Нека те види доктор на ехо,протоци ова она дали е се во ред,може и без боцкање да поминеш,мада во голем дел во вакви случаеви даваат за боц боц нешто.Ќе ти каже тој најсигурно.
Болка во срамна коска и јас имам неколку дена, кога станувам да движам, ептен е изразена, ко укочена сум. @Monella кога станав пред малку те помислив тебе, незнам зошто, дали дека слични ситуациите, па отворив тука да те читнам Ние што чекаме, мислам дека една по една у 2-3 дена ќе го преполовиме списокот од Октомври.
Штом ти помислиш некој, готово е Ќе те прогласиме за баба Ванѓа на форумов П.с Докупувај тоа намирниците што фалат за мекици, кај и да е ќе треба да засукаш ракави Болката нека не те плаши, нормална си, бебла притиска.
Малце ти се покачени д-димерите. 1700 е граница за до крај на 3то тримесечје а ти си 6ти месец.Јас кога бев 6ти месец ми беа 2900 и си примав клексани и еве сеуште примам. Сепак ова е само по книга многу од гинеколозите толерираат и да се над 1700 ако немаш отоци и болки,зависи каква бременост имаш.Среќно! Инаку ние тераме 32ра недела, домче сме конечно немам работни обврски и раат ми е главата едвај чекав само да лежам и да се одмарам ми требаше ова.Вчера не ми се спиеше, си седев до касно без мислење како ќе станам за на работа. Нека пише некој препорака за добра серија дури не е бебуш стасан ќе си гледам.
Женски на приватно колку е скриен шеќер и ддимери , без упат ? Од фирма ми немаат платено осигурување неможат да пуштат плата, па ке морам на приватно.
Од кога не ти имаат уплатено? Ако е само за тековен месец, имаш здравствено. Провери со на moeosiguruvanje
Цтг мирно, бебе абер нема. Изгледа јас ќе си почекам женички. Момата си претка, 3150гр е одприлика, нози у црн дроб ми забила и убаво "ме буши". Постелка тек сега почнува да зрее, и има минимално тук-таму по некое калцификатче. Октомври не ми бега мене Ќе си пржам мекици, и ќе чекам
Може е глупо прашањево ама не ми е јасно на Цтг одиш и нема ништо мирно е. А може дента си имала контракции ама цтг не ги регистрира ... Другарка во петокот правеше цтг и викаат мирно е нема ништо саботата сабајле се породи... И не ми е јасно како функционира
На цтг се регистрираат мускулните контракции на матката и срцевата фреквенција на бебето. Секој мускул, па и мускулот на матката и во условно 'мирување' има мускулен тонус кој се регистрира при цтг. Доколку се регистрира само тој, тогаш цтг-то е мирно. Но тоа не значи дека нема по 5 мин, саати или денови да настанат вистински контракции. Тие на цтг се регистрираат со повисоки аплитуди. И пред пораѓај се прати на колку точно време се јавуваат контракциите.
Џабе се секираше женскава твој уште од стомак главоболки ти создаде. Природно ќе си чекаш за царски мислам немаше индиција ти?
Јас не барам сама да одам,како ми кажуваат, така правам 36та правев прво цтг, сега 37ма второ. Ми рекоа еднаш неделно. Имав понапред плод, имам дијабет, имав скратен цервикс, следат и плодова вода, имам бебе кое многу малку мрда, може и затоа така ми кажуваат. Јас ако се прашувам, би одела само ако имам болки или ако ми пукне водењак А незнам другите влезени во 9ти месец не прават цтг? Само мене ме викаат? Сега за сега, чекам болки или водењак за да отидам, за царски не ми спомнале, како ќе кажат-така