Јас на цтг одам на 2 дена, а на ехо еднаш неделно.. не знам зошто толку различно кажуваат. Во петок ми закажаа и ковид тест, а во недела полнам 38 недели. До сега сите цтг-а мирни, бебе доста активно и многу високо поставено. Нема индикација за царски, ќе пробаме природно.. На последниот преглед имаше доволно плодова вода, ама калцификати на постелка и доста презрела постелка - докторот рече дека тоа може да значи дека ќе треба да се индуцира пораѓај порано.. ќе видам сега во петок што ќе каже
Не се разбравме и ја ќе одам почнувајќи од 36та нед. Т.е. по приватниве почнуваат со 36та. Мене ми беше тоа сабајле може сум имала контракции а еве утре сум на цтг и дали тоа нешто ќе регистрира воопшто. Ама @IRBBB отприлика ми објасни како иде регострирањето па ми стана појасно што е како е Јас па се си мислев они таму регистрираат гледаат и знаат отприлика кога да дојдеш пак кога отприлика би се породила... така некако замислував и јас толку колку што ги разбирам Каде ова ремедика да не е?
^Јас кај матичната правам цтг. На приватно не ми ни спомнаа за цтг ми кажаа на ден на термин да одам. Матичната инсистираше еднаш неделно да следи состојба таа. А при болки или пукнат водењак да си одам таму каде што ќе се пораѓам.
Сите различно. Овде конкретно систина и ремедика почнуваат 36та си цтг. Сега баш ќе видам дали и мене ќе ми кажат на една недела или ќе ме остават повеќе...
Јас те сфатив. Еве кај мене бебе е по активно сабајле, тогаш и болки менструални имам, а на цтг одам ноќно време и пред да појдам намерно јадам пијам и бебе спие истово на маж ми му го зборев, дека цтг-то не е веродостојно. Ама ми прават и ехо па така гледа и други параметри ваљда.
Да да тоа мислев пошто во 4 сабајле ме фатија менструални болки. И цело сабајле исто. А навечер е мирно завршувам во 5 со јадење после веќе не јадам ради киселини така на вода повеќе...и мене ми е закажано за навечер
Девојки ..денес правев ехо, инаку сум 36+4 и ми кажа дека можеби порано ќе се породам од терминот и дека постелката е зрела и детето е скрос доле во коската(затоа имам болки доле мн) и има 2955 гр сега проверував урина имам 2 + бактерии и ми препиша cefalexin 500 mg, 2 пати наутро/ 2 навечер а јас уште не ги купив незнам дали некој ги користеше или да пијам чаеви,, имам проблеми со желудникот од таблети и капсоли
Aко ти препишале треба да ги пиеш. Чаевите немаат влијание врз некои бактерии. Антибиотици се избегнуваат во прв триместар, ти веќе си на крај нема зошто да се плашиш. За да немаш мака со желудникот ќе ги земаш заедно со јадење, одма одкако ќе се најадеш ќе се напиеш апче или па ако не можеш со јадење, пред да го испиеш апчето, испи една чаша млеко. Во секој случај, ако ти ги препишале немој да не ги земаш.
Уф.. ме сецна сега.. мислам, едвај чекам, ама некако убедена бев дека до кај 1ви барем ќе издржи (5ти ми е термин). Мислиш поради зрелоста на постелката ќе сакаат порано? Ќе може ли некој повеќе да ми објасни за опасноста од презрела постелка - го намалува дотокот на хранливи материи? Може да ја замати водата? Што би можело да наштети, не ми е баш познато?
Ми даде упат за цтг дали можам да бирам доктор кој ќе ми гледа цтг и истиот да ме пораѓа? за во чаир прашувам
Еве сум јас, пресреќна. Бев на прв преглед, 6+1 сум, бебето одговара на неделите, се слушна срценце. Еве го моето бебуле од дури 5мм
Еее значи како си лета време, кога ве читам октомврискиве трудници дека веќе сте во 9ти влезени ме фаќа паника Јас сум 31 недела, тоа 8ми месец ли е или последна недела од 7ми? Петок на трет скрининг, одвај чекам. Да си се пожалам само. Киселини ме утепаа последниве 3 дена. Ништо не можам да јадам Гастрогард ќе излижам и ми поминува па после некој саат пак ме фаќаат. Мислам дека да хухнам оган ќе исфрлам @Milkiway беше за ранец? Утре ќе одам во Андреј компани да разгледам што имаат. Повеќе некако сум за ташна класична, не сум баш 'ранец тип'. Денес бев во Сити мол и искрено 3500 денари а не ми беа нешто посебно, плус тие поубавите (стварно и убав материјал и внатре убаво организизирани) не се закачуваат на количка. Сакам да го средам и тоа веќе од поголемите работи уште тоа ми остана.
Јас ремедика во 33та почнав. Си знаат кога и зошто да те приклучат.еднаш неделно за сега И во 33та ми земаа крв за тие хепатити и капар си оставив за припрема пред порајѓај и брисеви ми земаа . Така да до нас е
И мене матичниот ми препорача цтг еднаш неделно, ама мислам дека пред да влезам во 9ти. Можеби од 34 35 почнав заради покрупен плод.
Епа тоа е безвеза - не трае 72 часа. Нема логика, но вака пред пораѓај трае 2 недели - со тестирање овој петок покриена сум за пораѓај до 02.10... колку и да не е логично, така е