Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. tekitiki123

    tekitiki123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас да ти кажам лошо не лошо после тоа си јадам... сега баш на крајов како ми се отвори апетит страшно нешто. Уште малце после се надевам исчезнуваат киселиниве.
    Како нарачувате од патпат, пробав многу псти за плаќањето не можам да се снајдам ми вика дека не може достава до мк...
     
  2. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Со првото немав пумпа, ниту ми затреба. Сега исто, не ми ни падна на памет пумпа да земам. А гледам скоро сите ја имаат. :?:
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Па бебето не се бања додека не му падне папчето:$ Кога ќе почне со бањање во кадичката не се става ништо или само мајчино млеко се бриши и после се облекува .Колку што може поприродно и без хемикалии.
    Влажни при бришење никако само вода со тупфери и обавезно со сув бришач.

    Еве кажав:x


    Јас почитував за првото , нема поубав мирис за мене од нејзиниот природен мирис:inlove:
     
    На Broki5, Macika222, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Како да не се бања? Па не е убаво тоа по мене... тоа значи 2 недели не ги бањате?
    Бањањето не е само хигиена туку и опушта создава рутина, релаксира самата вода. :wasntme:Замислувам во сред лето 50ст да не бањаш бебе ми е чудно.
    Ама ете секаде се учат различно.
    Тука знаеш и самата, уште во болница го бањаат и да педијатрите викаат не треба секој ден ама преку 1 ден да се бања.
    Во однос на хемикалии ако имаш можност користиш органска. За млекото баба ми кажуваше така бањале пред 50г. :D
    Стварно скроз различно...ти Ит живееш или грешам?
     
    На MilaSs12, zhap4e и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    9.419
    Пол:
    Женски
    Не знам каде си, ама и реално па за бебе не треба да се претерува со купки и хемикалии, имам гледано видеа за бањање на бебе и претежно само со крпче намокрено го пребришуваат, не е како кај нас тука.
    Јас за бањање од почеток планирам да си земам сапунче бекутан и со тоа да го бањам, за мачкање павлиќева маст, ништо друго.
     
    На Macika222 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  6. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.297
    Пол:
    Женски
    Не ми кажаа ништо, некако не ни прашав што ако е позитивен, не очекувам да е :) али да, не примаат во Ремедика со позитивен резултат
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  7. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    Јас го бришам со туфери потопени во вода или ако е зацрвенет во камилица чајче. После со суви крпчиња памучни го пребришувам. Не користам влажни, одма се зацрвене и ова и поголемото дете. Со поголемото сега може да го избришам со влажни, ама после обавезно со воден туфер и суво крпче. Нежни сме ние фамилијарно тенкокожци...
     
    На zhap4e, azelea, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Јас имам приметено дека тука(Шведска, а можеби и Скандинавија воопшто) бебињата не се бањаат секој ден до 40 дена како кај нас. Мајка ми ќе доаѓала, ќе го бањала, како тоа, глупости биле... Па морав да се расправам. Инаку и мене ми е кажано со такви марамчиња за една употреба да бришам по потреба. За хемикалии се внимава многу бебешките продукти да се што поприродни, како за бебешката кожа, така и за околината да не ја загадуваат. Уште не сум примила комплетни совети за негување на бебињата, ради коронава немаше курсеви, можеби ќе има понатаму.
     
    На zhap4e, Biljarkata, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Женски
    Во Локо Кроко ќе ти се бендисаат повеќе :) јас од таму ќе земам ама чекам да ми стигне количката веќе цел месец, наредна недела ќе стигнела па ќе земам за да ја ускладам бојата.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Во Германија сум.Да го забришуваш само.Ококу 7-8 дена не беше бањато моето дете.Кослето и светеше како денес бањато.Мм ми коментираше една недела не е бањато , а убаво мириса.После ја бањавме 2-3 пати неделно. Бебето беше летно.

    Затоа реков да не кажам за кај нас е тешко прифатливо, за моите исто . Како па мене двапати мајка ми ме бањала и така.Преживеав:whew:

    За влажните многу зацрвенуваат газе и се прави поголем проблем. Братучетка ми користеше и бебечето доби рана на газето од влажните.На педијатар одма и рекоа никако веќе да не користи или да ги мие убаво под вода.

    Сега си викам пак да одам на тие предпородилните часови за да си повторам што како беше да не утнам нешто:lol:
     
    На Broki5, Kitten, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Пак ќе кажам се зависи од бебе. Внук ми од прв ден е со влажни и павловичева и бањат секој ден зимно дете. Ниту еднаш немаше никаков осип ниту проблем со кожата. Еве го 5г направи. Ама се зависи од бебето какво е. Не можам да кажам да ќе користам и јас влажни затоа што за внук ми користеле и обратно.
    Тоа што ти важело за првото може нема за второ бебе да важи.
    Штета што кај нас нема такви часови ради коронава... Едино телма амбуланта слушаме на ју туб со мм и учиме :D
     
    На Macika222, MilaSs12, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 во Холандија имам пријателка исто, на 2-3 дена ги бањаат и во водата неколку капки мајчино млеко ставаат. Мајчиното млеко се препорачува и за возрасни со псоријаза/егзема заради природните антитела што ги содржи. Јас за Веледа се одлучив како најприродна органска козметика за почеток од сите на пазаров. Не знам ништо што треба да се користи, а сега за жал заради коронава немаме подготвителни часови. За понатаму ќе видиме што ќе треба, ќе си покаже самото бебе каква кожа има и каква козметика ќе му одговара. Планирам да го бањам секој втор ден зашто читав дека секојдневното и често бањање на новороденче ги уништува оние 'добрите' бактерии на кожата кои и се потребни за зајакнување. И да, што помалку козметика за почеток исто читав. Па со тек на време како му се менува кожа, така ќе користам. За тупферите исто знам и такви ќе земам од дм што се сувите за со вода.

