Jas nisto ne kupiv duri ne se porodiv otidovme veke pred poragaj koga se dogovorivme so dr za carski rez so mm I so svekrvata I odlucivme sto ke zemat oni so svekrvata koga ke se porodam I taka I bese za alista mnogu sobravme od povojnicata I od mekicite I od vnucite ni
За син ми пред 9 години само алиштенца и кадичка си купивме со мм друго бабите купија буквално се и золвами и комшивката и од кумот една вреќичка алишта и пари. Сега за бебо само мајка ми и свекрва ми ми купија по нешто а свекор ми креветче и од золва ми добив цела кутија алиштенца од нејзиното дете и тоа е тоа. Имам од синко скроз нови не облечени ги исправи испеглав и во шкафче и искрено не купувам многу знам кога ке се роди ке ми донесат сите по нешто инаку ке гледам да имам повеќе за финансии за понатаму за памперс влажни а и ако не цица ке треба Ад и плус имам ученик па затоа не претерувам.
Мене па не знам што ми е, напунив фиокер со ствари од ќерка ми што можат и за син ми да се искористат, купив 5 нови работи не дека ми требаа него ај и нешо ново да има. Ама за ќерка ми купувам како луда, маж ми дури ми вика претеруваш за бебето ништо ли? Викам па пуни се фиокине што да купам, вика па од мерак. За второво сум многу практична, иако не очекував. Деца растат па стварно доаѓаат и други трошоци, еве курсеви, јазици, спорт да запишеш дете, све си кошта. А и земава плус со корона кај ќе носам дотерани деца, све нешто тренерка систем гледам да земам.
Јас денес сум точно 22 недела. Сеуште немам ништо купено затоа што го чекам утре да помине втор скрининг. За облека се понуди сестра ми да ми даде од внука ми и транспортер. Разлика ќе си бидат 9 месеци другарки верни . Нормално и ние ќе си купиме што ни се допаѓа за почеток или ако ни зафали нешто. Моите се понудија за количка мада не знам реално за почеток колку ќе ми треба количка затоа што термин ми е во јануар (давајте совет дали да ми земат количка или да бирам друго). Свекор ми свекрва ми и золва ми сеуште не се понудиле или не не прашале што сакаме за бебка. Секако не очекувам многу други да ни купат способни сме со мм сами да си обезбедиме.
Количка ќе ти треба ќе сакаш да искочиш да прошеташ до овде до онде ќе ти треба нема во раце да го носиш или дома да го чуваш со месеци додека се стопли за релаксатор ако имаш да позајмиш и да не купуваш за да видиш дали воопшто ќе седи во него
Zeni aj ve molam za pomos edno prasanje Imam bockanje vo dolniot del na stomakot i trajt negde okolu 10-15 sek na sekoj sat ili pola sat .. i bebeto e mnogu aktivno Bremena sum.36 ta nedela dali treba da posetam.lekar ?
Да не те тегне бебето да бутка до главата и јас ги имам деновиве ти е болки како што ќе потегне надоле мислам дека ме сече и од позади како бубрезите да ми ги влече само кукам ако не ти прекинуваат оди да те ѕирнат да не ти е мисла
Количка ке ти треба, ако не првите два месеци, тогаш откако ке може да излегувате, нема да ја носите во раце. Освен ако не сака да се вози во количка ама тоа ке го дознаеш подоцна. Можеш и откако ке се роди да купиш, ама се има доста добри попусти. Најголем дел од количките одат со транспортер, кој мора дс го имаш за излегување од болница, така да ке купиш се во едно. Имај на ум дека транспортер ср прикачува на количка, па ако купуваш ист бренд добро, ама поубаво е да имаш транспортер кој се прикачува на количка. Се случува бебе да заспие по пат, само вадиш транспортер од кола, закачуваш на количка и шеташ (ако ортопед не препорачува возење во транспортер).
Количка ќе ти треба секако. И како што ти кажа @MilaSs12 повеќето колички одат заедно со транспортер. Има секогаш добри попусти и акции на количките, прати на нивните страни. Може ако сакаш да си порачаш да ти купат кенгурче, тоа некаде после 3-4 месец се користи и е доста практично кога треба сама да излегуваш со бебе на кратко, за до овде, онде. Се што можеш друго позајмувај Јас имам и сестра и јатрва со мали дечиња и ништо не ми позајмија, нити па се понудија. На сестра ми еднаш и подреков, ама на јатрва ми не можам, глупо е. Сестра ми изглеа се спремаат за уште едно дете па не им се даваат работите. Ми понуди само една постелнина неотпакована и алишта што не ги облекла, и ги донеле на поклон и не и се свиѓале. Зедов само едно комплетче. А толку работи слични купив како они што имаа/користеа ама тоа е Ич не се ни лутам.
