Јас све си земав 56ка немам ништо 50ка кога отидов во стружанка де убедувавме со продавачката она вика што ќе ти е 50ка јас и викам па сите се 56ка и вика гледајќи те тебе ти не си за 50ка џабе ќе го купиш 50ка се зема за помали 7мо месечни што се родени и ме стави во мисла малце и така си го земав и тоа боди 56ка да земеш од 3-4 фирми сите се со различна димензија кое за прст,два па некои и три разлика во должина
За првото сите еве истиов муабет земи 56ка,кога го облеков пливаше во алиштата, кај вратчето беше голо како со деколте и одвратно ми беше. Си појдов во тритекс и купив 50ки. Се роди 3кг ама висина 51цм. Горе доле бебињата околу 50цм се раѓаат, ако не ти смета да биде во поголемо земи 56ки. За земање облека јас не сакав ништо од друг. Сестра ми ми нудеше ама си решивме сами се да купиме.
Богами не знам ни јас што да мислам. Од задутре 29 недела па да докупам реков работчина кои ми се нај неопходни. Па вака висока сум 174цм,пред бременост 67-8 кг. Мм исто висок 177 цм и 80кг. Високи а не толку тешки хехехе. И двајцата сме се родиле со 3500-600 гр. Не знам оти малиот така ситен го родив во 40+5 г. н. А мислев леле по 16 кг поправена ќе родам барем 3500 гр бебе ама не било така, изгледа се на мене отиде. А сега 29 недела 3кг и 700гр поправена само а малата супер напредува, да видиме на контрола сега колкава ќе биде. Се надевам барем неа до 3-3.200 кг да ја родам. 2800гр а 51цм долг. Леле абе глувче долго беше. Се пливаше на него па и 50 имаше луфта. Хехехе.
Точно е тоа, ама јас родив бебе со поголема килажа и подолго од просечно. Ама јас знаев дека ке биде така, цело време беше поголем за неделите и плус ние сме прилично високи. На синко 56 му беа таман од болница до три недели. 62 исто три недели ги носеше. Просечно децата растат 20 25 цм за една година, синко е издолжен 30 цм. Мене пак ме убедуваа секаде да земам помали работи, ке пливало бебето во 56ки. Ако не сакаш да му висат, најверојатно и 50ки ке се добри ама многу краток период. Од финансиски аспект, 56би ти биле поизносени. Ама нема да погрешиш и ако купиш неколку 50ки.
Искрено окаиди не ми е ништо посебно ни mother care може грешам ама вака на прв поглед ништо поразлично од ваикики освен во цена. Ја се купив од ваикики, стружанка и тритекс...околу мене занес ги фаќа бабите за поскапо ама ги сечам дека нема потреба. И со тие алишта ќе порасне. Од кога останав трудна почнав ептен на уштедина А мм сака да се расфрла... чудно обично беше обратно ама сега ептен економично гледам
@Fatalnata не е прашање на гордост или понижување. Им ја знам ситуацијата и не сакам да им зададам поголем товар од тој веќе што го имаат. Единствена грешка им е што не настапивме со договор околу што ми е потребно на самиот почеток. Се потрошиле во момент на афект без да ме прашаат. И сега е веќе доцна да исправаме. Како и да е ќе се искористи се што ми зеле.
Јас кога почнав да купувам читав од овде и 50 и 56 барав ништо не најдов. Купив 10 пара шпихозни за 0-3 месеви пишува 4,5 кг, купив 6 бодиња исто така пишува. Моите ќе ми земат по некплку помали да не и висат ако се роди послаба од 4 Сетови мислам дрка само 2 имам земено. Дефинитивно треба да ја прочитам убаво темата за новороденче и да ги организирам работите да знам што се имам купено и што фали.
Исто и ја не знам што имам што немам. Дел во регал испикано, дел во кеси бапнато во шкаф ..кај се нашло таму се ставило. Си викам си дремам ако реши порано да излезе ќе хараат по станов бабиве да најдат што и кај е напикано
И мене уште ми е се во кеси, спалната е хаос со кутии и кеси. Маж ми вика рано е од сега да идеме да купиме шкаф, ајде се сложив викам рано е затоа што има уште 3 ипол месеци. Затоа реков месецов нема веќе купување.