    За пумпата @Milkiway моите од дома (сестра ми, јатрва ми) немаа и не им затреба, па ме тераат да не земам за џабе. Другарките што имаат дечиња ми велат спас е пумпата земи си обавезно да не трчаш тогаш кога ќе ти притреба. И ај, кого да слушам? Не сум паметна ни јас. Разбирам, секоја мајка и секое бебе си се приказна сами за себе и секој има различно искуство за доење, шишенца, цуцли, растење, ама не се малку пари 3000 ден за пумпа реално. Една продавачка ми рече не слушај никого остај инстинктите сами да те водат. А што ако бебе упорно вришти и плаче, не може да фати убаво да цица, лактација недоволно воспоставена на почеток, што ќе правам? Не би сакала да давам формули само за да се смирува, се додека не ги испробам сите начини да се храни од моето млеко. Дај боже да не ни притреба ич, ама не сакам да дојдам во таква ситуација да ми треба во моментот а да немам.
     
    На MilaSs12, zhap4e, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Јас ќе правам по советите на @Ava.84 зошто сметам дека држат вода, и научно и секаде што читав.
    Спремна сум за таков начин, иако купив веќе мустела, пред да го дознаам ова, ќе почнам по 6от месец да ја користам.
    Со педијатри со кои комуницирав, ми одобрија, а тие во Германија кои ми се колешки вака правеа со своите деца, и ги советуваат пациентите.
    Кое релаксирање на бебе од 3 дена во вода, кога се бања само 1 мин и се полива со вода?:D
    Еве да не е само @Ava.84, ставете ме и мене во линчот;) :D
     
    На Broki5, Kitten, MilaSs12 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Зборам за рутината бањање-спиење. Може не релакс ама освежување на телото. Полесно заспивање.
    не реков дека сум во право само така размислувам. Немам искуство ниту пак се разбирам.
    Ако мене од болница педијатар ми каже не го бањај и јас би постапила така како вас и обратно.
    За мене е тоа чудно исто како што на германецот му е нашето чудно. Ама далеку од тоа дека тие доктори не се во право или дека некој ќе ве линчува. Тоа е апсолутно ваш избор, ама верувам дека и нашите си имаат некаква основа за своите студии...:x
     
    На MilaSs12, zhap4e, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    34.134
    Пол:
    Женски
    Не го сметам за линч едноставно таква ни е традицијата, а и самиот Сајковски советува секојденвно бањање .Еве и јас да сум во Мк, да ми кажал докторот секој ден ќе си го бањав, нели он знае повеќе па нема да слушам "некоја"од форум што не го бања.Бљак одвратно и грдо:DЗатоа реков не сакам да кажам зошто ја знам од порано реакцијата:D

    @Lovebug01 точно со секојдневното бањање се мијат добрите бактерии.

    Зошто викаат после папчето да се бања? Бидејќи бебето во утробата на мајката е во вода ,а кожата му е покриена со обвивка која го штити од водата.Белата обвивка ако сте ја виделе кај некои бебиња при раѓањето.Како урда по кожата.Таа обвивка значи дека требало бебето уште некоја недела да седи внатре.Па со не бањањето се дозволува оваа обвивка да се впие во кожата со тоа му се подобрува отпорноста на кожата и се намалува ризикот од алергии и егземи.

    Ова јас го учев пред 4 години на часовите.Може нешто денес е изменето не ме фаќајте здраво за готово;):rofl:
     
    На Broki5, Kitten, Ognena* и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Ок си е и вашето, јас не осудувам.
    Секој за себе си одговара и за своето бебенце.
    Не е работата во небањањето, туку само во подруг начин на одржување хигиена.
    Незнам дали се разбираме.
    Бебето ќе се пребришува со влажна па сува крпа или тупфер.
    По паѓањето на папчето би се бањало не секој ден, туку 3 пати неделно, без средства за бањање и мачкање на телото.
    Не барам оправдување, само не сакам осуди.
    Кој како си решил, така нека прави.
     
    На Broki5, K7M10J, MilaSs12 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Тука веќе никој не препорачува секојдневно бањање на бебе.
    Јас само на пребришување не оставам. Низ проточна вода ја промивам и газе, вратче, дунде мијам 2 пати неделно. Ко ќе падне пупе, може 3 да зголемам.

    Во право е @Milkiway дека ги опушта. Ко трупче спие по бањање бебе.
     
    На PurpleMind, zhap4e, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Точно јас не реков дека е грдо или нехигиенски..а дека ми е чудно и новитет да така е. Ама медицината секојдневно се менува секој ден има нови истражувања. Која сум јас да кажам дека не се во право докторите во германија.
    Никој не сме совршени зошто би се осудувале.
    Инаку @Ava.84 и мене др Софијанова ми е роднина. Она ми вика бањање на 2 3 дена и немој да го гланцаш станот да не ти е дома стаклено ѕвоно. И еве оди разбери се со околина... но пак кога не знаеме ќе слушаме како ќе ни кажат доктори. :wasntme:
     
    На Broki5, K7M10J, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.924
    Допаѓања:
    11.873
    Пол:
    Женски
    А ние треба ли да се бањаме ? :D
    Или ке си смрткаме?
     
    На MinnaAnne, zhap4e, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.515
    Допаѓања:
    191.383
    Мене ми е исто стапалото:emo:
    Не расте ногата, се спушта/издолжува стапалото ради зголемената тежина што ја носи. Кој имал рамни стапала и претходно, ќе си ги носи истите чевли:).
     
    На zhap4e, GolemaMala и Alishan30 им се допаѓа ова.