Леле извини, ако треба ќе замесам и ќе ти пратам. Од радост споделив, нејќев да те настрвам. Ѕвони по твоите да месат благи тиганици. Ние не правиме мекици туку вакви. И јас ги јадам од бебе на бебе кога ќе се роди, не често Инаку денес бев на прво цтг, добро беше ми рекоа. Супер што не се разбирам да го читам. Ми рекоа ок, и нека биде така. Ехо не ми правеа, здравје следната недела. Се потешко ми е тркалањето, 36+3 сум
Личи ова на алергија а од кога примаш кринон и фраксипарин,фолна пиеш? Пак ја гледав сликата, и на неурографизам/дермографизам личи.нервозна си нешто? Спојлер
Да, да пијам, Impryl...можам и да појачам со метилфолат пошо сум со мутација, ќе пробам тоа. Не сум нервозна и не ме фаќало никогаш вака на нервна база...
Дали од овие работи некои ги почна, па се појави црвенилово? Првпат да примаш нешто ново? Многу е битно дали си почнала со терапија па ова се појавило. Доколку е да, кажи му веднаш на гинекологот, за да се смени нешто од терапијата
Терапијава ја примам уште пред трансфер (пошо сум со ивф), ова се појави накај 6-7 недела и како напредувам со неделите така се влошува. Најдобро докторот што ми го правеше ивф да го консултирам. Меѓутоа сум ја користела и претходно терапијава...не сум имала вакви појави...фала ти на одговорот
Мене баш така ми прсна водењак со првата бременост и тоа нешто ме пресече на сон станав и поплава меѓу нозе kako ice bucket challenge...втората по малку си цуреше ,третата исто ,четвратата ми го пукнаа водењакот е сега незнам како ќе биде stay in tuned ...
Лелеее... планираме да купиме нов душек, немој вакви работи да кажуваш. Водоотпорна подлога да си земам со време, за секој случај.
Медела е 3000 и нешто, 3400 3500. Најскапа рачна ама јас сум презадоволна. Едноставен механизам, лесно се расклопува за миење. Во таа цена и калмата е вклучена, која е 1000 ден. Јас сум презадоволна, брзо пумпа и лесно, воопшто не ме заморува.
Ја прочитав цела тема за пумпи, дефинтивно ќе биде Медела. Сега читам за електричните колку се практични.
Не знам да ти помогнам, ама верувам дека се добри. Мене се од медела ми е топ, пурелан, силиконски, пумпа.
Јас ја користев до кај 6 месеци, а потоа кога излегував и ми се преполнуваат градите. Ама и за почетток е добра ако ти треба за лактација. Мене за лактација не ми ја требаше, туку за одмолзување.
Јас имав купено Медела електрична, ја платив 6000 и ја користев.. хмм, па можда 3 пати! Не купувај унапред можно е и да не ти треба. Јас мака мачев за ад да го тргнеме и бебе да цица па затоа ја купив, демек ќе молзев и да не давам ад да давам измолзено. Море се заинаетив, па си ја доев до 2 години на крај. И за второво здравје така е планот. Што ќе се мачам со пумпата Сакам да се породам. Ич не уживам во бременоста што ми е?! Мака ми да се движам, да лежам, да седам, да стојам Подуена,”дебела”, едвај едвај туркам од ден на ден. А уште дупло толку недели има до крај..
Јас ги пиев еден месец ама некако мн тeжина имав од нив и си земав на doppel herz и добри ми се ама и апетит многу ми отвараат