На бит пазар во продавниците има убава облека со ефтини цени. Конкретно после полициската од лева страна, има бутик карамел пишува има и поскапи и поефтини алишта. Бодиња што имам земено од таму,по 80 и 100 ден се слични на тие од Ваикики. Јас 90%, од облеката купив 8ми и9ти месец,пред тоа морав да лежам
И јас сум многу нетрпелива да средам алиштенца и се за бебка Купив неколку шпихозни колку за почеток. Го терам мм да ми качи вреќи алишта од сестра и, да видам што може да искористам, оти различни сезони ќе се. Рано било Во октомври ќе ми ги качел. Кумашинката изнакупила алишта исто. Знам дека и бабите и тетка и, кумата ќе купат исто, ќе пратат еден куфер Ми требаат само шишенца, кадичка и некои ситници да докупам. Релаксатор, количка, транспортер, ќебенца, вреќи за спиење, кенгур се имаме тоа. Инаку бебка е многу поактивна од сестра и. Мислам ќе ми излезе од стомак кај и да е. Ама па големава беше мирна и кога се роди, ко бебе да немав дома, така да не знам што да очекувам Не знам дали е прашањево за темава, ама вие што имате веќе едно дете, како се однесуваше додека бевте/сте трудни? Мојава кажува дека ќе има сестра, знае дека има бебе кај мама во меше. 3, скоро 3ипол години е и периодов многу сака да се гушка и да спие со мене. Цело време се гушкаме и галиме. Дали полека сфаќа дека ќе ме дели со бебе, не знам.
За ќерка ми искористив по некоја 50-ка, толку и се роди. Не растеше многу брзо во должина првата година, па некако "ги износи" алиштата. Е арно ама, затоа син на мајка се роди 56 цм и почнавме со 62-ка која ја нарасна пребрзо. 56-ка се' му беше кнап, не го закопчуваше убаво долу и му сметаше. Он растеше (и уште расте) како да го храниме со лењири, 5 години дете голем е како третоодделенец. Нема на кого. За ова бебе ќе купиме само тоа што ни прави ќеиф. За вадење од болница комплетче и нешто слично, плус душече ново ќе треба за креветчето. Толку. Друго се' имаме од големите и не гледам причина да не си ги искористиме работите.
Ама ме “израдува” докторкава вчера. Не била 100% сигурна дека е дунде второво бебе. Јас ваква ама какооооо? На мм му се “пожалив” он ми изнасмеа за маките мои. Тежи цели 300грама Ме пофали др. дека само две килца сум ставила, ама ради моето масно ткивце не може убаво бебе да се види, не продираат зраците Треба на диета малце да се ставам, ќе ја проучам темата со Гестациски дијабет сега,па ќе се хранам така некако.Се плашам да не дојдам до 100ка...
Јас здравје си планирам од ќеркичката се што може да се употреби она ќе полни 4 години само купив сет за новороденче бањарка нова постелнина две тетра нови. Tsukinory А инаку што се однесува до бројчето за ќеркичката се за почеток ми беше 50 цм (и ме критикуваа мали биле немало да ја соберат) а имав и за поголемка и среќа што имав и за помала она се роди 2500 гр со 48 цм така да и тие и беа малку големки ама се си изнанисе нормално не треба да де претерува со многу работи на почеток но сепак треба да се има резерва зашто во денот можеш да смениш и 3-4 шпихозни/ боди а ќе ти требаат други за наредниот ден додека не ти се исушат претходните а освен ако немаш машина за сушење. Поевтини гледам се сетовите за бебе на фб има да се најде bomida , baby shopp. Ваикики е добар со цени мислам...
Од кога прочитав две членки што се породија, дека на вртење во кревет им пукнал водењак, мислам секоја вечер ќе се укочам што ми е страв да се вртам
И мене со првото иста ситуација, станувам од кревет и како на филм пукна, а баш предходно на вежбите во бременост ни потенцираа дека не е пукањето на водењакот како што ние што замислуваме како на филм, а скрос беше. Сцената од Сексот и градот кога на Миранда и пукна водењак на новите штикли од Кери