Мене син ми ме растураше од клоцање во стомак, а надвор мислевме бебе немаме дома. Спиеше цела ноќ со едно две будења за цицање по 10 минути. Од ко е роден тој спијам повеќе од претходно . Не знаеше да плачи само малку квичеше ко ќе беше гладен и не сакаше во раце, само да си лежи. Зато сега е збеснат и надомести и за периодот кога беше премирен. Со второво ќе видиме има време
Нели се жалев дека го нема нигде два дена. Еве два дена ме растура сега од клоцање. Незнам што прави внатре ама ме здоболува папок ме боли, страните, се. И како да вибрира на моменти како меурчиња да прави. Ни на страна неможам убаво да се наместам со рачето ме удира во колк. Некако ни на небо ни земја полубочно. Се искривив. Спијам по еден саат преку ден. Остатокот уште три саата ноќе и среќна задоволна со толку. Ми мириса ќе си дежураме со мм откако ќе се роди.
Јас пак да го кажам моето искуство околу оваа тема. Син ми беше активен во стомак, ама не толку колку што е ќерка ми сега. А си мислев за него леле демек дали ќе постои поактивно бебе од тебе бе сине, ама ете кога би ги спредила испаѓа дека сепак не беше толку активен како момава сега. Кога се роди синот исто беше голем плачко и сега е мн мн мн живец. Така да се надевам дека кога ќе се роди принцезава ќе биде помирна оти сега лом ме прави во стомак ич милост нема, а и не е нежничка како за женско бебе.
Дојдов на цтг и да ѕирнат како одат протоците ама по се изгледа пак ќе си дремам овде со часови. Многу мразам кога ми даваат вакви термини баш за ручек, ем нив им се јаде, ем јас гладна па не можат убаво да видат ништо. Туку и бебла вчера и денес никаде ја нема, почнав да се загрижувам, јадев благо, кафе, лежев по грб, јок бре дали на два пати ми се оптегна стомакот а баш си беше активна прво и тоа се во ноќните часови, наместо да спијам јас се боксувам. И кај мене со првата бременост син ми беше мирно и заспано бебе ама кога се роди вредеше за три, така да не се водам по тоа правило.
Девојки дали ве фаќа nesting fever? Налудничава потреба да се средите да сте спремни? Нонстоп лежам и гледам околу мене недосредено кутии и мислам ќе се мрднам. А знам ако им станам ќе се закопам во работа и неддај боже ќе направам белја. Морам да мирувам. Мм вика ќе среди се ама кога? Уште малку 8ми месец. Мора да ми е средено спремно. Ни алиштенца немам. Колку земавме за први 0 до 6 месеци? Многу ли е да има по 4/5 комплетчиња за пресоблекување за од 0 до 3 и уште 4/5 за од 3 до 6?
Не се секирај имаш време. Освен ако докторите не ти викаат поинаку. Јас во 9ти влегувам чекам прво цтг да поминеме па лека полека ќе переме средуваме пегламе. Тогаш ќе бидам опуштена повеќе да се движам. Можеби и ти кога ќе бисеш 9ти исто че ти речат движи се... Нема логика сега ако переш пеглаш по мене кога вакумирам ко усмрдени ми се после алиштата и пак преперувам. А се останато до тогаш ќе ти фати прав.. Бар ја вака размислувам не мора да сум цо право
Иста сум и јас ништо не ми е средено, а скоро 30 та недела сум. Кај мене близнациве уште порано ќе си дојдат па немам ни толку време
Арно си дочекала до сега да не переш пеглаш . Јас пред некој ден се фатив да пеглам нешто стомаков до заби ми е баталив и пегла и се среќа за бебе све ми е испеглано средено само ги стокмив по фиоки да требаше сега се да правам ќе се мрднев
@Milkiway уф барем да имав нешто за перење. Бабите купија нешто ситно за од 6 месеци нагоре. Оставија јас да си одберам и купам до 6м. Ама бидна ова со лежењето нигде и ништо не сум видела и зела. Тука ми лежи зајакот. А дека ќе биде порано или подоцна никој не ми дава конечен одговор заради ниската постелка. Пред 7 недели бевме на штрек за секој миг додека да се смири крвавењето. Мисла ми е да не биде експресно брзо и со скратен термин а јас неспремна. Мада од друга страна како сме се улежале со синко некат си велам и ќе го надносам вака.
Леле јас за првото не купував ништо, ми пратија прекрасни алиштенца за бебе роднини од Австралија. И премногу имаше од најмалите 0-3 и беа преубави што си реков нема потреба ништо да купвам, дури останаа доста и воопшто необлечени, немаше потреба да купувам воопшто. Кога таа пратката стигна само 2 дена пред пораѓај. Па се избудалив начисто дури да стигнат, да испреам и испеглам се. До последен момент до пораѓај спремав, мислев бебето голо ќе ми прошета P. S едвај чекам на второво да му ги облечам
Незнам зашто, како да ме оставија на цедило. Ни роднини ни кумови ни пријатели со пораснати дечиња. Едно боди не понудиле да позајмам барем. 3000 давам за терапија месечно. Ете ми ги парите за алиштенца. Ајде ќе се снајдам. Најдов на едно место мн убави ама немам мерка што колку. Се викаат брзо ќе растело. Ако не само два комплета за 0м и другото се поголемо.
