Најголем проблем е околината Мајка и свекрва стокмени се за секој ден да имаат обврски. Во тој момент "сите знаат се, и повеќе од мајката" за совети Најдобро, како ќе ви препорачаат на педијатар
Тоа го слушав и ја на телма амбуланта од ремедика педијатрите збореа промивање низ проточна вода. Особено за девојчиња било важно...конкретно наши пријатели бришеа со туфери и марамчиња и од газе навлегло гомцето во дундето. Се створила инфекција и доста лошо поминаа бебето им имаше 3 недели. Од тогаш на чешма после секоја пелена така и нас не советуваа да прајме.
Вие бањање ко ќе стигнете Миење газе на бебе после секое какање на чешма. Не ве учеа вака @Ava.84 ? Влажни ниедно пакување немам потрошено.
Пишав погоре што не учеа.Никаде не спомнаа вода до паѓањето на папчето. Секој си прави како мисли дека е во ред.Еве мене ми беше страв да го бањам па почитував една недела само ја бришев.
И мене ми беше страв да го бањам ама научив да го држам на чешма за миење газе уште во болница. Me научија де. Инаку има поента и тоа твоето подмивање со влажни тупфери, може да е корисно за мајки што немаат услови да носат бебе во купатило (ко ќе ми текне, во МК повеќето имаме мраз купатило) Спојлер: spojler
Колку што се сеќавам немав никаков проблем со нарачка.Си направив профил на страната си нарачав и ми пратија со достава до домашна адреса .Вака беше пред две години да не имаат измени од тогаш.Пиши им маил
Zdravo Kako se spravuvate so zdrvuvanje na nozete,grcenje. Obicno mi se slucuvase na spienje ama deneska celo vreme Zemam i magnezium i kalcium 25 gn sum
Никако. И мене ме фаќаат грчеви, обично на спиење. Пијам магнезиум. Ги забивам ноктите во листот од ногата да попушти побрзо.
Пробувај кога ќе те фати да ја истегнеш ногата прстите носи ги нагоре и ќе ти помине, мене во спиење по неколку пати ме фаќа така проаѓа
Ко ќе се сетам колку претаат како мали и колку се нежни ќе биде смешно. Јас ова видео го гледав...ама страв ми е што го гледам само ама сигурно ќе се отстрашам со бебето... @Lovebug01 веројатно вака ќе не учат на бањање на проточна чешма
Здраво.. Може некој да ми каже дали пиела некоја цефалексин 500 за бактерии во урина ми најдоа 2 + во резултати а јас сум 38ма недела..ми препиша докторката по 2 капсоли на 12 часа..
Па еве уште сега се расправам. Ме пукнаа со тие влажни и павловичеви. И викам абе како ќе каже докторот така и одма се увредија сега малку с епокајав што дозволив на "испомош" од прв ден да дојдат. Црево едно и над кадичката ќе кажеш на свеки држ цревото ќе и најдеш работа
@Milkiway истото видео го гледав. На мм му го покажав он се препоти од што гледаше, можам во живо да го замислам Свеки знаеш не е заинтересирана не коментира, ама на мајка ми кога и реков нема да го бањам секој ден ми фрли еден поглед као ' ти не си тачна' Одма околината повеќе знаат и од доктори и од мајки. А ќе и најдам некоја работа на свеки, оти она уствари се устручава да коментира и да прашува за да не испадне дека се меша, а не дека не е стварно заинтересирана. Веќе им кажав дека се ќе правиме како што ќе ми кажат педијатрите на болница и да се воздржат од коментари 'ние на времето вака не правевме' пошо нема потреба. Јас сега во мај нарачав првпат и нарачката не ми стигна
За газе лавабо е тамам, ама за бањање под туш. Брзински ко на видеото погоре. Ко ќе ве видат бабите како бањате уплав ќе фатат
@Milkiway јас им кажав, и болни легнаа од разочараност дека немале да бањаат 40 дена. Им реков слободно нека идат секој ден, ќе го гледаат, ќе го пресоблечат, ќе ми направат ручек, ќе го чуваме заедно. И малку омекнаа. Никој не им забрани да доаѓаат, само ако почнат да напнуваат со муабети, маж за 5 мин ќе ги развози со колата до дома
@Milkiway јас им кажав, и болни легнаа од разочараност дека немале да бањаат 40 дена. Им реков слободно нека идат секој ден, ќе го гледаат, ќе го пресоблечат, ќе ми направат ручек, ќе го чуваме заедно. И малку омекнаа. Никој не им забрани да доаѓаат, само ако почнат да напнуваат со муабети, маж за 5 мин ќе ги развози со колата до дома[/QUOTE] Хаха паметно си напрајла. Кај мене мм ќе си ја строи свеки веќе фала богу и он почна да збори а лошо е што мајка ми практично внук ми го исчува први 40д и МОРАЛА она да дојде ние нема да сме знаеле... и само се расправаме
За едно нешто се сложувам со бабами 90 годишна, сега вели педијатрите на се ве учат, станаа и лекари и нутруционисти и што не. Уште упатство да ви закачат на бебето кога ќе излезете од болница. Затоа сте вакви стегнати и анксиозни зошто ве оптеретуваат со све и свашта. Со две раце потпишувам ова. Ниту секое дете е исто ниту темпото на живот на секое семејство е исто да му кажеш бањај секој ден пред спиење или од сабајле. Првото го бањав секој втор ден не ради хигиена туку за да створам некоја рутина, па да може да сфаќа дека после бањање се јаде и се спие. Бебе не разликува ден и ноќ. До ден денес секоја вечер пред спиење се тушираме сите тројца по дома, по мене тоа е лична хигиена. За второво планирам исто, секој втор ден во када без адаптер, значи покриено со вода да го пробањам, а сум одмивала во мијалник после секоја голема нужда така и со ова. Мене ми одговарало бањање навечер и тоа покасно, зошто не сме се лишувале од гости, сестра ми до ден денес бања деца од сабајле, да не настинеле во сон бањати Извинете на долг пост, сакам да кажам не постои ништо погрешно, правете како вам ви чини. Се додека станув збор за бебе со здрава кожа без дијагноза нема зошто да се мислите како третирале во Германија или Италија. Вие си одредувате темпо, кога можеш бањаш кога си уморен и со други обврски боже мој.