример имаат деца на разлика од 4 години или воопшто немаат второ. Тоа е исто како маж гинеколог да ти каже дека си п**ка што бараш анестезија а он никогаш нема ни да ги почувствува тие болки. Ама тебе ке те прави неспособна. Е баш така ми доаѓаат коментарите како да јас сум неспособна. Како што ви требаше толку брзо второ. Као ме "жалеле" Море мрш тамо
Абе на гак како студент кога присуствував на пораѓаи на вежби, беше многу топло во родилни сали. И ми остана во сеќавање дека таму топличко е
Баш тоа сакав да кажам и јас, тем. во салите е под 0, исто ко да си во фрижидер. Може тие што се природно од многу болки и не примеќаат баш, с'клет ги фаќа. Како и да е ќе се издржи некако. Денес цел ден ме заболува стомак. Дали веќе нема место (37 нед) нема удари како претходно, само тегнење на некои делови, плус ја има сменето положбата, сега осеќам како ме бутка со нозете во желудникот, има заземено вертикална положба и во стомакот сум како во секој момент да сака да ми падне
На бокс не знам како е, ама во операциона сала е ладно. А тек кога ме однесоа на интензивна, смрзнав. Последица од анестезија, ама ужасно ладно ми беше.
Во сала е посвежо, да, ама заради бебето пак тој дел каде го зимаат е топличок. Е на бокс е секаде топло. И на гак мн убаво и чисто беше се опремено тогаш.
Јас колку што знам во вода ако се пораѓаш си без никаква анестезија сосем природно се пораѓаш, а за операциони сали сегде мора да е ладно предходно што имам правено операции камен ладно било. За царски во Систина дали има опција да стават целосна анестезија или само спинална?
Јас мислам не даваат епидурал во вода, дека нели цело време е прикачена анестезијата, а идејата со водата е таа да ги намалува болките, ама не сум сигурна, ако знае некоја со сигурност и мене ме интересира
Само ако доктор одлучи за тоа. Ги пресметуваат веројатно ризиците. Мене ме одбија за целосна, не сум била профил, и ми објаснија штетно било за бебето, поминувала низ мозокот.