Да се пријавам во стрвните и јас ама јас не толку за сирење колку за благо, газирано а богами и сѐ друго. Последните денови пак ептен се опуштив дека при крај, си знам јас дека за враќање во форма си немам проблем и навалив на храна Арно ама денес си направив и беља, си скршив заб Седнав да јадам ајвар (претходно јадев милка) џвакајќи како некој да ме гони, ми се заплеткаа забите и крцна нешто На поминување со јазикот осеќам како ме гребе на долната двојка, летнало мало парче, за среќа само надворешно а не целосно па да останев без заб. Леле, ми се плачеше. Морам да го правам, толку е тенок сега кога и да е ќе го голтнам Денес бебла ептен активна На толку јадења и јас би била
И јас да чкртнам збор-два-реферат денес бебе е помалку активно, и онака не скокаше многу, ама денес стварно е мрзлива. За заби и јас да се пожалам, околу 4 месец почна да ми расти умник, па застана и погодете што? Овие 2 дена пак почна да расте, и ме боли. Уште тој ми фали. Енергија нула денес, ниво лоу батери. Ме мрзе и да дишам. Тешко ми е да се движам и се. Битно вчера косата ја средив, исфарбана и прамени извадени. Задоволна бев. Станувам од спиење, и по 2 часа пак ми се спие, а спиена бев 10 часа. Многу е ова. Се плашам дали и со бебка ќе бидам ваква сонлива. Лицето ми е како бумбар, уствари цело тело го гледам како надуена топка, темпирана бомба Мачно ми е, а незнам што ми е, безвезе ми е, бутур ми е И така, многу изнапишав и ништо не кажав.
Пхахахахах Лелеее си се смеам на муабетов, стварно во понеделникот се породив, а толку неверојатно и рано ми изгледаше дека ќе биде
Јас одам на приватно кај Органџински ми ја води цела бременост и сум презадоволна. Кај друг не сум одела не знам да ти кажам.
Мамички само што излегувам од преглед. Денес сум 6+3. Бев појдена за да слушниме срцева акција, но нема ништо. Докторот беше многу зачуден, вика очекував дека ќе се појави, бидејќи на претходниот преглед пред 5 дена беше доволно пораснато како да ќе се појави. Поголемо е од претходниот пат, ама џабе. Ми презакажа за во четврток, ќе полудам дотогаш.
Нема зошто да полудиш ја во 8ма слушнав срце Тоа лекарите само знаат да испаничат... не се секирај. А во секој случај можеш и на второ мислење да отидеш негде.
Заби имате ли правено? Јас сум 8+5 недела, после секое јадење ме болат и тоа правени заби пред една година, и после за некое време поминува болката, ама нервоза ме фаќа после секое јадење да осеќам болка. Сега зборував со заболекарката моја, ми рече во 1во и 3то тромесечие се правеле заби. И реков да почекам малку да ми помине лошењето па ќе одам за некој ден.
Мозе да не ти се за правење туку да те болат ради непцата а тие се осетливи во бременост؛ Слично имав и јас и бев на чистење и после ми се смирија؛
Ај и јас од сабајле да се пожалам Станувам сабајлево и на бришење кафеав исцедок и нормално јас паника кренав Се јавив кај док што ми правеше ивф ми рече да си одам кај матичната дека од друг град сум да ми измери цервикс и да ме боцнат прогестерон депо Кога бев на контрола кај док со ивф се беше ок пред една нед дури и ми ги прекина Дабростонот што ги примав 2x1 Сега чекам матичната ми е 2 смена да дојде на работа и да одам да ме види Инаку 25 нед сум и исцедок имам ептен малку Ај ве молам ако знаете колку треба да биде цервиксот во оваа недела И заборавив да пишам док пак ми рече да си пијам дабростон
Женски, паника, 26+ сум, бебко деновиве едвај да го осетам, се јавува 2 3 пати на денот со по едно мрткање, а претходно го осеќав нон стоп. последен преглед беше за неколку дена помало, докторот ми кажа нормално е и јас сум мала многу, демек неможе да биде до ден точно, ми кажа во 28 нед да проверам скриен шекер. Закажав преглед ама дури во среда, нема шанси порано да ме прими, цел ден и ноќ мислам
и еднаш да мрда на неколку дена, доволно е. Значи живо е не се сеќирај. Куп феминки збореа за истото дека им се случува. И не се вознемирувај околу три дена, пет дена помало. Ќе биде во ред. Некогаш повеќе ќе порасне, некогаш помалку...докторите треба да престанат да не замараат со такви глупости што само не паничат.