Mene majka mi sve mi perese peglase, sve naredila pod konec. Jas samo da namestam postelnina na krevetceto
По вториот скрининг почнавме да купуваме сите, и јас и сестра ми и двете мајки. Со договор беше се. Бидејќи бебето е долгоочекувано ете од мерак се купи се, дури и повеќе од што треба според мене. До 9 месеци е опремена момата. Кумовите дури и хранилка сакаат да купат за сповојница, па и за неа нема да се мислам. Поголемите работи ми ги купија моите, нивна желба беше. Значи количка, транспортер, креветче, постелнина, релаксатор-се е од нив. Ние купувавме ситници и соба направивме. Земав и облека од сестра ми, сама ми ја понуди, зошто да не- има работи од внука ми кое беше крупно бебе и беа само по 2 пати носени. Ни исфлекани ни развлечени. Ги позајмив. Колку можиме ќе ги чуваме. За второ дете па јас ќе и ги подарам и така. За што би ги чувала тие алишта. Од шпикозни и бодиња имам по 7-8 56ки, имам 3-4 50ки, другите се 64-68-74. Дводелни, троделни комплети, пижамчиња помали и поголеми, машни за глава, капчиња, обувчиња, шал и ракавички за зимото. 4 ќебенца од најтенко до најдебелко, скафандер за зимото. Се ми беше направен список од темата за новороденче и по тој список се водевме. И така. За перење во 32ра недела се исправме и испеглавме и ставивме во шкафче нејзино. Сеуште мирисаат да ви кажам. Собата мораше да биде спремна заради можно предвремено породување. Ете помина и тоа и не планирам да ги преперувам зошто се чисти, заштитени и складирани во нејзината соба. Пред да си дојдам може да забришат во собата и да изџогираат моите и толку. Сега се е спремно ама не и се излегува на момата, 36+ сум и ако сака да дојде на пример утре, не ќе биде лошо Досадно ми е дома, барем да си имам занимација
Алишта од викики се поквалитетни од окаиди, јас такво искуство имам. За убави убави се ама цените се изгор. Нереално скапи.
Земете си 50ки неколку за почеток, баталете старски муабети нема да износи. Кое бебе може нешто да износи? Па децата растат преку ноќ, секако нема да износат се. Ама па обесено, виснато, превиткано и тоа не иде. @Tsukinory моево е дунде инаку на драго срце би ти дала алишта. Посебно малечки. Да не излезам надмено, ама со драго срце би ти купила малечки ко за почеток, ако прифаќаш секако
Не е исто да носи три недели и два месеци. Неколку 50ки не менуваат ништо. Синко на почеток бљуцкаше и му течеше млекце што прецицал, се во врат. Или се покакуваше до грб. Се случуваше и 4 5 пати да го пресоблечам. Што фајде од неколку 50, ако ги бљуцне пак ке мора од поголемите да облече.
Уште повеќе ми фали мајка ми кога ве читам она до сега ќе имаше купено се'. До чепкалки за уши, чак и стандард нејзиното за успомен и долго сеќавање..златно нараквиче 20та недела сум и едвам се воздржувам да не изнакупам се'. Ќе почекам бар вториот скрининг да помине, па после ќе прочитам и јас во темата за новороденче. Последно ги читав муабетите за колички, транспортери, креветчиња...едвам се додржав да не купам од одма. Имам можда два пара шпикознички, едно боди, капче, лигавче, чорапчиња, топлинки...и едно комплетче за 3 или 6+. Треба да ѕирнам у ќесите, пошто имам заборавено што имам. И за женско имам. Овие за машко се ..ми беа купени за бебињата на братучедите и така останаа пошто не им имам отидено. Поима немам колкаво ќе излезе на крај. Татко му бил големо бебе и сега си е голем..јас сум била 3.100-200..брат ми исто... Инаку,. Почна ко ептем малечко, чак и матичната ме тешеше на прв скрининг ццц. Ама пак, јас и поима немав колкаво треба да е....бев хепи ко гомце, не и ги ни дослушував муабетите за колку е помало во недели, денови. За во 18та недела мислев мах до 250 ќе е, преку сила..оно 272 беше. Плус, мада си го контролирам шеќерот, знам ли како мојата резистентност ма инсулин од пред тоа ќе му влијае на килажа и се'. И тоа. Ќе ве следам па после и јас у шопинг ќе се џитнам. ок, ќе мора да почекам зимска гардероба де, ама креветче и такви ствари можам...можам да уредам сопче Едит: и јас се пријавувам да купам облека многу озбилно.
