Гомцево мое лудува вчера и сабајлево. Ич го немаше, вчера поручек, вечерта и сабајлево,потреси на салцето на стомак ми прави се зезав дека од сармата што јадев вчера, дете стана хиперактивно. Сите кока кола, чоколадо за да ги активираат бебињата, јас од сеа сарма ќе јадам.
Кај најде сарма во септември? прати некој лист. Јас жонглирам помеѓу многу благо и кисело. Грозјето во двор го обрав. Бебе најраздвижено од 6 до 9. Научил и папочна да ја трга. Како со ѕвонче батлер си повикува за доручек.
Нормално ли е да е по цели денови активно бебето дури и до доцна навечер јас си легнувам она уште се превртува во стомак. 38 недела без еден ден сум, викаат при крај се смирувале ама моево некако супер му е внатре
У Тинех Имаат големи тегли со ролнички зелка. Купив прво да пробам дали ја бива па направив подварок прошла недела. Татко ми и за сарма се запна иако не ја биваше за подварок, баш баш...се осеќаш тоа киселината неубава не ко зелка од буре. Зар и тоа се осеќа? Кога ја влечат папочната))))))))))
@zhap4e па да заприметив. На заден зид ми е постелката. А свртено ми е према стомак. Мислам дека ја има околу раче си ја држи. На сите еха до сега му беше пред лице. Како да вибрира кога ќе ја потегне ама во грб. Онака баш едно по друго на сец ќе потегне. Не е да се тегне или да клоца друго е чуството што знам. И само на сабајле го има.
вчера добив вагинален преглед кој воопшто не болеше и после тоа кафеав исцедок кој претпоставувам дека е нормален؛ Но денес како мрсул (извинете на израз) со засирена крв؛ Мозно е да е чепот?
Жени ај помагајте Пишав во понеделникот дека имав кафеав исцедок отидов на матичен се е ок бебуш супер цервикс околу 4 см затворен постелката до 16 нед ми беше пониско кога бев на преглед се имаше кренато во 24 нед примив во понеделникот прогестерно депо за секој случај Е сега секој ден од понеделникот насабајле и само насабајле кога ке станам имам кафеав исцедок значи навечер или рано сабајле кога станувам за во вц нема ништо кај 9 кога станувам официјално само тогаш имам исцедок после тоа во текот на денот се е чистоо Стварно почнувам да се плашам незнам што да мислам повеќе И се јавив на матичната ми вика со терапија си покриена се друго проверивме се е во ред ама јас се плашам инаку пијам и дабростон сега 3 x1 Ваше мислење за ова моево секој совет е добредојден
Како што разбрав денес ти е 4ти ден со кафен исцедок. Покриена си со терапија. Кафено означува стара крв, и таа мора да се исчисти. Те виделе на ехо, не се грижи. Јас имав и по цели 2-3-4 недели кафен исцедок, но покриена бев со терапија и друго ништо не ми даваа.
Да денес е 4 ден со исцедок ама не можам да се начудам зошто имам само насабајле а после се е ок до другото сабајле Фала ти ме смири малку ❤
И јас вчера бев на прво цтг 36+3 Пред тоа и на ехо ме виде рече дека се е во ред, на цтг бебе се размрда почна да свири дојде сестрата рече дека е нормално, малку беше повеќе размрдано. Ќе одам за 1 недела пак па тогаш ќе ми кажат кога ќе правам тест за ковид. Се надевам ќе стасам до октомври
Миј ја зелката пред да ја моташ.Ние купуваме македонска и уште кога ја вадам од теглата ме печат раците и ми е сумлива киселината.Па затоа ја мијам и не се осеќа толку ама не е како домашна .Тука едни тврди се зелките лани ставивме неколку не успеаја да се скиселат до трети лист Денес ве запнав со Алишен за јадењетоСвекрвиште Овие денови почнав беПко почесто да го чуствувам и неколку пати во ден Нежно и мило, па го галам и му зборамОф природата како направила се совршено,од точка излегува најубавото нешто на цел свет
Ај искуства од тие што имате болка во срамна коска Во првата бременост ја немав воопшто, сега ја имам од многу рано, но веќе сум 31+ гестациска недела и бебе тежи (1 недела е понапред со мерките) и малку паника ме фаќа. 3 дена пешачам отповеќе и денес не можам да мрднам. Најмногу додека станам и се раздвижам, дури наведната одам Цервикс пред 2 недели ми мереа ама одговорот беше дека е ок како за второротка Има ли место за паника или нормално е?
Нормално. И во прва бременост и сега ме боли и дури кај мене нешто крцка кога се вртам (читај едвај) во кревет. Пиј магнезиум, јас 3x1 пијам, ќе ублажи малку.
Минатата недела 2-3 дена по 2 пати во ден ги симнував и качував скалите до 4ти спрат. Исто имав болки како тебе. Со лежење ми се смирија. Нормално било, ми кажаа. Забележувам ако се оптеретам со движење веднаш ми се појавува вака.