Саат и 40мин имаме вожња до градот во кој ќе се пораѓам, до Битола, и тоа преку Плетвар. Не е малку и тоа е наместено, да е во правец за тргање од гаража, за да не се губи време во рикверци Смешно ми е, ама па човекот се возбудува, шо да му правам
Он не знае кој месец сум, не па у продавници да трча и да чисти Знае кога треба да се пораѓам, друго не. Тука е за галење на стомак навечер, за друго не. Ви љубоморам кога ве читам колку ви се “избезумени” мажите ради бременоста... не пишувам повеќе, оти плачката на носот ќе ми дојде. Ко да ме вара бе, а “само работи” 20/7 синоќа у 3 стана и замина да вози и еве уште не е вратен, не па да сум при крај и ми пука водењак... аууу хорор филмови!!
Ако те теши мојов сега во 9ти стана ваков. Претходно само се расправаше со мене за се и сешто ко него да му вријеа хормони не мене. Ја мислам сега се свести дека бебе иде и затоа
У првата бременост, вечерта коа ме фатија болки дремев до 2 по полноќ, он у 3 стана исто за да оди да работи.. Летно време се тоа време излегуваат од дома за да се вратат пред жештините. Среќа не задремав и го заварив дома, му кажав имам болки и одма за Скопје. Попладнето бев породена. Ако не беше дома.. среќа ќе сум закажан царски со второво
Ги фаќа Со мм стално се расправаме за колата, според мене не ја носи доволно често на перење и миење. Вчера иде дома, се пофали дека ја однел да ја средат И по дома потсредува, иако јас веќе средив се. Ја наполнив и торбата и чекаме.
Не ти треба пумпа пред време според мене ама знаеш во кој смисол, не знаеш каква ќе ти треба,дали електрична,дали рачна...на тоа мислам зависи каква потреба ќе имаш, да не купуваш дупло.
Читам за бањање сте се замуабетиле. Значи секаде е различно. Во 2 книги што читав од англиски педијатри се препорачува само бришење со мокра крпа со превриена и оладена вода додека да падне папочето. На youtube американците ги бањаат во мијалник во кујна додека тече вода. Во секој случај битно е да се одржува чисто и суво папочето додека да заздрави, останатото е лична желба. Јас купив мустела, планирам секој 2 ден или по потреба, влажни Виолета 99% вода па ќе видиме. Кај мене и мајка ми и свекрвата одат на работа, немаат одмор и се од друг град, така да и да сакам нема да го бањаат, ќе се снаоѓаме со маж ми
Ти кажав уште пред 3 дена, ако ти дале антибиотици треба да ги пиеш. Штетни не може да се, 38ма недела си, се избегнуваат во прв триместар. Поголема штета ќе си направиш што не ги пиеш. Tи ги дале уште пред 3-4 дена, а уште ги немаш почнато или ги почна? Бактеријата од уринарен тракт може да навлезе во вагинален канал, да стигне до бебето и да му наштети. Почни ги ако ги немаш почнато, докторот најдобро знае, штом ти ги дал значи треба да ги пиеш. Одсега ништо не може да му се случи на бебето од антибиотици, и кога ќе се родат бебињата ако имаат инфекција им даваат антибиотици, ништо страшно. Ти се секираш за антибиотиците, а уствари ако не ја третираш бактријата таа може да му наштети на бебето.
Прашувам бидејќи ме интересира, што во случај кога еве и мене ми појави два плуса па на уринокултура кога ме пратија да откријат што бактерија бев негативна на бактерии. Не е спорно дека антибиотиците не и можат ништо лошо сега и дека подобро да се лечи отколку да се остави така, но нели треба прво да ја прати на испитување за која бактерија се работи за да знае со што да ја третира? Исправете ме ако сум грешка.
Јас се водам по тоа дека ако доктор и ги препишал сигурно има добра причина. Нека побара второ мислење ако сака. Ама баш бидејќи е трудна, секој доктор би избегнал било каков лек ако може да се избегне. Ако и дал значи треба да ги зема. Јас не би ги избегнувала бидејќи е пред пораѓање, во прв триместар се избегнуваат ако може. А бактерија нетретирана не би оставала пред пораѓај.
Капење секој ден, непотребно е веќе и врапците знаат на гранка. За муабети од типот "јас три деца изгледав, чекај да ти кажам" не коментирам пошто ќе се изнервирам За "најмајки" има две крајности. Има жени што се фаќаат за некоја глупост, ко на пример дали да му го мачкаш газето со органска или не органска крема, го извртуваат муабетот така да ти се осеќаш ко најлоша мајка на светот. Ама Има и жени кои прават небезбедни работи за бебе и кога ќе прашаат и ти ќе им посочиш или ќе дадат небезбеден совет на друга, а ти ќе им посочиш, се ваѓаат на карта - не прави се "најмајка". Дали ќе го капите секој ден, дали ќе го храните со органска или не органска храна, мачкање газе со органска крема, алиштата да се од органски памук не е ич битно. И многу вакви слични. Ама Оставање новороденче да спие со перници околу него, давање вода уште на 2 месеци, ставање мед на цуцла се работи за кои што нема дискусија дека се небезбедни. И ако некој укаже на овие работи дека се небезбедни, не може одма хиперсензитивност - не осудувај, не прави се "најмајка". Не може на "не прави се најмајка" да се шлепаат сите. Мислам, на никого не го интересира кој што си прави дома. Ама кога се пишат јавно совети на форум, нормално е да очекуваш повратна реакција За мажи не коментирам такоџе Зошто ми е да ми се паничи, а сега како си, а сега како си, а сега, а сега Јас ќе одам да го извадам бебево, ти почекај овде во ходников Синкопи околу мене не ми требаат
Девојки здраво Ме примате ли? Шорт стори лонг... За првенчето се обидувавме 3 години, и бидна баш пред да почнеме со документи за инвитро. По природен пат бремена, 41 недела точно едвај со царски е породив. Од негова година дена се обидуваме за второ, по 3 месеци - бидна. Само да е се океј се молам. Ми каснеше три дена иако не се надевав, многу сакав да сум и еве двете цртки со не-сабајлечка мочка Во понеделник ќе правам преку крв за посигурно и така... Него, растечен нос имам не паметам смееше ли парацетамол? Како да се лекувам сега
Честитки мајка, слична приказна на мојата Само спреј за нос. Прво тромесечје си, органогенеза е, сега најмногу треба пазење со лекови. На некои цела бременост им е затнат носот.
Така испаѓа. Се бањав нон стоп и си смрткав ном стоп. Се тоа заради доењето и дезадоранс без алуминиум.
За дезодоранс пробајте Нивеа со 0% алуминиум. Мириса на чисто. Еве деновиве го тестирам, не смрдам како со синко. За разлика од рол-онот на Алверде со жалфија и не знам што, многу лоша миризба, бар во мојот случај.