Јас мислам дека е до витамините, братучедка ми со едното дете кога го доеше страшно и паѓаше косата, а другото кога го доеше продолжи да ги пие Пре Мама и не и паѓаше. Е сега не знам дали е случајност, ген или бидејќи продолжи да ги внесува витамините од бременост...
го знам тоа за пост- бременоста од братучетка ми. И се среди ама. Моето пред некоја година беше бетер. Слоеви коса извадив со едно фаќање. Имав голи делови. Куп здрава, преубава коса фрлив. Не е веќе истата коса. Али е подобро од тоа што никна во почетокот. Хорор у една вечер беше ова, моето. Ќе го минеме. Маваат сиве работи на самодоверба, реално. Ама...шу да праиме коа си сакаме бебиња Едит: сега гледам за витамините.. се надевам ќе се оправи со витамини.
јас со керка ми прекинав се од кога се породив и ја доеав 11 месеци и останав без коса , а син ми го доев 25 месеци ама сите витамини ги продолжив мислам 6 месеци по пораѓај издржав и ги пиев па коса не ми паѓаше , совет од мое искуство продолжете ги витамините
За опаѓањево освен витамини шампон нрекој немате ли испробано? Се мислам со Ревалид да се опремам од сега пред свадба го користев косата ептен ми се оправи и зацврсти... ако имате некој предлози кажете #спасзакосата
Дали смееш додека доиш зависи што ти пишува во упатството. Фитовал знам дека доста помага и скап е ама не знам дали се користи и шампон со лук прво да се помолиме да не ни паѓа па после ќе му ја мислиме
За што за шампон дали смееш дури доиш? Па не е валда да смееш само бреза тогаш уште сега машинка да удрам. Се шалам мислам дека смее нема врска шампонот
Јас користев. Имав проблем со едната града и бев на ехо и докторката ми кажа да се шприцам немало пробле. И се прскав. Ама пак нема спас
Многу е важно да се пијат витамините во првите месеци после пораѓај, телото е истрошено и омалаксано, мора да му дадеме некаква поддршка. Јас ги продолжив, доев само 4 месеци и имав месец или два паѓање на коса ама не беше екстремно. За смрдењето немам зборови.. Ужас Тешко на дете што мора да цица под тие мишки Јас купив цврст дезодоранс од Lush, на природна база е и навистина помага. Прочитав за него на форумов, ќе побарам слика ќе постирам. Сега гледам во дм има природни некои дезодоранси, може ќе ги пробам и нив ако не си најдам пак од Lush.
Косата паѓа од хормоните и џабе ви е се. Јас не доев, а ја изгубив. Завршив со кратка фризура, ги пробав сите можни шампони, ампули мерц пиев и само ме здебелија апчињата. После 9 месеци ми стопира паѓање и почна нова да расте.
Ама секако е подобро него тие "био" стикови што ги продаваат што се изгор скапи. Тука негде прочитав морало...бар да знам да не давам и за тоа пари џабе... А за смрдеата ќе се смррдееме дома во 40м2 секако...нигде не мрдаме и така
зимав рецепт шампон од зегин мислам беше против опаѓање и во него ставав по две ампули витамин Б12 , витамин Б6 и Б комплекс , и со него се миев имаше подобрување од него
Е, ова за смрдењето ми е новина толку ли не смеам рол он да си ставам или дезодоранс. Или па смрдиме...и со и без стикери, дезодоранси?!
Има ли некоја што се породила природно а имала хемороиди, да каже како поминала?? Ништо не ми помага, си стојат така големи а докторката вика нема да е проблем за природно породување....
Денес сум 5+4, од пред некој саат со слаби менструални болки, кои постепено се засилуваат (болка во слабините, половината и грчеви долу на стомакот). Има простор за паника? Уште нешто, во ред е проѕирен накај белузлав исцедок да имам како при плодни денови? Онака константно навлажнета сум, ко подмочана.