Барај доктор. Дали си под терапија? Ако не си сигурно ќе ти дадат може и инекција че треба да примиш. Знам дека кафеаво е Ок ама розева може да асоцира на свежо крварење ...
Не сум со терапија, чудно ми е не е јако розево, едвај се приметува. Имам број од докторот ако треба ке го барам и ке одиме. Ке почекам саат време. Фала за одговорот
Девојчиња, дали имате информации дали престануваат мерките за бременост? Ми се јавија од работа, наводно се подразбирало, а јас во ниедна од последните одлуки тоа не го прочитав..
Of lele imalo i nekoj drug kako mene i mene pocnaa kiselini bas sega na krajot a mi vikat da jadam i poveke od sto mi se jadi a jas ne mozam
Ај ќе пишам и тука пошо поактивна ми е групава. Купив Авент стаклено шишенце за почеток, намалено беше во ДМ и ајде реков за почеток нека биде такво, па ќе видиме понатаму како ќе биде може ќе го земам и тоа на Томи Типи со цевчето антиколик. Тоа го планирав ама ајде реков едно стаклено нека има. Е сега, ако треба да купам рачна пумпа, дали има само пумпа да се продава без шишенце? Досега мислам се што видов беше пумпа со шише комплет. И друго, од Веледа за новороденче ќе ми треба само купка за бањање и крема за пеленска регија или и лосион/крема за лице/тело?
Сите пумпи се со шише. Некои мајки не купуваат шише класично, а се молзат, па мора пумпата да има шише. Или јас давав од шише авент а пумпа медела имам. Можеш да комплетираш и авент пумпа па две шишиња да имаш.
Значи нема врска пумпата со шишето нели? Може на пример томи типи пумпа да се користи за авент шишенце ? Малку како од на Марс сум падната за овие работи и може глупости прашувам ама во аптека еднаш кога прашував аптекарката беше многу млада и поима немаше за тие работи очигледно...И мора ли да се има пумпа, дали е неопходно?
Не, баш не може. Намернл ги прават различни да не одговараат. Јас молзев со медела пумпа па пресипував во авент шише. Чико и авент имаат ист отвор. Пумпа дали мора да се има? Па би кажала дека е потребна. Кај некои мајки за поттикнување на лактација, кај други за измолзување на вишок. Јас мислев дека не ми треба во болница, ама подоцна сфатив дека многу полесно би се чувствувала да сум се одмолзувала.
За почеток доволна ти е само купката од која се става ептен малце во кадичката со оглед на тоа дека ќе ги капиме секоја вечер (барем јас така планирам) како превенција од сушење на кожата би ставила од купката колку едно зрно грашок. За пеленска регија ако имаш потреба ќе земиш накнадно. Испитај каква би зела за да не избереш тогаш во гужвата било која. Јас деновове ќе земам Јекодерм маст првите 10 - 20 дена само со тоа ќе мачкам после капење. Инаку пешачев денеска и мислам дека многу ми дојде не можам да се поместам сега. А и дуваше ветар си велам нема грлово да почни да ме боли. Ептен сум осетлива станата.
@Lovebug01 @firequeenn Јас од прв ден го бањам со веледа и го мачкам со крема веледа. Потоа почнав да користам лосион.
@Lovebug01 јас на почеток не пламирам да купувам пумпа оти реално не знам колку ќе ја искористам а тие поквалитетните не се ефтини. На почеток ќе ја земам од сестра ми за во болница и за првата недела дома да видам како ќе фатиме ред, дали ќе ми треба или не. Додека воспоставам лактација е покомплицирано после дај боже да си цица убаво одма со кеф ќе купам. Побрзо би купила силиконски брадавици од страв да не ми ги разрани брадавиците уште од одма неискусни јас во доење а тој во влечење. Зедов маст за брадавици и ќе мачкам со тоа. Велат се разранувале од неправилно влечење од страна на бебето и од позицијата на доење а како е точно не знам.
Милички, дали уште на некој му пораснало стапалото во бременост? 39 бр носев, сега купив патики 40.5 бр, денес прв пат ги облеков и веќе ме болат прстите Не ми отекуваат, се што имав 39 мало ми е Летото го поминав во едни светкави рамни сандали, само тие ми одговараат Ако не на маж ми да почнам да ги носам
Мене. Пред првата бременост носев 37,сега 38. Се издолжува стапалото во бременост. Не кај сите, ама ете кај мене да. Сега сум уште на сандали и папучи, ќе видиме од есен дали пак сменив број