Во високи концентрации може да предизвика невролошки, хематолошки и др несакани ефекти. Поминува планцента и може да штети на плодот. Иако преку кожа има незначителна системска апсорбција, ако се користи многу често (а повеќето трудници се потат интензивно) може да штети. Затоа подобро да се избегнува особено во бременост и доење, иако реално повеќе алуминиум ќе примиш ако испечеш нешто на фолија ама ај...и да погинеш колку може ќе се спасиш
Пробав неколку нивеа и неколку дав. Ефектот е ист. Можеби не кај сите, ама кај мене немаше ефект. Смрткав и со дезадоранс и без. Алуминиумот ги запушува порите и потта не се исфрла од организмот. Јас така знам.
Прв пат слушам до сега сите што ги знам обично користеле. Т.е. и прв пат слушам да постои део со 0% алуминиум...човек учи дури е жив
Фала само убавини да се враќаат Мајки дали некоја останала бремена и го доела првото дете? Мене паметов одма ми работи па да прашам. Дали треба да го одбијам или да почекам до 8 недела на контрола?
Јас. Кога го одбив малиот бев 12 недела чинам.. Од гинекологот имав зелено светло за доење, но јас му прекинав дека голем беше веќе 2.5 год
И јас не знаев дека постои дезодоранс без алуминиум и цела бременост си користам Рексона. Има и Рексона без алуминиум сега таков користам. Ич не ми ни текна на алуминиумот а претходно (пред бременост) па си користев обичен стик со кристали. Според мене тоа е најубаво против миризби од пот.
Жени што мислите за чување матични клетки? Дали некоја има зачувано и која е цената. На наредниот преглед секако ќе се распрашам. Споделете искуства
Со ова и многу други работи се замарав во претходната бременост, колку што се сеќавам ако не грешам се излачува при доење, а не чини тоа за бебето.
Прв пат слушам и јас за дезодоранс дека треба да користеме без алуминиум. Зошто ова гинекологот не ни го каже? Или мене мојата не ми го кажала. Утре ќе си земам тогаш таков, а баш денес си купив Дове со краставица, омилениот со години. Иначе за кој прашуваше за нос затнат, со недели ми е од кога дознав дека сум бремена, и нервите ми се искинаа од него. Некња вечерта сама бокс си удрив по нос од нервоза, веќе преку глава ми е дојдено. Само дувам нос, тече, кивам, тече, дувам и у круг си се вртиме. Џабе Аква Марис иначе, не помага, не ни купувам пак. И да прашам, само јас ли сум нервна? Се ме нервира, незнам на работа како издржувам дури.
Многу мал дел, небитна количина доаѓа до млекото. И таа количина што доаѓа е најмногу од храната, на пример житарици обични за доручек имаат многу повеќе. Од што имам читано за дезодорансиве, непотребно замарање според мене
Абе да ама знаеш кога ќе прочиташ такво нешто и после ти е шубе некако, па си викам ај додека сум дома ќе користам таков. Со синко кога тргнав на работа почнав обичен антиперспирант да си користам, не ќе смрткам на работа
Јас бев 40та недела кога одев на ЦТГ во Чаир. Крвна слика и мокрача резултати, гинекологот што ме следеше ги виде и рече дека имам уринарна инфекција, цистит. Истото ми кажа да пијам, 2x 1 капсула од 500мг за да се средело за до пораѓај. Си ја испив дозата, дополнително повеќе течности и немав никаков проблем..
И јас сакам да се распрашам за ова. Од Гинекаликс фирмата знам соработуваат со банка за чување матични клетки.
Јас, цената варира во зависност од дали сакаш само крв или и ткиво и на колку години. Има повеќе фирми, изборот е твој.
Јас направив договор со Bio Save. Чување на матични и ткиво од папочна врвца во период од 30 год. Близначка бременост 3500 евра.
А дали знаете каде се чуваат и за што не дај боже би можеле да се искористат? Баш се мислам што да правам
Јас доев. Ми рекоа може до 20та недела. И јас стварно до тогаш дека корона ова она. Тогаш му се погоди вториот роденден, во мај.Одма после роденденот се одбивавме. Супер бев, крвна слика, железо, се беше ок плус на режим со гестациски дијабет бев.