Еве мајка ми, ќе дошла да го бања секој ден. На другарка мајка и' со истиот муабет, како така, кожата се прочистувала и требало стариот слој да се "одмие". Внук ми е така растен. Ако им преречеш, одма враќаат: ти знаеш, јас не знам, а две деца изгледв и ги пораснав. Јас сум за да си разменуваме искуства и мислења, а подоцна секоја мајка сама да си одлучи што е најдобро за нејзиното дете.
Така е, и јас сум за тоа. Секој е различен, па и бебињата, а и богами околината. Не секој може да одстапи од советите, и тоа е тоа. Битно е да се здрави и живи бебињата, и мајките и татковците среќни и задоволни
Се сложувам со @PurpleMind дека треба да се разменува искуства, ама на форумов гледам подобро. е некогаш да си ќутиш отколку да кажеш нешто. Не дека секој разменува искуства, има членки и ќе те навредат, ќе те направат немајка и слично. Не дека би допрело тоа до мене што ќе кажат некои непознати личности, ама не секоја личност е иста. Сега за сега немам искуство, затоа што бебче е на пат ама затоа читам искуства од други личности кои веќе се породиле и имам доста приметено дека некои не го пишуваат своето искуство туку кажуваат колку се најмајки они.
Затоа е најдобро и сам да размислиш што е добро. Имаше баш една членка во Бебе пишано дека престанала со павловичева мачкање кога се почна тема колку е штетна истата. Бебето и се исфрли, завршиле на лекар и од готово вересија си направила зошто тука се кажало дека е нешто штетно. Не знам која беше да ја тагнам. и ми дојде памет дека не се гледа секогаш слепо на работите. Не се слуша сечив совет макар и од мајка и од доктор.. Мора добро да се истражи. Не еден доктор него 5 да прашаш ако можеш.
Јасно ми е се тоа, ама има некои што толку многу сакаат да наметнат свое мислење што не размислуваат како пишуваат и што пишуваат. Читам различни искуства од сите, после дополнително пребарувам и истраќувам и на крај сама одлучувам.
Правеше ли уринокултура или само после нирмална рутинска проверка на мокрача ти дадоа антибиотик? И ја симав 2 плуса во бактерии, па на уринокултура ми излезе негативна на бактерии... да не ги пиеш без потреба затоа. Консултирај се со гинекологот сепак
Така е нема упатство на употреба ќе се крпиме. Абе мачкани со креми или не, бањати небањати ќе пораснат и вака и така.
Јас и ден денес го бањам синко секој ден. 14 месеци ке полни уште малку. Сметам дека бањањето е рутина, служи за опуштање и помирен сон. Го бањав преку еден ден само некои две недели кога беше ладно. Ама затоа што маж ми запна, да се прашував само јас, и тогаш секој ден. Не е логично да кажеш дека преку зима ке настине, кога е топло дома, плус ке бира ли ден кога да настине? Сега се влече по земја, се фаќа и пипка, при хранење се прави лом, сакам пред спиење да го избањам и чист да си заспие. @Ava.84 синко се роди без таа обвивка, ама го износив до крај. Ни успиен не беше, очите ги отвараше уште во болница. Мене ме интересира за кога кака бебето? Само со вода? Мене ми е незамисливо така да го оставам. Да не те разочарувам, ама бањана- не бањана, ке си смрткаш.
Дали маживе ги фаќа nesting? Мојов од сабајле прво во маркет, сега нешто зачистува средува без да му биде кажано
Маж ми го фати тоа чувство, мене не. Кога му кажав дека имам контракции, ама лажни, не сакаше да излезе од дома. На кафе не му се одеше, до мене да бил. На крај јас излегов на кафе со другарка. Кога имав контракции, он не можеше да спие. Кога ми протече водењакот, не знаеше како да отвори врата, а јас се сликав за последен пат со синко во стомак.
И ова со мм се дешава откако ми кажаа на лекар за контракции. Се буди навечер ме буди и ме прашува дали сум добро... не очекував дека него толку паника ќе го фати.
И маж ми исто правеше. Или ме будеше или ме гледаше додека спијам. Ке станев за во веце а он седи буден и ме гледа.
Ова е на нормална рутинска контрола, се имав еден плус, сега 2.. и по тоа ми ги препиша овие по 2 наутро и 2 навечер, мене ми изгледа многу и се плашам да ги пијам,, а не правев уринокултура.. ниту знам каде се оди за тоа, а веќе не одам кај матичната сега сум таму кај што ќе се пораѓам.. а што мислиш штетни се? имаш некое искуство со нив?
Мојот само туку пере коли, и полни резервоар, за тогаш да не застануваме, право да сме возеле во болница
Ова е смешно ако се пораѓаш во твојот град. Ама ако одиш во друг, тогаш е доста логично. Иако нема баш во кола да се породиш, нема потреба ни на бензинска да седите.
Женски 22+2 сум синоќа имав како благи менструални болки цела ноќ не сум спиена од паники. Се напив магнезиум се смири. Стомакот ми беше мек. Сабајлево се разработив низ дома цел викенд со гости ќе сме почнаа препони да ме кинат. Еве лежам цела во грч не мрдам. Докторот ми е на одмор незз дали да одам на дежурен од паники неможам да мислам. Некоја слично искуство ако имала?
Немам искуство со нив, во бременоста имам пиено дамо амоксиклав по прешорака на гинеколог поради вирус не побрзано до бактерија во урина. Уринокултура ја дправев до динлаб, а имаш и во авицена и биотек, цената им се движи од 350 до 400 денари максимум. Без разлика што си каде што ќе се пораѓаш јави и се на матичната и прашај ја дали прво да направиш уринокултура да не ги пиеш џабе ако не мораш, а препостабубам треба да се види и што бактерија е ако ја има веќе. Претпоставувам ти е од умор, но најубаво да се чуеш со лекар и да види. Јас мислам дека и тој период имав некои чудни болки поради растегнување и ширење на матка сепак бебето расте.
Ехххх да се воздржам од многу коментари да не ширам негативна енергија... не за жал не сите, а треба да ги фати некои...
No spa ми дадоа на дежурен, 3 дена, а ако пак имам болки/грчеви по потреба. И зголемена доза магнезиум.