За тоа и мене не да ми е нелогично него ајде... денес нека ме тестираат јас негативна ама додека се породам за 2 недели може и ке заболам и ке оздравам. Бог да чува. Логика ми нема... Ама за 4000ки ке биде валиден
девојки пишав и во друга тема ама не е толку активна , да си прашам и тука вчера сабајле правени дидимери во приватна лабараторија и резултат 5336.6, вчера ме боцнаа клексани два и сабајлево на трансфузиологија ми земаа крв пак е сега резултатите од трансфузиологија стигнаа во 2 саат денес и тука дидимерите паднати на 1260 , се друго во ред , рече гинекологот само уште 4 дена ќе боцкаме по еден клексан и толку и сега незнам дали да правам во некоја трета лабараторија пак , дали може од една доза клексани толку да паднат дидимерите , дали приватнава лабараторија згрешиле нешто , зашто ја веќе ќе почнам да полудувам
Мислам зависи кој ке ти де погоди на смена ќе ти го види и ќе ти каже следно кога да идеш може да ти каже и кога е он, е ако сакаш одреден доктор најдобро да прашаш ако ти дадат телефонски инфо кога е на смена за да појдеш тоа време
Честитки со лесно бременоста. Дали ќе сакаш да ми кажеш каде беше на преглед бидејќи мојата матична е упорна дека пред 7 полни недели не се гледа ништо и не ми закажува преглед. Инаку сум 5та недела
Ако гледа на грав твојата матична тогаш тешко дека ке види. Првата бременост на 5+5 срце слушнав во ремедика. Матичниве се направени лажови. Само да дремат и не работат
Од една фоза, се сомневам дека може толку да паднат. Мислам дека за димери на државно ти е најсигурно да си проверуваш. Повтори уште еднаш на државно.
до 12та недела смееш. Јас заради резистентност на инсулин пиев и го прекинав во10та или 11та недела по препорака на доктор. Види ти за твојата состојба без метформин дали треба некоја друга терапија.
Не бев уште планирав петок/саб баш пиши дали имаат избор. И ја се мислев ама ташна кога ќе ае наполни на едно рамо некако ќе тежи а ранче на грб и ајт. Да можам и ја и мм да ги користиме Ама види што повеќе ти одговара тоа најдобро. Во бебе хоум исто имаа супер ранче и ташни ама што викаш 3500 не ми се даваат се занеле
Попрактично ке ви е ташна што се закачува на количка. Или ранец. Ташна на едно рамо и да возите количка е понезгодно, јас не можам така. Скоро сите колички имаат корпа доле ама на рачки закачена е идеална. Да вадиш ранец од рамо на секое не е толку практично. Јас имам со количката ташна и супер е.
фала на одговорот и јас се сомневам дека нема шанси да паднале толку и за толку кратко време, ама за краток период ме нападнаа со дијагнози со вакви муабети , онакви муабети и веќе незнам ни што да мислам ни што да правам
Малтретирање е, ама во краен случај провери на државно и приватно (друга лабораторија не истата) во ист ден.
Да да тоа за закачување обавезно горе доле сите имаат таков додаток Штета што со мојата количка не одеше никаква торба
Мешиња, не знам во која тема пишувавте за ранци, барав тротинет случајно го видов ова во пики,најефтино од сите
Да да. Во Ремедика е така.. иако нема логика. Баш ме интересираше во Систина како е, ама ете ми кажа.. башка таму имаат брзи тестови, во Ремедика не, па не може да обезбедат брз резултат за кога не е закажан термин. Не оправдувам, напротив, само ‘гласно’ размислувам
Инаку во ремедика кога ќе отидеш нели веќе за пораѓај прават и од тој брзиот преку крв што дава резултат за 40м и ти кажуваат пример негативна си. Но секако мора да го имаш брисот. Веројатно за тоа оставаат време траење 2нед... по некоја логика Ау стварно поевтино од ова нема фала ти еве и @Lovebug01 да ја тагнам да види