Ви благодарам женички. Назад е возот кај мене. Имам уште месец и пол за планирање. Дај боже да не излезе уште нешто непредвидливо. Засега ете колку и да не сакав се ослонив на едно место побарав колку да има нешто од нешто. Понатаму ако испадне дека не е доволно ќе пишам во темата за продажба/размена на детски производи. Или ќе ви се обратам лично на тие добри души што понудија. Сепак си чекате бебчиња. Они нека се живи и здрави нека не им фали ништо првин нив. Мислата и сама по себе е доволна. Ме фати паника утрово искрено ама сега гледам дека не сум сама.
Јас си направив ексел табела со триста колони и тоа по категории.. во однос на облека еве што купив.. се си мислев да не е малку, ама прошлиот викенд докупив доста и сега веќе знам дека сум таман.. 62ки ако фалат ќе докупам накнадно, а за 68 веќе ептен накнадно.. А да, чекам 12 шпихозни од Лондон да ми стигнат, 2 дводелни комплетчиња и 1 мекано плишано скафандерче. Претежно се 3-6, некои 6-9..
@Tina-fina Не знам како е во Мк ама сигурно ќе мораш на приватно за второ мислење. Кога бев трудна во малата бевме со една плата па гледав што е неопходно.Па така од неопходно имаме сеПрво купивме кревече па светковци дадоа пари кога се роди, па количка што не се погоди и ја однесовме во мк, да не му треба на некој, па купивме после полесна.Релаксатор моите дадоа пари.Комода за пресоблечување, па една када па не се подгоди ,па уште една купивмеИмаме и кенгур кој е дури 3 пати носенСе плашеше малата во него.Вреќичка за спиење ,пелени ,крпив еден куп ситнурии Креветот уште го користиме ама маж ми веќе неколку недели балега да одиме да купиме голем, а сегашниот да остане за бебе. Алишта добив од золва ми огромна кутија до 1 година Премногу имав и плус јас купив некои шпикозни од ќеф.После сестра ми кога се породи нејзе и ги дадов па за бебе немам ништо, ама ако ќеф ми е што внучка ги носи.Е на внучко се нови ми купувам ама неможам толку многу како внучка што има Сега чекам да видам пол и пак да и пратам ако е машко ем простор да си направам.Откако золва ми се породи во второ не ми праќаше, веќе па ние си купувавме сами.Мм ќе види ќе купи јас ќе видам нешто ќе купам и има повеќе облека од нас двајцат Чекам пол да знам па да се организирамАма големите работи ги имаме од малата
Да додадам за големите работи - креветче и душек (уште во фолија ниту еднаш неискористен), количка, хранилица, подлога за на земја и транспортер позајмивме од другари и братучеди. Од моите и брат ми имаме релаксатор и пари ни дадоа, па изнакупивме козметика, шкафче за бебето, шишенце, некои ствари други. На мм неговите исто ни дадоа пари, па купивме голем дел од облеката. Од другарките имам кадичка со постоље и слинг марама.. На другите им кажувам ако купуваат облека, да земаат од 68 нагоре Искречивме, исчистивме, викендов ќе местиме шкафче и креветче и ќе переме и редиме облека Денес осеќам болки и притисок ниско кај препоните и карлицата, а и некако како да ме опуштија киселините, ко да не притиска бебчо веќе толку високо.. утре сум на контрола, ќе видиме што ќе кажат