Не знам како ќе биде кај мене искрено, затоа што овде породилно е 2 месеци намногу што можеш да добиеш е 3 месеци. Затоа би имала потреба од пупма како и да е, иако размислувам и за варијанта два да дадам отказ на работа. И јас сега за сега што читав Медела се најмногу фалени.
Ааа јасно тоа е веќе друго. Тогаш сигурно инвестицијата ќе ти се исплати. Не е исто дома со бебе и на работа.
За жал да, само два до три месеци е. Затоа не ми се размислува многу на темава. Имам среќа што сум во добра компанија и можеби ќе успеам да се договарам да работам од дома.
Исто и јас, 3 месеци имам. Си земав 9ти месец да седам дома и уште два откако ќе се породам. Бебе е веќе запишана во градинка, здравје боже ќе почнува од Март
Јас се мислев некои од домашните да доаѓа да седи по 3 месеци и да не мора во градника, затоа што на дадилка не би сакала да ја оставам толку мала
Во Бебе ја фалеа многу таа на Чико околју 2500 ќе да беше. А за другиве не знам сигурно се тука негде сите...
Кај мене само свекрва ми може да дојде. Ќе биде тука 3 месеци, ако треба ќе и продолжиме престојот. Ама тоа е планот засега. Бебка би била околу 3 месеци кога би почнала во градинка. Мала е многу знам, ама таква е ситуацијата, морам да се вратам на работа.
Те разбирам и кај мене е иста ситуација после 3 месеци мора на работа. Можам јас двете баби по 3 месеци, прво едната па другата, сестра ми исто мора да дојде затоа што имаше купено карта за годинава ама и вратија како ваучер затоа што летовите беа откажани. Ќе видиме до тогаш што ќе се решиме.
Дај Боже да се договориш,па да можеш од дома да работиш. Сепак ќе многу мало бебето. Леле не знам што би правела да бев во таква ситуација. Среќа па не сум. Овде кај што живеам породилно трае година дена. А бебињата пред 11 месеци не ги примаат во градинка.
Јас и ти чинам имаме исти термин за породување. Па ќе се бодриме до крај . Ти во која држава живееш? Можело уште бебе не родено да го пријавиш и запишеш во градинка? Јас моето ќе го пријавам во Март за да почне во Октомври 2021 здравје. Оти пред 11 месеци не примаат во градинка. А јас имам 12 месеци породилно.
Да, ко што видов во термини ист термин Ќе се бодриме Во Америка живеам. Ти каде си? Тука ги примаат бебињата од 6 недели. Да, можеш уште додека си трудна да си фатиш место, инаку се чека многу. Само по 4 бебиња има во една група. А сестра и веќе оди во таа градинка и уште во Јуни кога се вратија, ја запишав и беба.
Aх @Alishan30 што ми направи со благите тиганици сега такви сакам не сум пробала. Еве трет ден бебе кај мене врв на активност достигна. Од сон ме буди. И ме здоболува таму кај што ќе се заборави со клоцкање. Можно е крај на 7ми да му е толку тесно да се превртува и да го осеќам вака силно. Се најадов ручек и не знаев веќе кај да се свртам мислам како балон од внатре ќе ме пукнеше. Одвај чекам да одам на преглед. Ве прочитав и за протеините па се дрзнав млеко да пијам како да го произведувам. Џабе амбициите ми се високи кога можностите да собере во мешево ниски. Сега ми е јасно зошто го кажуваат трети семестар тежок. Како кокошка во гнездо саде туфкам. Ајде уште 6 недели и влагам во безбедно. Утре полна 30та ќе бидам.
Здраво женски, дали некоја имала проблеми со кожата во првото тромесечје (10 недела)? Имам постојано чешање и црвенило (како пликови) низ цело тело. Ми се прават и после некое време се смируваат, откако ќе намачкам крем или течна пудра. Ја прашав матичната, ми вика само течна пудра ставај и дека нема како да испитам да не е нешто посериозно. Примам кринон и фраксипарин...дали е можеби некоја реакција од нив... Има некоја слично искуство? П.с. прикачувам слика од каков ми беше грбот пред малце...и ова е секој ден