Ако ти значи помало од 56ка ја немам земено..добро може 1-2 да ми се од тритекс. Ако треба стружанка ми е пред зграда ќе тркне мм да купи 2 3 бодиња иако не верувам. Помало од 56ка ми се џабе пари а кратко ќе носи овие ќе си ги носи поише. Е сега лично не ми смета дека како вреќа може да му бидат Па ти јави се кај бабите порачај можеби они сфатиле да не ти се мешаат и затоа не купиле. Ја од внук ми малтене сама си ги побарав алиштата мислеле нема да ги сакам може и за тебе така си мислат... па не нудат.
Мене братучетка ми три вреќи алишта ми даде као за почеток, ги исправ испеглав и.. ништо не употребив Сепак беа 3 год стари, крути.. јас си сакав се да ми е ново,мекичко Деновиве може ќе се убедам да пробуричкам во гаража и да ги најдам, рано е ама да видам што е употребливо а што не, исфлекано што не се пери ќе иде во канта за ѓубре. Уствари кога беше бебе можеше да се додржат чисти, сега малку потешко Вечер на контрола, не можам да чекааааам. Грчеви секојдневни имам во стомак, на моменти мислам готово е ќе се породам ме боли на едно место стомал како да сум се ударила во нешто, се си мислам модринка ќе видам, ама нема.. А боли ли боли. Само да е се во ред...
А не си помислила дека им е незгодно да ти понудат пр стари алишта или пр да ти помогнат финансиски, ако ти не си им дала повод? Не сме сите исти, ама сепак доколку имаш потреба од нешто треба отворено да разговараш барем со најблиските. Замоли ги да ти помогнат, да ти купат, исперат, средат било што и да ти треба. Не секој има храброст да ти се понуди прв. Ете бабите се понудиле да купат за од 6м натака, ви дале вас простор да докупите за помалечко, епа ако имаш потреба замоли ги за малку помош и сега. Мислам дека тоа не ништо понижувачко.
Таква манија мене не ме фати. Сакам да ми е чисто и средено, ама мрза сум, па не ми се мрдаше за чистење. Да бидам искрена, јас не чистев воопшто. Свекрва ми среди се. Може и удел имаше тоа што бев огромна, и дебела, и отоци, плод голем, се. Шетав, не залегнав, имав школска бременост ама не ми се мрдаше да чистам. Да провериш во ваикики? Таму мислам дека има најевтини работи за бебиња. Колку пари се шпихозни во таа продавница? Во ваикики на попуст се наоѓаат и сет од 2 пара панталони за 300 денари. Исто толку и боди. За почеток ти треба големина 0 до 3 месеци или 56 во некои продавници. Ама синко истите ги израсна за три недели. Значи можеш слободно да земеш 3 6, ке му се големки ама ке ги подвратиш ракавите. Гледај да купуваш панталони без ногавици долу, отворени да се, подолго ке ги носи така. Ако немаш пари за алишта, купи најевтино, секако е битно да е памук, мајките за мерак даваат куп пари а на мало бебе му треба памук и љубов. Дали е окаиди или ваикики, сеедно е. Верувај, толку пари одат за памперси и влажни, што алишта носени неколку недели се фрлање пари во воздух. За почеток ти требаат 6 бодиња и 6 шпихозни или сетови. Ама почесто бебуш нагоре ке се бљуцка, па надолу ке нема потреба да го пресоблекуваш. Значи 4 боди со долги, 2 панталони, 2 шпихозни ке ти се доволни за почеток.
Женски ми треба еден совет, деновиве сум на контрола па ќе чекам да каже килажа докторката на момава. Кој број на бодиња и пижамчиња ми е најдобро да земам за почеток? Дали според килажава од сега што би ми ја кажале може да се претпостави од прилика колкава би била малава кога ќе се роди? За синот никогаш не ми кажа матичната килажа и појма немав, кој број да купам, па пазарев 50ка и нешто 56ка, арно ама синот го родив 2800гр па и тие 50 ка му беа големи, висеа на него. Така да сега оваа матична која сега ја имам ми кажува скоро секој втора контрола грамажа, па дали можам од прилика да дознаам колкаво би било бебето?
Јас се си земав 3-6 месеци. 0-3 земав само бодиња и доле панталонички. Шпикозни исто повеќето 3-6, иако јас дури треба да почнам да купувам.. Сега паузирав бидејки ем уште нема зимско ем рано е. Ваикики во Капитол ми се најснабдени,се од таму ќе си земам за почеток. За син ми претежно се што купив мало му беше од старт. 4400 се роди дебелко,и само бодињата му можеа..и панталончиња без ногавици. другите кнап. Поучена од тоа си земав малце поголемки да си ги износи барем. Криво ми е така слатки алиштенца по еднаш да ги облече.
Мене последна контрола неколку дена пред пораѓај ми кажаа дека ке е над 4 кг и утна за 200 гр. Ама јас цело време знаев дека носам крупен плод, плус и јас и маж ми сме високи. Ама има жени на кои докторите и по 1 кг им имаат утнато мерки, така да не знам што да ти кажам. Реално, ако ти не си многу крупна, и маж ти ако не е, големи се шансите и момата да е ситна како брат и. Мали се шансите таа да се роди дупло поголема.