Фала ви, златни сте како и секогаш Дека и многу ниско го осеќам ова бебе, затоа почнав да се плашам да не побрза Па и супер бев со брисеви и крвна слика до сега и сега гледам седимент на урина 8-10 Le
Мене ме искина а 27+2 сум, бев на контрола цервик е ок ама имало некој две коски таму доле што се ширеле и од тоа болело. Неможам да мрднам, бебко за една недела понапредно, тежи плус ниско го носам, нема спас освен калциум да земеш
Со лесно девојче Дури сега те читам дека пак си бремена. Се сеќавам во исто време бевме трудни у темава 2018та.
Фала ти многу Јас дури сега пишувам, инаку само скришно си читкав Демек сега поискусна, ама различни ми се болкиве. Тогаш кичма и граден кош ме убија, сега ништо од тоа, ама како расштрафена меѓу нозе
Бев на цтг и преглед, беба 3кг,докторка вика големо. Следна недела преглед вагинален ми кажа, не знам дали е фамозниот со рака или со спеклум. Јас викам е што ќе видите де, мора ли царски ќе закажуваме следнава недела освен ако не пукне водењак. И викам на докторкава ама некако неќам да раѓам, ме гледа чудо дека лупам глупости, а мене страв срцево грашак.
Што им е на докторите со тоа дека бебето е големо? Па ако родителите се големи или макар еден од нив е голем, какво да биде бебето? Проблем е скриен шеќер (кој ако е контролиран не е страшен), ама ако бебето си е големо, што да прави трудницата, да го спречи да расне некако? Не може сите бебиња да бидат 3 кг. Некои ке се 2 и пол, некои 4 и пол. И едните и другите ке се здрави.
Кој читам тука некогаш ме фаќа паника, после си викам тука идам кај 2 доктори и сите викаат дека се си е супер нема простор за паника. Според мерењата и моето е големко бебе, ама кога ќе размислам јас сум се родила 4,5
Трудници, ми се смачи веќе... Сакам кафенце едно така големко да си испијам, ама не можам ми се гади. Ми се јаде се...а не можам Па гладна и жедна сум бе луѓе До кога вака? Само ја гледам темата за кафе и за јадење, па не е хумано.
Јас во втор тринестар се просветлив и кафенце си пиев и си јадев све, сега во трет при крај пак ништо ни кафе ни храна не сум каснала нормално од киселини...
Сега во недела и јас сум на вагинален, претпоставувам да, со рака е ваљда кога веќе ди отворена па да проверат колку. Нека каже некој што знае да си бидан и јас психички спремна
Со рака, се напипува мекост и еластичност на грло на матка, колку прсти/см има отвореност. А за 3 кг, јас пред некој ден на 37+1 беше бебето 3150, не ми рекоа дека е големо, рекоа во ред е, и дека изгледа ќе си чека до термин, освен ако не пукне водењак па да се убрза работата
Која недела си? Ја дури при крај на 15та недела ми ги снема мачнините и почнав да јадам се и кафенце на раат да си пијам сега веке само кога ќе се прејадам ми се повраќа и ми е мака
Со рака е (поточно со два прста) мене денес ми беше трет таков преглед и премногу ме боли. Се чудам тие што пишуваат дека не ги боли ама мора да се издржи
Не беше и ти кај Гордана? Кратко ли трае? Леле уште 3 пати јас и викам ај што ќе гледаш сега на крај, дај сала да закажеме. Ич не трпам болка.
Деновиве како на маратон сум, ме нема тука ама пред спиење ве читам Конечно при крај сум со купување за бебе, уште торбица за количката и козметика ми остана. @Milkiway ако одиш во Андреј компани само за ранците, не вреди. Ич не ме бендисаа некако мн мушамски ми беше материјалот. На Chippolino се и не се истите од Локо Кроко (таму поубави беа ама пак не сум сигурна дали се закачуваа на количка), а цените им се слични. Инаку има убави работи за новороденче од облека, постелнини, ќебиња, кадички и мн др работи. Козметика планирам Веледа, што точно ќе ми треба за почеток? За болките во кичма и долу во нозе,колкови и препони, до пред недела две некако поизразени ми беа, до толку ме болеше што морав да седнам кога многу пешачев. Последниве 2 недели не толку многу, освен ако стојам во место. @Tsukinory и јас осеќам како камбана одвреме навреме-значи тоа е од папочната ја фаќа се чудев како и зошто го растресува стомаков на таков начин а не е клоца или движење. Почна помалку да ика последниве денови, веќе не е секојдневно. И покрај се, си остана нежничка како пеперутче
12+5 веќе...едвај чекам да помине. А имам една другарка до 9ти повраќаше нон стоп,само да не ми се погоди така