Искрено незнам немам дијареа ниту повраќам. Се чуствувам свежо со енергија а и што е чудно за мене и киселини немам инаку си ги имам секој ден од почеток на бременоста. Си правев чај од нане, си топлев млеко ама ништо. Незнам што да пробам веќе.
37 и 5 дена и овие 2 дена ме утепаа стврднувања особено навечер додека спијам, мир немам؛ Мозе ли да значи дека вистинските каде и да се ќе се појават? Ни болки, ни паднат чеп ништо немам؛
Срце јас носам исто сум 22 недела од Зегин го зедов и презадоволна сум само за спијајне го вадам не секирај се нема никакви несакани ефекти . Јас не можам пез него мн посигурно ми е кога лежам како поцврсто ми го држи стомачето а исто и јас имам стомаче позз
Нема на шо срце ако ти препорачува дс си земиш на почеток ќе ти биди чудно ама после сама ќе го бараш барем јас така правам хах позз
На сета мака уште јачмен на око ми фалеше. Ова прв пат ми се појавува, кажете со што се третира ако знаете? И нови стрии ми излегле преку ноќ се направив како рељев
Јас носев од 22 недела заради скратен цервикс ,па да не притиска бебето надоле Немаш штета од него, го купив во медикус, продавачката ми покажа како треба да го ставам
Остај стриите битно бебе да е добро до тука издржа сега за стриите се фати јачмен обично викаат нели од некоја бремена од млеко дека поминувало, на една другарка така и помина друг метод не знам нека каже некој друг
Мене исто за прв пат во бременост ми излезе, многу ми отече окото и ми доаѓаше да си го искорнам. Не ми помогнаа облоги од камилица. Само Вигамокс капки за очи и топли суви облоги држев на окото.
И мене ми испадна во почетокот од бременоста јачменче, ми се повлече од млеко од доилка, само 3 пати ставив и одма си помина.
37ма недела, почнав да имам проблеми со притисокот, висок е. Кај бабицата мерев, 135 со 90, рече нормален е, се покачува при крај на бременост. Сега варира од 130 со 85 до 150 со 100 највисок измерен досега. Направија испитувања да елиминираат сомнеж за преекламсиа, немало. Во понеделник пак на испитувања. Имала некоја оваков проблем?
пиеш ли некој стимуланс ко кафе, пример..запримети и храна и шо пиеш кога е таквов за да отфрлиш сомнеж. Баш пишував, во цела бременост избегавам кафе, чак и какао ретко пијам ради кофеинот, мада сум зависник. Баш пред да влезам на последен преглед, пошо подранив, седнавме и јас макијато ладно земав. Што е баш силно кафе, отров горко и силно...не рачунав дека ќе ми мери притисок, никогаш пред тоа не ми мереле +18та недела бев) и 150 со не знам колку беше. Откоа ги минав глупостите со холтерот и ми мереше после она и беше ок, ми препиша methyldopa... Со совет да мерам дома и ако па рипне така, да се напијам апче. Ако продолжи да е висок,па и често..да одам кај неа па на неФрологија. Исто ми рече по 26-8 недела се качува притисокот кај трудниците, па да следам.
Кафе пиев до пред некоја недела и тоа само неколку голтки. Ова го приметив сега, последниве денови. Се мислам да пазам со храната, јадам МНОГУ сирење, свинско ќе баталам и почнувам да јадам свеж лук. Не знам што друго...