Чекај рано е, минимум 4 месеци треба да поминат после породување за рекласификација да направат. Ама вака како што се чувствувам, многу ми се јаде благо. И со поголемото вака ми беше кога се породив. Не сум си измерила чисто информативно да видам како се движи.
Сите викаат после некој месец проверка, само мене сакаат да ми мерат веднаш по пораѓај. Фали уште да ми дадат дијагноза и да се изнасекирам. Се надевам ќе ни се стабилизира на сите...
Додека бев во болница покачен ми беше ама мислам дека е нормално после пораѓај. Сепак е стрес за организмот. Ти кога се породи? Како прво не ни можеш одма да правиш, закрепнуваш после пораѓај, па и после бебето ако цица не ќе го носиш со тебе. Да почне со дохрана па после. Ќе го оставиш на некој. Три саати ќе треба да седиш таму.
Не сум уште породена, ама кажано ми е дека ќе ме тестираат одма после пораѓај. Уште тоа ми фали, да ме малтретираат со шеќерот.
Мајки со второ. 5 недела и некој ден сум, мислам дека е покасно зачнато али нема врска. Сакам да ве прашам дали ве голицкаше стомакот на почеток? Мене околу папок ептен, ептен ме голицка
Напорни се ендокринолозите. Мајку им Оггт тест, стварно нема смисла да ти прават одма по пораѓај. Да не мислеле крвна слика само, гликозен статус? И јас добивам желба за благо. Шеќерот е под контрола, се испоснило ваљда телото. Црно чоколадо јадев. Неколку коцки. Дланкиве почнаа се' почесто да ми се отечени и да трнат. Тупаница не можам да стегнам. Стапалава, чат-пат ми отекуваат и се' (патики, влечки, балетанки..) ми е тесно тогаш. Да се пофалам и на болки у кичма, чат-пат. 22ра недела,иха
Нормално е Жабче и мене грб ме боле некои менструални болки, опашката ме боли, г*зот ме болиЈас од вчера петти месец На почетокот по пораѓајот не ми испитуваат на мене крв само на бебето . Јас тој со гликозата тест го правев по 9 месеци немав време Туку мама @Alishan30 ако види да каже две работи на другачките: 1. Дали после толку бебенца видени , има ли поубаво од твоето? 2. Како е сега чуството од страна на мајка, се збркуваш ли да кажеш па тоа е нормално, не паничи
Морам да се надоврзам за тоа прв пат кога го видов син ми само си реков Лелее ама е убав а предходно само зборев како новороденчињата се вакви такви,ама моето најубаво излезе како за секоја мајка.
Не заплака првите 2 мин, дишеше, но не плачеше. Ќе станев од бокс за да помогнам. Среќа потоа се беше ок. И не, не реков ќе помине, срце ме здоболи и плачев по неа За држењето и другите работи се е исто како и со другите бебенца кои сум ги држела. Ама мирисот е посебен, нежната кожа исто. Нема поубаво од моето
Докторке мааа ова радосници се. Не плачела мочка низаедна. Сега ноќите нека не ги преплакува. Да си биде мирничка како што си беше во меше. Те гушкаме
Мајкии како изгледаат тие лажни контракции? Синојќа ме фатија болки во кичма и стомак ама ниту беа на интервали а и поминуваа при промена на позиција... Тие ли се? Денес сум на ЦТГ но да си прашам искуства
Тие се. И мене уште ме фаќаат баш менструални болки мислам секој момент дека ќе добијам баш така ее осеќам.
Колкумина останавме што сме при крај? Некако ми се исподрснаа сите што ми беа блиску со неделите. Јас сега се вратив од ултразвук, 38ма недела, малиов 3,700гр, 15%поголем од што требало, али 15% била границата, ако ја помине ќе го рачунаат за големо бебе. Тешко мене!
Јас полни 38 недели, денес почнувам 39та. Утре сум на ехо, ќе видиме колкаво е бебулето На 11.09 го измерија 3 кг, на 18.09 го измерија 3,3 кг.. можно ли е 300 грама за само 1 недела да качил? Како што се +- 500 гр мерките, ќе искочи дете спремно за во школо
Девојки ГАК дневна амбуланта ни на душмани не препорачувам. Прва на ред последна на преглед. 20 мин го чекам доктор со гол намачкан стомак на грб а специјализанти се натпреваруваат кој ќе стисне повеќе со сондата и пиши бриши во програмата. За на крај да дојде доктор пише сосема нешто четврто од ракав и ме прати со утнат извештај. Па мењав точно сат и пол стоење со патолошка бременост. Отидов кај матичната/преглед/совет/нова терапија и мирна душа. Само уште да не кренев притисок во меѓувреме.
Јас не стигнав да пишам од обврски низ дома. Кажав дека имав розевкаст исцедок и ми престана. Во неделата во 5 30 ме здоболи стомак и отидов во тоалет и... Крв на бришење. Право плодност заминавме, ме прегледаја, рекоја се е во ред со малото, имало веројатно мало крварење, ми дадоја да ставам утрогестан. Уште малку кафеавкасто пд време на време има на бришење и тоа е. Важно сме добри. Денес со нови сили продолжуваме понатаму