Исто! Не ми се веруваше.. од 39 на 40,5 или 41... се надевам ќе се вратат во нормала иначе цел плакар ќе треба да избацам од употреба
Јас носам 37/38...сегс не ми се фаќат,не ми се отечени стапалата,ама ете почнав 39..па до кога ќе видиме
Не знам дали на некој му се вратило стапалото во нормала, мене не. 10 години поминаа од првото породување, јас си останав на 38. Се што имав број 37 фрлив или подарив
И мене ми пораснаа за еден број стапалава. Сега 40 дојдов, копита затоа ништо од чевли не купувам дур не се породам да видам на што сум. Со прва бременост купив преку 10 пара, ене ги си седат уште во кутии, мали ми се.
Посебна за пеленска регија имаш на веледа земи си ибодбери си витаминска помрсна имај си дома. Не знаеш каква ќе му е кожата и што ќе ти треба И ја не сум паметна што да правам. Во бебе кога ќе прашаш не ти треба пумпа пред време а пд друга страна секоја една што дои има дома. Дај просветли ме ќе земаш или ќе чекаш
Јас имам од алиекспрес пумпа со две шишенца, но тие немаат цуцли,само за одмолзување служат. Млекото го префрлав во авент шишенце, во нив чував ако во меѓувреме не е испиено тоа од авентот зошто не се мешаат две одмолзени млека на различна тт
@Lovebug01 ипак бев до андреј компани. Мене вака не ми се лоши тие шушкавите ранчиња. Фино изгледаа. Само не го ни пробав, се на брзина, во врат ми дишеше продавачката. Маската под нос, на каса без маски..2 пати и кажав "те молам помести ја или ќе те викнеме, те молам биди на 2м"...џабе ко на ѕид да збориш. а искрено и други работи ќе купев ама излеговме. Да си се пожалам на андреј компани Така да одам денес во локо кроко
Ова со чевлите што кажувате... Машкиов за роденден ми купи многу убави Конверс патики. Вчера ги облеков после долго време, ме стегаа кај прстите на левата нога. Си викам "отоци" и сега кога отворив и ве прочитав...
Ова за стапалата баш ми е чудно што ве читам, јас бар до сега немам проблем со тоа ниту со отоци, се што ми е од претходно и патики, влечки, сандали се ми е точно, ниту ме стега, ни па ми се смалени. Уште малце имам до крај, дај Боже вака и да ми останат нормални стапалата.
Мене доле кај зглобовите само ми отекуваа. Ама како што залади овие 2 3 дена ни оток ни ништо. И ја се надевам нема да имам до крај дека ќе истерам
Јас не отекував, освен во лето кога бев 5,6 месец, ама ногата ми порасна и ми се прошири за број. Сега гледам пак ми се како претходно, среќа. Еден куп чевли ќе требаше збогум да им кажам.
Незнам колку време можеш да чекаш.Јас имам преубав ранец квалитетен и со одлична големина нарачан он лине од www.patpat.com
Најмногу 3 недели Мојот е нарачан пред 2 години,душата му ја извадив и уште е како нов https://us-m.patpat.com/category/Home-Baby-Gear/Maternity-Products/Diaper-Bags.html?sort=8
Идни мамички не знам зошто планирате да ставате креми на пеленска регија без потреба? Бришете интима со што помалку хемикалии и после со сув бришалка или крпа и облекувате пелена.Кремите за пеленска регија се користат при црвенило во пеленска регија. За купки и лосиони ќе си траам оти ќе се смеете како нас овде не учат што не е прифатливо во Мк. За стапалото мене ми беше пред првата бременост 37 ама после тоа носам 38.Многу лесни величини имав 38 горен дел, 38 долен дел и обувки 38
Мене ме интересира што ве учат таму. Јас гледав внук ми кога се роди, после секое менување на пелена го мачкаа за да не се појави црвенило. Тука никој ништо не ми рекол нит ме подучил.