@Tsukinory јас не сум веќе за во темава, ама да си кажам искуство. Јас пред да останам трѕдна, уште оред првата бременост имав грутки(фиброаденоми) на гради кои ги следев со ехо прегледи. Пред да дознаам дека сум трудна со првото дете почна многу са ме боли градата (грутката). 5 години нд можев да останам трудна и не ни помислив дека е тоа. Оридов, се беше во ред со ехото и после дознав дека сум трѕдна Првото дете не го доев и си продолжија повремените болки, грутките стоеја. По втората бременост(1 месец се измолзував, не доев /не дојам), пак ме заболе градата и пак се исплашив да не има нешто. Но, докторот ми рече тоа ми било од хормоните и напротив ми се намалиле грутките(веројатно од молзењето). Така да, после пораѓај, бидејќи те читав дека си на строго мирување, ќе си направиш ехо преглед и мислам дека нема да е ништо, дека е хормонски. Во меѓувреме, ова ми е совет од докторот, лист од свежа зелка, помини го малку со сукало колку да пушти сок и стави го на градата. Мислам дека ќе ти помине. Мене миј намалува болки.
Ти благодарам на советот. Вака немам болки не чуствувам. Освен на допир на самопреглед. Не ми се чини дека е зголемена ама и не ја запипувам многу да не ја разлутам. Градите нормално се променија со бременоста се надевам дека после пораѓај ќе се врати во нормала. Како и да е ќе си направам обавезно преглед/ехо.
Во претходната бременост си направив ехо на дојки. Оперирана сум од фиброаденом во тинејџерските години и некако ме копкаше да не имам проблем со доењето. Ако сакаш и сега направи си ехо и консултација.
Лелеее и јас сум иста 26+4 сум и два три дена некако понежни удари и се нафурав малце. Ама како што гледам изгледа не е страшно.
21ва недела ја почнав. И гуглам да видам од кога се фаќа трето тромесечие и..страв, ужас, паника. До вчера кукав дека уште многу има, с'клетосувам...сега си викам, дур трепнам ќе мине и ќе дојде ред и јас да раѓам. Дал на раѓањето да мислам, дал да мислам што на бебе му треба, дал да мислам на здраво,живо ли ќе е, дал да мислам основни ствари шо не дозволувале да си понесеш))))) Изгледа и јас ко една трудница, што рече се уморила од лежење и седење, па бараше писулче од матичната дека има нормална бременост (за да почне со јога да се потсмири да го раздвижи телото), и јас ќе барам. Кај и да е))
Ejj не се секирај, исто како тебе паничев и уште паничам а сум 31 недела. Многу ми е мирно бебе. Во 26та кога бев имаше по 2 дена да не го осетам воопшто или по еднаш, два пати онака слабо, па во ред беше се.
Од што сум цело време дома на се и сешто размислувам еве од утре полна 27ма недела, влагам во трето тромесечие ако не сум грешка, паники на сите страни, допрва ќе кречиме, ќе нарачуваме шкафови, бебе почнавме да го спремаме онлине од зара нарачав комплетче и панталончиња све убаво ама никако да го извадам од мисла денот Д кога ќе дојде, што? Ккао? Дали се ќе биде како што треба? Едноставно сум преплашена и на момент плачам знам луда сум ама ете емоции и хормони до плафон
Мојата од што беше мирна едвај цтг правев, јади, пиј, стискање стомак, па малку да се размрда, сега е иста мирничка и спанка.
10 недела сум и имам многу секрет. И покрај секодневната улошка гаќите ми се пак мокри.Секретот е густ без мирис За две недели ќе проверам на брисевите што и како е до тогаш има ли спас за ова? Фала ви
Цела бременост имам густ млечно-бел секрет. Сѐ живо проверив, ништо немам. Нормално е. Сѐ додека не е некоја чудна боја или мирис, и да нема чешање, во ред е.
Имам многу низок притисок, си велам од тоа да не е? Така сега ми текна, не сум прашала досега доктор. Се надевам и мојата ќе е мирничка кога ќе се роди само да е здрава и жива
Дека е се ок, не се забележува некаква пречка или нешто што би го отежнало доењето и проодноста на каналите
Прв ден денес на работа после месец дена дома.. Бебе ме сети па не спиеше цела ноќ, одвај се довлеков сабајле на работа, неспиена па и ми се лошеше гадно, се лечам со соленки, пеглам коса-лапни соленка, се шминкам-лапни соленка и така цел ден. Незнам колку кисела вода и колку соленки со кикиритки до сега имам решено, а на почеток сум. Па ајде сите колеги на честито, па и од клиентите ќе начујат, ај честито, па мало ми било детето тешко ќе ми било македонската На крај најважното, се разболев, носот ми е чешма и кивам цело време.. I hope it's not Covid
Девојки од синока ме болат ребрата под десната града. Не на допир него само кога ќе земам длабоко воздух или кога ќе се свртам лево/десно имала некоја ваков проблем? Од што може да ме боли?
Рано ти е за бебе да те притиска..затоа прашав. Ако си повеќе улежана може да е до тоа. Пробај повеќе шетај , напиј се магнезиум или види некои јога вежби за трудници за истегнување Мене овие работи ми помагале